Connect with us

Македонија

Османи повикува да се здружиме и да кажеме стоп на корупцијата!

Наредните години се години на расчистување конечно со корупцијата на сите можни нивоа. Не се амбицирам, затоа што нема општество исчистено во целост од ова зло. Но, Македонија мора и тој дел да го помине за навистина да биде пример држава не само во регионот, туку и пошироко. Сега ни е шансата за тоа, сега ни е фокусот таму, сега и нашите пријатели се фокусирани во тој дел, ајде да се здружиме сите и да кажеме стоп на корупцијата.

Ова е повикот од министерот за надворешни работи Бујар Османи од денешниот брифинг со новинарите, кои прашуваа на повеќе теми, но главно во  фокусот беа прашањата за борбата против корупцијата.

– Наредните години, ќе бидат години на антикорупциска политка за државата станува уникатен модел. Тоа што го созддадовме  во делот на мултиетничката демократија, како култура на односи, на дијалог, на решавање на конфликти и прашања, создадовме сериозен модел на оваа држава во регионот. Уште ни треба да имеме сериозна демократија и сериозни институции во борбата против корупцијата и ние ќе бидеме така што треба да бидеме, како што очекуваат нашите пријатели и како што очекуваат нашите граѓани, рече Османи.

Според шефот на дипломатијата, државата ги реши егзистенцијалните прашања, внатрешно се консолидираше во однос на функционална мултиетничка демократија и меѓуетнички односи, си ги среди односите со соседите, рече тој, се етаблирараше меѓународно. Ова е, нагласи Османи, позитивен развој на државта и општеството, кога останатите прашања веќе се решени.

– Ова е заедничка определба помеѓу нас и САД за засилена антикорупциска борба. Државата и ние апсолутно ги поддржуваме тие ставови на САД и очекуваме сериозна поддршка. Еден од мотивите за почнување на стратешкито дијалог со САД беше нивно вклучување во атикорпциските полтики и овде. Сега веќе имаме два големи инструменти за следење на антикорупциските политики. Еден е скринингот и преговорите со ЕУ и САД преку стратешкиот дијалог и нивните инструменти, дали се тоа механизмите на внесување во црни листи или други јавни именувања или други начини на поддршка, појаснуваше министерот Османи.

На новинарско прашање каква конкретна помош очекуваат од САД во борбата против корупцијата, Османи повтори дека во рамки на стратешкиот дијалог САД досега дале 4,2 милиони евра само за поддршка антикорупциските политики. Очекуваат поддршка и во обука, но и искористување на конкретните механизми што ги имаат на располагање САД.

– Република Северна Македонија има сериозен проблем со корупцијата на сите нивоа, не само на политичко. На сите можни нивоа, во сите можни општествени сектори каде граѓаните бараат услуги од државата на било кое ниво. Овој фокус што го ставаме заеднички со нашите партнери САД и со ЕУ, е и резултат што големите прашања ги надминавме, кои не дефокусираа од оваа политика на борба против корупцијата, дециден е министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Македонија

Проданоски: Св. Климент Охридски е светилник на нашето образование и традиција

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка до православните верници и до сите сограѓани по повод големиот христијански празник посветен на Свети Климент Охридски, истакнувајќи го неговото исклучително значење за македонската духовна, културна и просветителска традиција.

„Денес го славиме споменот на еден од најважните духовници, учители и просветители во македонската историја – светителот кој ги постави темелите на словенската писменост, ја создаде Охридската книжевна школа и го зацврсти македонскиот духовен и културен идентитет,“ истакна Проданоски.

Тој нагласи дека богатото наследство на Св. Климент и денес е силен столб врз кој почиваат нашите образовни и духовни вредности, потсетувајќи дека неговото дело продолжува да инспирира генерации ученици, наставници и интелектуалци.

„Нека делото на Свети Климент не води кон мудрост, добрина и човечност. Нека празникот ни донесе мир, здравје и благосостојба,“ порача градоначалникот, завршувајќи со традиционалната честитка:

„За многу години!“

Continue Reading

Македонија

Коњановски со честитка: Светиклиментовата мудрост да нè води кон подобро општество

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните по повод големиот државен и христијански празник Свети Климент Охридски, истакнувајќи го неговото огромно значење за македонската духовна и културна традиција.

Во својата порака, Коњановски нагласи дека Македонската православна црква со особена почит го одбележува денот на својот патрон, нарекувајќи го Св. Климент „чудотворец, просветител и столб на македонската духовност“.

„Првиот македонски архиепископ и творец на Охридската книжевна школа остави длабока трага во просветителството, книжевноста и црковниот живот. Неговото дело е значајно не само за македонскиот народ, туку и за целиот христијански свет“, истакна градоначалникот.

Коњановски потсети дека Свети Климент со своето неуморно просветителско дело го образувал, просветлувал и облагородувал народот, поставувајќи силни темели на духовниот и културниот развој.

„Да продолжиме да делуваме во духот на хуманоста, разбирањето и меѓусебната почит. Светиклиментовото дело нека биде наша водилка во стремежите за создавање подобра иднина за нас и за генерациите што доаѓаат“, порача тој, истакнувајќи ја и важната улога на битолските образовни институции кои го носат името на големиот просветител.

Градоначалникот ја заврши честитката со традиционалната порака:

„Нека е честит и вековит празникот Свети Климент Охридски.“

Continue Reading

Македонија

Следува многу потопол период – температурата ќе достигне до 17 °C оваа недела

Според најавите од УХМР, во текот на следната седмица Македонија ќе се соочи со необично топло време за декември. Дневните температури се очекува да се искачат до 17 степени Целзиусови, што ќе донесе значително затоплување и ненормално високи вредности за овој период од годината.

Според прогнозата, времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали, а во претпладневните часови по одделни котлини може да се појави магла. За викендот се најавува стабилен и сув метео-услов, без значителни врнежи.

Ова затоплување доаѓа по неколку денови со нестабилно време и температури над просекот — но новиот топол бран ги изненади граѓаните со необична реткица утринска отсутност на ладно.

Граѓаните се охрабруваат да ги искористат поволните услови за надворешни активности, но и да бидат подготвени за брзи промени во времето, како што е можна магла на ниски места или повремени ветрови во попладневните часови.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг