Connect with us

Македонија

МАРИЧИЌ ЗА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ: Јас сум убеден дека со помош на меѓународните партнери ќе обезбедиме 80 пратеници

Уставните измени не се случуваат од денес за утре и во моментот кога ќе се искреира платформа што може да добие поддршка од 80 пратеници, ќе почне процедурата во Собрание за промена на Уставот, изјави вечерва вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, најавувајќи дека очекува тоа да се случи во првата половина наредната година.

Тој во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија посочи дека за претходните промени на Уставот пред четири години имаше процес кој траеше една година, додавајќи дека без поддршка на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ не може да се обезбеди потребното двотретинско мнозинство во Парламентот за сегашните уставни измени.

 Блокадата првпат е во наши раце. Досега секогаш блокадата беше во Софија, Атина, Париз… Денес е во наши раце и од нас зависи дали ќе застанеме по скринингот на истото место или ќе продолжиме со поглавјата. Имаме комуникација со сите пратенички групи и со сите пратеници. И јас сум убеден дека со помош на меѓународните партнери и со наш ангажман како Влада, ќе дојдеме до 80 пратеници, затоа што за мене е незамисливо дека ние самите ќе се блокираме. Има интерес веќе од германскиот канцелар и од францускиот претседател и од сите да помогнат на сите можни начини за да дојдеме до 80 пратеници, нагласи Маричиќ во однос на обврската да се донесат уставните измени кои предвидуваат вклучување на Бугарите во Уставот за земјата, пред да почне отворањето на поглавјата во процесот на пристапните преговори на земјата со ЕУ.

Тој додаде дека во заклучоците на Советот на ЕУ пишува дека во моментот кога ќе биде променет Уставот за да се внесат уште три заедници во него, без нови одлуки и без одлагање ќе се свика втората Меѓувладина конференција на која што ќе започне да се разговара за поглавјата.

– Ние инсистиравме на таа формулација за да не биде оваа реторика од опозицијата дека ќе имало уште 3-4 или не знам колку барања. Исто така, инсистиравме да се тргнат сите оние прашања, бидејќи имаше многу поинакви верзии на преговарачката рамка и сите прашања кои што се однесуваат на билатералните прашања да бидат ставени во протокол меѓу нас и Бугарија. И сега во однос на јазикот, ние кога влеговме во дискусијата не беше наша цел да ја убедиме Бугарија во нешто, дали ќе го признае или не македонскиот јазик, наша цел беше ЕУ да не го прифати бугарскиот став и да можеме да го потпишеме договорот за Фронтекс на македонски јазик, рече Маричиќ, додавајќи дека Бугарија праќала ноти за јазикот насекаде, па и во ОН, а фамата околу тоа „ја прават луѓето кои не испорачаа ништо за шест години плашејќи се за нивната политичка кариера“.

Во однос на бугарските клубови во земјава, Маричиќ нагласи дека беа прифатени измените на Законот за здруженија за да спречи понатамошно ширење на, како што нагласи, „ова тензично отворање на клубовите“

Македонија

Мицкоски: На овој Конгрес не добив само реизбор, победи идејата, од поглавје на кризи, отвораме поглавје на зрелост

На XVIII Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше повторно избран за претседател, но како што истакна, овој реизбор значи многу повеќе од лична победа. „Не добив само реизбор, туку победи идејата. Вечерва затвораме едно поглавје на кризи, напади и неправди и отвораме поглавје на зрелост“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека партијата денес донесе документи кои ќе ја обноват вербата во политиката и ќе покажат дека со јасна стратегија и план резултатите се достижни. „Создаваме заедно стратегија, доктрина и нова национална рамка, а оваа визија ја добива поддршката што ја претвора во обврска за сите нас“, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека товарот што го носи не е лесен, но го прифаќа со мир, затоа што зад него стои народот. „Македонија премногу долго се гледаше низ очите на другите. Време е да чекориме со свои амбиции и да ја градиме иднината што ја заслужуваме“, додаде тој.

Вечерниот конгрес беше означен како историски исчекор за партијата, која, според Мицкоски, се подготвува да излезе од кругот на страв, поделби и ниски амбиции и да започне нова ера на зрелост.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Довербата во институциите и дигитализацијата ја носат иднината на Македонија

На XVIII Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, што се одржува во Спортскиот комплекс „Јасмин“ во Кавадарци под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, нагласи дека стабилноста и развојот на Македонија се возможни само со доверба во институциите кои функционираат на основа на владеење на правото и дигитализација.

Мицкоски истакна дека интеграцијата на дигитални процеси, автоматизацијата и енергетската транзиција се стратешки приоритети за државата. Според него, зелената економија не е идеолошки проект, туку државна потреба, а инвестициите во обновливи извори на енергија, модернизација на преносниот систем и регионални енергетски проекти ќе ја намалат зависноста и ќе создадат нова економска динамика.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека стабилноста и развојот се невозможни без доверба во државата, која се гради преку независни институции, владеење на правото и системи што создаваат правичност, а не зависност. „Без доверба во институциите – нема држава. Правната држава не е збир од закони, туку нивна доследна примена. Македонија мора да ја премине границата од формална кон функционална демократија“, истакна Мицкоски.

Во својот говор тој посочи и дека вештачката интелигенција е новото гравитациско поле на глобалната моќ. Земјите што инвестираат во AI обезбедуваат економска, безбедносна, институционална и технолошка предност, додека оние што ја игнорираат остануваат зависни од туѓи технологии и интереси. Мицкоски нагласи дека Македонија мора да стане активен учесник во новата интелигентна економија, наместо пасивен консумент на туѓа технологија.

Continue Reading

Македонија

Фатен камион со скриени икони и верски предмети на влез во Македонија

Царинската управа открила обид за шверц на икони и други верски предмети на граничниот премин Дојран. При контрола на товарно возило минатата недела, царинските службеници пронашле вкупно 842 различни верски предмети, 50 креми за лице и 84 килограми мед. Стоката била сокриена во 16 кутии и една ќеса во товарниот дел од камионот.

Според соопштението на Царинската управа, откриените производи не биле прикажани во царинската документација. Нивната вредност изнесува 899.460 денари, додека избегнатите давачки се проценети на 327.067 денари.

На фотографиите објавени од царината јасно се гледа дека меѓу запленетите предмети има и голем број икони.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг