Connect with us

Скопје

СКОПЈАНИ НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЈДАТ ДОМА – еве каде во моментов е вистински сообраќаен хаос!

Published

on

ЦУКС известува дека зголемен број возила во овој период од денот има долж :

-бул. Александар Македонски кон излез на Скопје,

-мост Нова железничка станица во двете насоки,

-бул. Илинден кон Карпош,

-бул. 8ми Септември кон бул. Илинден,

-бул. Кузман Јосифовски Питу кон Аеродром,

-мост Близнак кон бул. АСНОМ,

-бул. Србија кон населба Автокоманда ,

-бул. 3та Македонска бригада кон ул. Пролет,

-ул. 11 Октомври кон Кисела Вода,

-бул. Македонија кон ул. 11 Октомври ,

-бул. Свети Климент Охридски во двете насоки,

-ул. Свети Кирил и Методиј кон бул. М.Т.Гологанов и бул. Водњанска,

-бул. Гоце Делчев кон ул. Беласица,

-ул. Беласица во двете насоки,

-бул. Митрополит Теодосиј Гологанов во двете насоки,

-бул. Киро Глигоров кон населба Автокоманда и обратно,

-ул. Перо Наков кон к-ца со бул. Киро Глигоров.

Скопје

Украдено службеното АУДИ на градоначалникот од Aеродром

Published

on

На 7 април 2025 година, во 22 часот, градоначалникот на општина Аеродром, Д.М. (37) од Скопје, пријавил во Полициската станица Аеродром дека службено возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на општината, било украдено од гаража на булеварот „Јане Сандански“.

Според пријавата, возилото исчезнало во периодот од 15:30 часот на 4 април до 20:40 часот на 7 април. По полициска потрага, автомобилот бил пронајден на улицата „Перо Наков“ во Скопје, но со недостасување на една од регистарските таблички.
Јавува:4news

Continue Reading

Скопје

Дојави за бомби во училишта во Скопје

Published

on

Министерството за внатрешни работи утрово добило дојава за бомби во две средни училишта на територијата на Скопје.

Од МВР официјално за случајот велат дека на 08.04.2025 во СВР Скопје од две училишта во Скопје е пријавено дека на електронските адреси добиле дојава за наводно поставена експлозивна направа.

Веднаш биле преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави.

Continue Reading

Скопје

Делови од Скопје утре без струја, еве каде ќе нема вода

Published

on

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре (вторник), без напојување со електрична енергија ќе останат:

-од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од ул.. Горно Лисиче во делот од биолеб до половни Автоделови „Алек“. (општина Аеродром)

од 09:30 до 12:30 часот, дел од корисниците од бр.135 до бр.170 на ул.Козле (општина Карпош).

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, известува дека утре (вторник):

– Поради промена на затварач ф 2“ на ул Црвена Скопска Општина бб од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица,министерството за Транспорт и Врски и деловните објекти (општина Центар).

Поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул Дренак бр 2а .без вода ке останат корисниците на дел од ул Дренак и дел од Јужен Булевар. Водоснабдувањето ке биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата (општина Кисела Вода)

– Поради дефект на улична цевка од ф 200мм на ул Славејко Арсов бр 15 .без вода ке останат корисниците на дел од ул Славејко Арсов бр 15.Водоснабдувањето ке биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата (општина Центар).

– Поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул Максим Горки бр 14 .без вода ке останат корисниците на дел од ул Максим Горки. Водоснабдувањето ке биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата (општина Центар).

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк