Connect with us

Македонија

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Грчките власти во Костурско осудија 61 Македонец оти своите деца ги учеле да читаат и пишуваат на мајчин јазик

Грчките власти, на 15 декември 1945 година, во костурското село Нестрам, во Егејска Македонија, изведоа пред суд 61 Македонец, со обвинените дека своите деца ги учеле да читаат и пишуваат на својот мајчин македонски јазик.

Ова е еден од многуте примери за страдањата, но и отпорот на Македонците во Егејска Македонија, против бруталните грчки власти во повеќе периоди од македонската историја. Објавени се повеќе трудови за овој дел од етничка Македонија и за овој дел од македонската историја.

Една од нив е и книгата „Вистината за Егејска Македонија“ (издание 2017) од Христо Андоновски. Авторот во предговорот пишува:

„Слична, ако не и идентична беше судбината на Македониjа и Македонците со таа на Ирска и Ирците, или на Курдистан и Курдите. И овие земjи jа имаа трагичната судбина на Македониjа – да бидат безмилосно искасапени на два или повеќе дела, онака, како што диктирал апетитот на алчните империjалистички соседи. Меѓутоа, ни оддалеку народите од споменатите земjи – Ирците и Курдите, не го доживееjа незамисливото понижување на Македонците, со употреба на груба сила да бидат лишени од својот маjчин jазик, да им се наметне тyѓа националност“, пишува асвторот на книгата.

Ирците и под Велика Британиjа си останаа тоа што отсекогаш биле, а Курдите и во Турциjа и Иран, во Ирак и Сириjа, иако го изгубиjа територијалното единство, тие го задржаа својот етнички белег, својот јазик и традиција, продолжува Андоновски во книгата „Вистината за Егејска Македонија“.

„По 1912 година Македонците ќе ја изгубат и својата национална компактност и територијалното единство, а пропагандата на владеачкиот режим во Грција, Србија или Бугарија од Македонците ќе настојува да прави „Срби“, „Грци“ и „Бугари“. Македонците во Грција, на пример, спротивно на својата волја учествуваа во Првата светска војна на првата борбена линија или вршејќи тешка ангарија за сојузниците пак на првата борбена линија на Солунскиот (Македонски) фронт. Подоцна тие се мобилизирани во Малоазискиот поход на грчката армија. На крајот наградата за Македонците беше да бидат исправувани пред воените судови и екзекутивните одреди, кога се обидуваа да ги бараат своите национални права макар и во рамките на гчката држава. А пак во времето на Метаксасовата диктатура (1936-41) им беше забрането дури и по куќите да говорат на својот мајчин јазик, или да ги пеат своите народни песни“, пишува Андоновски.

Но, Македонецот во Грција, продолжува Андоновски во предговорот, никогаш и не се помири со судбината што му ја кроеја грчките режими.

Македонија

Над 3 милиони ноќевања годинава – континуиран раст на бројот на странски туристи во земјава

Туристичкиот сектор бележи позитивен тренд, покажуваат најновите податоци за годинава, според кои се остварени повеќе од 3 милиони ноќевања, со забележлив пораст на бројот на странски туристи во земјава.

Според официјалната статистика, зголемувањето на ноќевањата е резултат на поголемиот прилив на гости од странство, што укажува на зајакнат интерес за Македонија како туристичка дестинација. Позитивниот тренд се должи на подобрената туристичка понуда, зголемената авионска поврзаност и засилената промоција на земјата на меѓународните пазари.

Најголем дел од странските туристи доаѓаат од европските земји, а посебен раст е забележан во градскиот, културниот и езерскиот туризам. Надлежните институции оценуваат дека ваквите резултати се охрабрувачки и претставуваат добра основа за понатамошен развој на туризмот.

Се очекува позитивниот тренд да продолжи и во наредниот период, со дополнителни активности за подобрување на туристичката инфраструктура и зголемување на квалитетот на услугите, со цел земјата да се позиционира како атрактивна и конкурентна туристичка дестинација во регионот.

Continue Reading

Македонија

Екс-правобранителот  Фехми Стафа приведен за мито – барал 100.000 евра, фатен со 50.000

Поранешен државен правобранител е уапсен поради сомнежи за примање мито, откако бил фатен со дел од побараната сума во негово поседување, соопштија надлежните истражни органи.

Според објавените информации, правобранителот се сомничи дека побарал мито од 100.000 евра во замена за поволно уредување на службени активности. При акцијата на полицијата, тој бил фатен додека држел 50.000 евра, што претставува дел од побараните средства.

Надлежните органи потврдуваат дека случајот е во фаза на истрага, а против екс-правобранителот ќе биде подготвена соодветна кривична пријава. При приведувањето биле обезбедени и други материјални докази што ќе бидат дел од доказната постапка.

Од истрагата информираат дека овој случај еден од повеќето што ги третираат злоупотребите на службената положба и корупцијата во јавните институции, со цел да се испрати јасна порака дека недозволиви практики нема да бидат толерирани.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а во наредните денови обвинителството ќе се изјасни за понатамошните мерки и евентуални притворски предлози.

Continue Reading

Македонија

И следната недела со невообичаено високи температури за овој период

Невообичаено топлото време ќе продолжи и во текот на следната недела, најавуваат метеоролозите. Според прогнозите, температурите ќе останат значително над просекот за овој период од годината, со стабилни временски услови и без поголеми заладувања.

Во поголем дел од земјата се очекува претежно сончево време со умерена облачност, а дневните температури ќе се движат од двоцифрени вредности, што е нетипично за средината на зимската сезона. Утринските часови ќе бидат посвежи, но без појава на екстремно ниски температури.

Метеоролозите посочуваат дека ваквите временски услови се резултат на стабилна воздушна маса и отсуство на студени фронтови од север. Засега нема најави за значителни врнежи од снег или дожд, ниту за нагло влошување на времето.

Иако ваквото време е поволно за секојдневните активности, експертите предупредуваат дека долготрајните повисоки температури во зимскиот период можат да имаат влијание врз природата и земјоделството, особено врз вегетацијата.

Подетални и редовно ажурирани информации за временската состојба граѓаните можат да следат преку официјалните метеоролошки служби.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг