Connect with us

Македонија

Поранешен министер и државен правобранител меѓу осомничените за оштета на буџетот од 450.000 евра

Published

on

По повеќемесечна предистражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал донесе наредба за спроведување на истражна постапка против десет лица за кои постои основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Осомничените со преземените противправни дејствија на помагање на првоосомничениот сите заедно предзвикале штета од значителни размери во висина од 25.502.282 денари (450.000 евра) на буџетот на Македонија, пишува Фокус.

Како што информираат денеска од Јавното обвинителство, во периодот од 2010 година до 2018 година во Делчево првоосомничениот, поранешен јавен обвинител, во својство на службено лице – секретар и законски застапник, член на Собрание и член на Извршен одбор на здружение на граѓани во државна сопственост, а истовремено и одговорно лице – управител во правното лице во приватна сопственост, ја искористил својата службена положба и ги пречекорил своите службени овластувања.

– Тој во периодот од 2010 година до 2015 година, со намера да прибави противправна корист за себе, а подоцна во периодот од 2015 до 2018 година со намера да прибави противправна корист за себе и за својот син, ја искористил својата службена положба и ги пречекорил своите службени овластувања. Првоосомничениот со умисла потпомогнат од останатите осомничени во својство на службени лица – членови на органите на граѓанското здружение и друштвото во приватна сопственост, преземале противправни дејствија со кои противправно сукцесивно го присвоиле севкупниот движен и недвижен имот, имотни права и парични средства сопственост на граѓанското здружение во државна сопственост и го префрлиле на правното лице – друштво во сопственост на првоосомничениот што ја извршува истата дејност како и здружението, кое 2017 година згаснало поради ликвидација, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Покрај членовите на Собранието и Извршниот одбор на здружението меѓу кои е осомничен и поранешен министер без ресор, како што велат од Јавното обвинителство, осомничени се раководител во Управата за имотно правни работи во Министерството за финансии, државен правобранител, нотар и двајца овластени регистратори од Централен регистар на Македонија.

На предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор за двајцата првообвинети.

Македонија

НОВА ПРОВОКАЦИЈА ОД БУГАРСКАТА ФОНДАЦИЈА „МАКЕДОНИЈА“

Published

on

Според неговата објава на социјалните мрежи, панихиди за Бунева ќе има и во Тетово, Струмица и во Прилеп.

Виктор Стојанов претседателот на Фондацијата Македонија кој има забрана за влез во Македонија повикува на панихида за Мара Бунева в недела на 12 јануари на кејот на Вардар во Скопје и во црквата Свети Димитрија.

Според неговата објава на социјалните мрежи, панихиди за Бунева ќе има и во Тетово, Струмица и во Прилеп.

Стојанов во последно време е особено активен во Албанија каде дели бугарски книги и учебници за македонското малцинство.

На 13 јануари се навршуваат 97 години од атентатот што го извршила Мара Бунева врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ во центарот на Скопје. Откако го извршила атентатот, таа се самоубила.

Continue Reading

Македонија

Општина Битола: Бесплатен превоз до скијачките центри Нижеполе и Копанки!

Published

on

Општина Битола обезбедува бесплатен превоз за сите љубители на зимските спортови до скијачките центри Нижеполе и Копанки. Оваа иницијатива има за цел да го промовира активниот животен стил и да овозможи достапност на зимските активности за сите граѓани. Искористете ја можноста за удобен и бесплатен превоз до овие популарни дестинации!

Continue Reading

Македонија

УТРИНСКА МАГЛА НА ПАТИШТАТА Еве каде има намалена видливост

Published

on

Сообраќајот на останатите патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Намалена видливост поради појава на магла од 20 до 30 метри има на патниот правец Тетово – с.Гајре, од 100 до 150 метри на патните правци Скопје – Велес, Велес – Скопје, Скопје – Куманово, Куманово – Скопје и клучка Хиподром – Обиколница Скопје, до 80 метри на патниот правец Делчево – Македонска Каменица и од 50 до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато, соопшти АМСМ.

Оттаму потсетуваат дека мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино Село е затворен за секаков вид на сообраќај.

Сообраќајот на останатите патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк