Connect with us

Спорт

Аргентинците на нозе и со овации го поздравија Модриќ (Видео)

Лука Модриќ, еден од најдобрите изграчи на сите времиња на неговата позиција, на денешниот натпревар доби овации и од навивачите на Аргентина додека го напушташе теренот.

37-годишниот играч од средниот ред, кој има 160 настапи за Хрватска од своето деби против Аргентина во 2006 година, вели дека нема да се пензионира по овој зимски турнир.

Не, нема да ја напуштам репрезентацијата“, рече тој додека беше во Катар. „Се чувствувам фит, многу добро и ќе останам овде додека можам. Нема причина да се пензионирам. Тоа е мој избор”.

Модриќ е познат по неговата фудбалска грациозност, борбеност, но и фер-плеј. Навистина, овие моменти се многу ретки, но Лука дефинитивно заслужува ваков третман. Како и оние овации за Дел Пиеро и Роналдињо од противничката публика на Сантиаго Бернабе, овој настан веројатно ќе остане запишан во фудбалската историја.

Хрватска изгуби од Аргентина, но постигна голем успех. Две првенства по ред стигнува до самиот крај. Ова Светско првенство не завршува тука за нив. Напротив, екипата на Делиќ има сеуште можност да освои медал. Натпреварот за третото место е во сабота, а Хрватска ќе се соочи со поразените од натпреварот меѓу Франција и Мароко.

Спорт

ПСЖ и Фламенго во финалето за Интерконтиненталниот куп

Вечерва во 18:00 часот, на стадионот „Ал Рајан“ во Катар, во големото финале на Интерконтиненталниот куп, силите ќе ги одмерат Пари Сен Жермен и Фламенго. Французите го бркаат својот прв светски трофеј во историјата, додека Бразилците сакаат да се вратат на тронот по пауза од цели 44 години.

Тимот на Луис Енрике пристигнува во Доха со амбиција конечно да ја круниса својата европска доминација со глобален печат. Како актуелни шампиони на Европа, ПСЖ имаа привилегија на директен билет за финалето, но патот до овој момент не беше без трње. Се уште се под впечаток од летниот пораз од Челзи (0:3) во финалето на Светското клупско првенство, а притисокот е зголемен и поради неизвесната трка во домашното првенство каде Ленс им дише во врат.

Сепак, токму во Катар започна нивната златна серија со триумфот над Монако, а со враќањето на Усман Дембеле и голманот Лукас Шевалие, Енрике верува дека ќе успее да го земе трофејот. Единствен голем хендикеп останува отсуството на брзоногиот Ашраф Хакими.

Од другата страна стои „црвено-црната“ лавина од Рио де Женеиро. Фламенго преживува ренесанса под палката на Филипе Луис. Откако во само седум дена ги покорија Бразил и Јужна Америка (Копа Либертадорес), сега нивниот нишан е насочен кон светот.

Навивачите на Фламенго со децении го прераскажуваат митот за 1981 година и лекцијата одржана на Ливерпул (3:0). Денешниот тим, предводен со тактичката дисциплина, сака да го повтори тој подвиг. Иако настапот на голгетерот Педро е под знак прашалник, Фламенго покажа дека знае како со европските гиганти, потсетувајќи на неодамнешната победа над Челзи (3:1).

Continue Reading

Спорт

Бразилецот Да Силва потпиша за Вардар – новитет во редовите на скопскиот гигант

Ракометниот клуб Вардар повлече значаен стратешки потег во пресрет на клучниот дел од сезоната. Жоао Педро да Силва (30) е новиот бек на линијата на „вардарци“. Неговиот ангажман, кој ќе трае две и пол сезони, е потврда за долгорочната визија на управата за враќање на врвот.

Стручниот штаб во Да Силва гледа профил на играч кој носи брзина, интелигентни решенија и потребна разновидност во офанзивата. Со оглед на тешките предизвици во Лига Европа кои следуваат во февруари и март, како и домашниот плеј-оф, Бразилецот доаѓа како клучно засилување во вистински момент. Неговата промоција во Скопје е закажана за почетокот на идната година, кога ќе бидат финализирани и последните детали од соработката.

Continue Reading

Спорт

Лоши вести за македонскиот ракомет

Европската ракометна федерација (ЕФХ) го одреди новиот формат за Лигата на шампионите, а македонскиот ракометен шампион нема директно учество во најквалитетното натпреварување туку тоа ќе може да го оствари со барање за вајлд-карта.

Извршниот комитет го потврди системот, а рангирањето на федерациите е според резултатите од сезоните 2022/23, 2023/24 и 2024/25. На првите десет места се рангирани следните федерации: Германија, Шпанија, Франција, Данска, Полска, Унгарија, Романија, Португалија, Хрватска и Норвешка, а тоа значи дека овие држави имаат една загарантирано место во Лигата на шампионите. Овие федерации можат да побараат и по две вајлд карти, а ЕХФ ќе додели осум „специјални покани“.

Во натпреварувањето од следната сезона ќе бидат 24 екипи, поделени во шест групи по четири, а дванаесет од нив ќе се пласираат во главната рунда. Другите 12 екипи ќе продолжат во 1/16 финалето од Европската лига.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг