Connect with us

Македонија

Нови „паразити“: Кире Наумов за еден мандат зема 120.000 евра плата, а никој не знае што тој сработил за тие пари

Published

on

Додека народот гладува, и семејство каде двајцата сопружници земаат минимална плата, со истата не можат да ги обезбедат сите потребни намирници, и да ги задоволат животните потреби за еден месец, функционери именувани од владата земаат плати од неколку илјади евра месечно, а за еден мандат цифрите се движат и во неколку стотици илјади евра, истакна Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

-И не е единствен проблем немаштијата во која живеат поголемиот број на граѓани, туку и тоа што овие функционери со ништо не ги оправдале парите кои ги земаат. Народот, не гледа бенефит од нивната работа.

Кире Наумов од СДС, директор на Македонска банка за обнова и развој, е уште еден во низата функционери дел од аферата Паразити. Наумов, кој беше допопнителен заменик министер за финансии на СДС, денес месечно зема над 2.500 евра плата, за една година тој наплаќа над 30.000 евра, а за еден мандат дури 120.000 евра. Значи додека владата им зема оброк на студентите, Наумов заработува на грбот на државата 2.500 евра секој месец.

Директорот на АЕК, Јетон Акику, зема плата од 132.000 денари, поточно над 2.000 евра месечно или за една година околу 30.000 евра.

Уште еден во низата функционери со високи плати, е и Славко Пројковски, финансиски директор во Телеком, каде сопственост има и државата, е со плата од над 6.000 евра месечно. Тој, за една година зема 72.000 евра, а за еден мандат од 4 години дури 288.000 евра.

Тоа е исто, како директорот на Телеком Љушев, кој за само еден месец зема 11.500 евра, тоа за една година се над 138.000 евра, додека за еден четири годишен мандат над 552.000 евра.

Овие тројца функционери, кои ги презентиравме денес, за еден мандат земаат, речиси 1 милион евра.

Што сработиле овие тројца функционери, и кој е бенефитот кој го има државата од нивното работење, за тие за еден мандат да наплатат 1 милион евра?

Аферата Паразити го јаде системот.

Со нови детали од истата продолжуваме утре, додава Томовски.

Македонија

Владата подготвува одлука: Министер и директор ќе бидат разрешени!

Published

on

По враќањето на премиерот од ОАЕ ќе бидат разрешени функционерите опфатени со истрагата за Кочани, велат од Владата за Канал 5.

Во однос на истражните дејствија информираме дека како Влада сме целосно посветени на темелна истрага и во таа насока како Влада ги резгледуваме сите процедури и правила кои ни стојат на располагање.

-Во интерес на постапката ве информираме дека по враќањето на премиерот од официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати лицата кои се опфатени со истрагата ќе бидат разрешени , велат од Владата за Канал 5.

Инаку, меѓу новоосомничените за пожарот во Кочани се екс директорот на ДЗС а сега актуелен министер без ресор Шабан Салиу кој доби ефективен притвор и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами кој доби куќен притвор.

Continue Reading

Македонија

НАЦИОНАЛНАТА АГЕНЦИЈА ОДЗЕМА АКРЕДИТАЦИЈА ПО КОНСТАТИРАНИ ЗЛОУПОТРЕБИ

Published

on

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја информира јавноста дека, поради непостапување во досегашниот период, Европската Комисија известува дека е можна суспензија на активностите во рамки на програмите финансирани од Европската Унија.

Во насока на итно санирање на состојбата и заштита на македонскиот интерес, македонските студенти, ученици и научници, НАЕОПМ веќе реализираше конкретни мерки, меѓу кои:
· Одземена е акредитацијата на организацијата ЗОР „СФЕРА Интернешнал“ – Битола, долгогодишен корисник на ЕУ фондови со значителна финансиска поддршка во изминатиот период од 132.052,00 евра.
· Започната е постапка кон Европската служба за борба против измами (OLAF) и Основното јавно обвинителство (ОЈО), со цел целосно расветлување на сомнежите за сторени злоупотреби на европски средства од истата организација.

Во моментов се постапува преку институционална координација со надлежните органи на национално и европско ниво. Агенцијата останува цврсто посветена на транспарентност, отчетност и доследно спроведување на европските програми согласно највисоките стандарди.

Ги уверуваме сите заинтересирани страни дека ќе бидат навремено информирани за понатамошниот развој на постапките.

Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Директор,
д-р Петар Богојески

Continue Reading

Македонија

Приведен кавадарчанец, возел со 2,16 промили алкохол

Published

on

Приведен кавадарчанец, возел со 2,16 промили алкохол.

На 14.04.2025 во 00.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Д.С.(38) од Кавадарци. На улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, тој со патничко возило „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки не застанал на знак за запирање, но по преземени мерки, бил запрен од страна на полициските службеници, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,16 промили алкохол во крвта. Д.С. бил задржан во полициска станица, а возилото било привремено одземено. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 А од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк