Connect with us

Македонија

ТРЕТ БУГАРСКИ КЛУБ ВО МАКЕДОНИЈА: По Ванчо Михајлов и Цар Борис III на 11 декември се отвора и Балкански коридор во Кавадарци

Published

on

На 11-ти декември во Кавадарци ќе се отвори бугарскиот клуб Балкански коридор, а на чело на клубот е кавадарчанецот Добре Митрев (59), објавија повеќе медиуми.

По отворањето на бугарските клубови Иван Михајлов во Битола и Цар Борис Трети во Охрид, кои предизвикаа револт кај граѓаните, но и протести поради имињата на клубовите, името на клубот во Кавадарци не е спорно за граѓаните.

Сепак, многумина се прашуваат која е мисијата на овој клуб и стравуваат од потенцијални провокации. За Добре Митрев, роден во Кавадарци, сопруг и татко на две деца, пошироката јавност слушна кога пред две години тој беше избран за претседател на Здружението Македонско-бугарско пријателство во Скопје.

Тој по професија е правник, косопственик е на фирма за правни консултации, а во разговор за Фокус ги открива деталите за Балкански коридор.

Според официјалните податоци од бугарската изборна комисија, на парламентарните избори во Бугарија кои се одржаа во октомври, од Кавадарци 45 граѓани се пријавиле на гласање. На последниот попис во Македонија, пак, нешто повеќе од 3.000 граѓани се декларирале како Бугари.

Инаку, во Тиквешијата неизбриѓливи се трагите од стрелањето на 12 младинци од Ваташа во време на окупацијата на Македонија од тогашната фашистичка Бугарија. Па, новиот клуб може да предизвика обратен ефект од тој што се сака да биде промовиран како бугарско-македонско пријателство.

Македонија

Паднаа повеќе дилери: Серија на апсења во Скопје и Струмица

Published

on

Полициските служби продолжуваат со засилените активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога. Во текот на 2 јануари, во рамки на неколку полициски акции, беа извршени апсења на лица кај кои беше пронајдена марихуана.

  • Во 16:15 часот, на подрачјето на Шуто Оризари, полицијата го лиши од слобода О.Р. (41) од Скопје. Кај него беше пронајдена марихуана, која беше одземена.
  • Во 14:10 часот, во Карпош, беше уапсен С.Ш. (28) од село Крушопек, скопско, со пронајдена марихуана.
  • Во 21:40 часот, на подрачјето на Гази Баба, беше приведен С.С. (22) од Кочани, кај кого исто така беше најдена марихуана.
  • Во 15:00 часот, во општина Аеродром, полицијата го уапси И.С. (39) од Скопје, кај кого беше пронајдена дрога.
  • Во 23:45 часот, на подрачјето на Чаир, беше уапсен А.Љ. (25) од Скопје, со пронајдена марихуана.

Сите приведени лица ќе се соочат со соодветни поднесоци по целосното документирање на случаите.

Во друга акција, во Струмица, во 13:00 часот, полициските службеници од СВР Струмица извршија претрес во домот на З.Р. (52) од Струмица, со судска наредба. Притоа, беше пронајдена марихуана. За случајот е известен јавен обвинител, а против З.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Пензионери, фатени со 200 куршуми во „Голф“

Published

on

Брачна двојка пензионери од скопското село Батинци вчера добиле кривични пријави откако претходно биле фатени со 195 куршуми со калибар од 9 милиметри во нивниот автомобил, соопшти полицијата.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.М.(72), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против М.М.(77), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 10.06.2024 во 17.20 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.М., а како совозач била Х.М., кај која биле пронајдени и одземени 195 куршуми калибар 9 мм“, пишува во полициското соопштение.

Continue Reading

Македонија

Нападнати малолетници од нивни врсници

Published

on

Во текот на вчерашниот ден во две полициски станици во Скопје било пријавено за физички напади на малолетници од страна на нивни врсници.

Првата пријава е регистрирана вчера во 10.30 часот во СВР Скопје, каде 40-годишна жена пријавила дека на 31.12.2024 околу 17.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Втората пријава е забележана во 23:15 часот каде било пријавено дека на подрачјето на Центар малолетничка била физички нападната од неколку малолетнички.

МВР соопштува дека и во двата случаи се преземаат мерки за расчистување на овие настани.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк