Connect with us

Спорт

Научник од Оксфорд пресмета кој ќе биде СВЕТСКИ ШАМПИОН, никој не предвидел ваков епилог до сега!

Репрезентацијата на Бразил ќе го освои престојното Светско првенство во Катар.

Ова го покажа математичкиот модел на научникот од Оксфорд, Џошуа Бул во специјално испитување пред почетокот на Мундијалот.

Британскиот математичар направи уште интересни прогнози како:

-Белгија за прв пат во историјата ќе стигне до финалето на Светското првенство.

-Германија повторно ќе има разочарувачко издание и ќе биде елиминирана од Белгија во осминафиналето.

-Англија ќе загуби во четвртфиналето од Франција

-Бразил во полуфиналето во израмнет меч ќе ја елиминира Аргентина.

За да стигне до овај резултат, математичкиот модел користеше податоци за сите репрезентации и ги симулираше натпреварите 1 милион пати, па ги зеде во предвид најчесто среќаваните резултати.

Спорт

Македонија на ФИФА ранг-листата: Националниот тим ја завршува 2025. година на 66. место

Македонската фудбалска репрезентација ја заврши годината на 66. место на ФИФА ранг-листата, задржувајќи го истиот број бодови (1378.57) како и претходно, но со едно место пониско во однос на ноемвриското рангирање.

На врвот на светската фудбалска елита не се случија изненадувања – Шпанија ја сочува водечката позиција, пред Аргентина, Франција и Англија. Малите промени во ранкингот се должат на ограничениот број натпревари оваа сезона – само 42 меѓународни дуели беа одиграни од последната листа објавена на 19 ноември.

Португалија и натаму се држи на шестото место, Холандија на седмото, Белгија на осмото, Германија на деветтото, додека Хрватска ја зазема десеттата позиција.

Следната ажурирана ранг-листа на ФИФА ќе биде објавена на 19 јануари 2026 година, оставајќи го светот на фудбалот во неизвесност за новите движења на глобалната сцена.

Continue Reading

Спорт

Гоце Седлоски е нов селектор на македонската репрезентација

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски.

Членовите на највисокото тело на ФФМ, одлуката за избор на нов селектор на македонската А репрезентација ја донесоа по предлог на Комисијата за избор на селектор, составена од Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ, Горан Пандев – директор на Национални репрезентации, Николче Новески – раководител на Скаутинг службата на ФФМ, Агим Ибраими – член на Управниот одбор на ФФМ и Марјан Стојковски – потпретседател на ФФМ.

Гоце Седлоски е едно од најпрепознатливите имиња во историјата на македонскиот фудбал. Како фудбалер, поранешниот репрезентативен капитен оствари 100 настапи и постигна 8 голови за националниот тим, со што останува првиот македонски фудбалер кој запишал 100 настапи за репрезентацијата.

Седлоски има и претходно искуство во стручниот штаб на националниот тим. Во август 2012 година ја водеше македонската А репрезентација како в.д. селектор на пријателскиот натпревар против Литванија во Скопје (1:0).

Во својата тренерска кариера, Гоце Седлоски работеше како асистент и в.д. селектор на Македонија, а на клупско ниво ги предводеше Хоризонт Турново, Вардар, Рига (Летонија), Широки Бријег (Босна и Херцеговина), вториот тим на Динамо Загреб (Хрватска), Шкупи, Влазниа (Албанија) и Работнички.

Во досегашната тренерска кариера, Седлоски освои три шампионски титули, со ФК Вардар во сезоните 2015/16 и 2016/17, со ФК Шкупи во сезоната 2021/22, како и Куп титула со ФК Вардар во сезоната 2024/25.

Како фудбалер, имаше богата кариера настапувајќи за повеќе клубови во Македонија и странство. Своите професионални чекори ги започна во Братство Горно Коњари и Питу Гули Крушево, по што настапуваше за Победа Прилеп, каде го привлече вниманието со своите настапи. Кариерата ја продолжи во Хајдук Сплит и Динамо Загреб во Хрватска. Седлоски, воедно е прв странец кој ја носел капитенската лента на Динамо Загреб. Потоа настапуваше за Шефилд Венздеј во Англија. Интернационалното искуство го надополни со настапи во Вегалта Сендаи (Јапонија), Дијарбакирспор (Турција) и Матерсбург (Австрија), градејќи респектабилна фудбалска кариера.

Фудбалската федерација на Македонија верува дека искуството, авторитетот и длабокото познавање на македонскиот фудбал на Гоце Седлоски ќе придонесат за стабилност, континуитет и напредок на националниот тим во претстојниот период.

Официјалната промоција на Гоце Седлоски за селектор на македонската А репрезентација е закажана за утре (вторник), со почеток во 11:30 часот, во хотел „Хилтон“ во Скопје.

Continue Reading

Спорт

Астон Вила го преслуша Манчестер Јунајтед на „Вила Парк“

Aston Villa оствари значајна победа од 2:1 против Manchester United во натпревар од 17. коло во Premier League, одигран на „Вила Парк“.


Домашниот тим поведе пред крајот на првото полувреме кога Морган Роџерс погоди во 45. минута, по асистенција на Мекгин. „Црвените ѓаволи“ возвратија во судиското продолжение од првиот дел, кога Матеус Куња израмни на 1:1.


Во второто полувреме, Вила повторно ја презеде иницијативата, а повторно стрелец беше Роџерс, кој во 58. минута го постигна победничкиот гол по додавање од Оли Воткинс. До крајот на мечот Манчестер Јунајтед не успеа да се врати во игра, иако се обиде со неколку измени и офанзивен притисок.


Гостите добија и две жолти картони, на Угарте и Далот, што дополнително го отежна нивниот обид за пресврт.


Со оваа победа, Астон Вила продолжува со добрата форма на домашен терен и останува во чекор со екипите од горниот дел на табелата, додека Манчестер Јунајтед запиша уште еден неуспех во борбата за стабилност сезонава.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг