Connect with us

Македонија

АФЕРА ПАРАЗИТИ – Нови имиња на функционери со енормно високи плати НАД 3000 ЕВРА МЕСЕЧНО

Дел од аферата „Паразити“ е Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за Цивилно воздухопловство, кој зема плата од 203.000 денари месечно, односно 3.300 евра месечно. Тоа се 40.000 евра за една година. Додека народот има просечна плата од 470 евра, за Тунтев од СДСМ тоа се 3.300 евра, тврди ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавноста ниту го видела Тунтев по заминувањето од функцијата пратеник, ниту слушнала за неговата работа. Тунтев не е директор во Германија или во некоја друга развиена земја, тој е именуван функционер од владата во Македонија. Во Македонија, во којашто народот не може да се прехрани, а тој зема годишна плата од 40.000 евра. И за еден мандат ќе инкасира цели 160.000 евра“, коментира ВМРО-ДПМНЕ.

Дел од аферата Паразити е и директорот на ПУИК, Зоран Ѓорѓиев, со месечна плата од 105.000 денари. Истиот за една година наплаќа 1.260.000 денари, односно 21.000 евра.

Никола Љушев, како дел од УО на Телеком, зема месечна плата од 713.000 денари, односно 11.500 евра. За една година тоа се 139.000 евра, а за еден мандат од 4 години 560.000 евра.

Љупчо Зиков, дежурен аналитичар на власта, а во принцип именуван функционер, месечно од МЕПСО зема 80.000 денари, што за една година е 960.000 денари или 16.000 евра. Во текот на еден мандат тој од оваа енергетска компанија ќе инкасира 54.000 евра.

Ова се дел од функционерите од аферата „Паразити“, вели ВМРО-ДПМНЕ, изјави портпаролот Томовски и најави дека утре продолжува со нови детали, на нова прес-конференција.

Македонија

Тешка сообраќајна несреќа во близина на Штип: Пожарникари ги извлекуваа повредените

Синоќа на регионалниот пат помеѓу селото Караорман и Штип се случила тешка сообраќајна несреќа во која биле повредени три лица.

Според информациите од СВР Штип, полициските службеници извршиле увид на местото на несреќата, а за извлекување на повредените од возилото била повикана и противпожарната екипа.

Повредените биле транспортирани во Клиничката болница во Штип, каде им е укажана соодветна медицинска помош.

Од СВР Штип најавија дека во текот на денот ќе бидат објавени дополнителни детали за инцидентот.

Continue Reading

Македонија

Германски воен авион наместо во Приштина – принудно слета во Скопје

Германски воен авион денеска не успеал да слета на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина поради недостиг на сертифициран персонал за слетување во услови на намалена видливост.

Од Агенцијата за воздушна навигација информираа дека другите летови функционираат нормално, а проблемот се однесувал конкретно на воениот лет.

Податоците од платформата Flightradar24 покажуваат дека авионот полетал од Берлин во 8:40 часот наутро и бил пренасочен кон Скопје, каде безбедно слетал.

Инцидентот повторно го отвори прашањето за техничката подготвеност на аеродромот во Приштина за слетувања во комплексни метеоролошки услови.

Continue Reading

Македонија

Инспекциите откриваат неправилности кај матичните гинеколози

09.12.2025 – Засилени контроли од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) и Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) открија дека дел од матичните гинеколози не издаваат фискални сметки за услугите кои ги наплаќаат.

Според неофицијални информации на „Слободен печат“, мерките следат по мониторингот на невладините организации од октомври 2024 година, кој покажал дека жените често плаќале за услуги кои би требало да бидат бесплатни, а без да добијат фискална сметка.

ФЗОМ истовремено ја проширил контролата и на други сектори, вклучувајќи ја службата за итна помош, како и проверка на реалноста на боледувањата и начинот на исплата на платите. Резултатите од сите инспекции се очекуваат да бидат објавени следната недела.

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, на прес-конференцијата се осврна и на проблемот со Клиниката за онкологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде не се изработуваат анализи за тумор маркери.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг