Connect with us

Скопје

СРАМОТА – Вработена во болница одзела картичка од пациент и си пазарела со неа!

Published

on

Денеска (16.11.2022), полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош во полициска станица извршиле службен разговор со С.С.(53) од скопско село, вработена во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Таа се сомничи дека од С.М., додека бил на лекување во болницата, одзела платежна картичка и пазарела во повеќе продажни објекти, по што ја вратила картичката.

Во службениот разговор таа го признала делото

Скопје

Ѓорѓиевски: Нови 1.500 дрвја за позелена и поздравa Кисела Вода

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, објави успешна акција за пошумување, преку која се засадени 1.000 чемпреси и 500 брзорастечки дрвја во паркот на шахот и Феникс во населбата Драчево. Оваа иницијатива е дел од континуираните напори на општината за подобрување на животната средина и зголемување на зелените површини.

„Садењето дрвја не е само разубавување на просторот, туку и суштински чекор во борбата против загадувањето и климатските промени. Секое дрвце кое го засадуваме денес е инвестиција во поздравата и поубава животна средина за сите нас,“ изјави Ѓорѓиевски.

Во изминатите три години, Кисела Вода доби седум нови паркови и 13 спортско-рекреативни центри, со што општината е оплеменета со дополнителни 80.000 квадратни метри зеленило.

Градоначалникот им се заблагодари на сите кои го поддржаа овој проект, вклучително и заменик-генералниот директор на ЈП Национални шуми, Кире Михаилов, компанијата „Џонсон Мети“, отец Оливер, Хуманитарната организација „Свети Спас“, како и на волонтерите кои активно учествуваа во акцијата.

„Како општина, и самите обезбедивме значителен број брзорастечки дрвја, со цел да создадеме поздрава и позелена средина за нашите жители,“ додаде Ѓорѓиевски.

Тој најави дека ваквите акции ќе продолжат со уште поголем интензитет, со цел создавање на одржлива и еколошки свесна заедница. Со ова, Кисела Вода станува пример за посветеност кон зачувувањето на природата и обезбедување на подобар квалитет на живот.

Continue Reading

Скопје

Организирана акција за садење дрвца во општина Кисела Вода

Published

on

Во духот на грижата за животната средина и создавање поздрава животна средина за идните генерации, денес во oпштина Кисела Вода се спроведе голема акција за пошумување. Настанот, кој вклучи засадување на 1000 чемпреси, донација од комапнијата Џонсон Мети и Хуманитарната организација Свети Спас, го предводеа градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и заменик генерaлниот директор на ЈП Национални шуми Кире Михаилов, а во акцијата учествуваа и волонтери од Џонсон Мети, како и претставници од локалната администрација. Се садеше во поголемите паркови, Паркот на шахот, како и во паркот “Феникс”, Дупки во Драчево. Во периодот што следува, ќе бидат засадени 500 брзорастечки дрвца, кои ги обезбеди Општина Кисела Вода.

-Секое дрвце што го засадуваме денес е симбол на нашата посветеност кон зачувувањето на природата и обезбедување подобар квалитет на живот за сите нас. Пошумувањето не е само акт на разубавување на просторот, туку и важен чекор во борбата против загадувањето и климатските промени. Грижата за животната средина е високо поставена на листата на приоритети на Општина Кисела Вода, за што говорат седумте новоизградени паркови и 13 спортско-рекреативни центри во овие три години, преку кои, ја оплеменивме општината со 80 000 м2 зеленило. Сакам да упатам благодарност до заменик генерaлниот директор на ЈП Национални шуми Кире Михаилов, до компанијата “Џонсон Мети” и до до отец Оливер и Хуманитарната организација Свети Спас, кои несебично донираа значителен број дрвца за оваа акција, како и до сите волонтери кои се вклучија. Исто така, и ние како општина обезбедивме брзорастечки дрвца, како уште еден од многуте проекти кои ги реализираме за поздраво и поубаво опкружување. Ваквите акции ќе продолжат и во иднина, со уште поголем обем и учество- изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Continue Reading

Скопје

Ќе има ли новогодишно украсување на Скопје: Арсовска на прашањето

Published

on

Минатата година скопјани се изначекаа за да го видат главниот град украсен во новогодишно руво, бидејќи елката и оскудните украси во центарот на Скопје се поставија само 10 дена пред дочекот на новата година.

Поради големиот број реакции на граѓаните, градоначалничката Данела Арсовска, тогаш изјави дека нареднава година со време ќе го почне процесот на украсување на градот.

На денешната прес конференција Арсовска покрај другото одговори дека постапките за новогодишното украсување на главниот град се започнати и наредната недела ќе има повеќе информации.

Останува да видиме дали навистина оваа година навреме ќе биде украсен градот или повторно ќе остане неосветлен и последни ќе ја накитиме новогодишната елка.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк