Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2445 тестирања, а регистрирани се 535 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 277
-Куманово 17
-Дебар 7
-Штип 22
-Прилеп 26
-Тетово 18
-Струга 8
-Велес 10
-Битола 13
-Охрид 4
-Кавадарци 4
-Гостивар 5
-Гевгелија 24
-Струмица 30
-Крива Паланка 2
-Радовиш 6
-Кочани 12
-Пробиштип 3
-Демир Хисар 2
-Македонски Брод 1
-Валандово 5
-Виница 1
-Делчево 1
-Свети Николе 9
-Кичево 15
-Ресен 8
-Неготино 5
Во болнички услови починати се 6 лица, пациенти од Битола (66г), Куманово (57г), Прилеп (72г), Свети Николе (69г), Велес (67г) и Неготино (55г).Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 168 оздравени пациенти од:
– Скопје 68
– Штип 4
– Прилеп 14
– Тетово 11
– Струга 4
– Велес 5
– Битола 10
– Охрид 2
– Кавадарци 2
– Гостивар 3
– Гевгелија 5
– Струмица 8
– Кочани 14
– Пробиштип 1
– Берово 5
– Виница 4
– Делчево 2
– Свети Николе 3
– Кичево 1
– Неготино 2
Досега во земјата се направени вкупно 214.235 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 22170, бројката на оздравени пациенти е 16758, на починати е 815, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4597.
Во изминатите 24 часа со Србија се регистрирани повеќе од 100 новозаразени од коронавирус. На респиратор се 32 лица а две починале. Бројот на активни случаи е 1 187.
Нов негативен рекорд забележа и Албанија. Од тестраните 971 сомнителен случај вирусot е дијагностициран кај над 150 луѓте што е за седум случаи повеќе споредено со вчера кога беше забележан највисок број на заразени во едно деноноќие од почетокот на пандемијата.
„Со последно дијагностицираните вкупниот број изнесува 14.899 заразени. Во изминатите 24 часа во списокот на оздравени се впишани 100 лица или 9.215,додека починаа четири лица односно 411 до сега. И понатаму голем е бројот на лицата на кои им е неопходно болничко лекување.Така, од 5.273 активни 228 се хоспитализирани во двете ковид болници во Тирана“, соопшти Министертвото за здрвство и социјална заштита.
Кинескиот претседател, Си Џинпинг, за прв пат јавно се огласи во врска со ескалацијата на трговската војна со САД, нагласувајќи дека Кина нема да се повлече и не се плаши од неправедниот притисок што ѝ се наметнува. Оваа негова изјава доаѓа во чувствителен момент за меѓународните пазари, кои се веќе под силен притисок, додека стравувањата од глобална рецесија растат.
„Во трговската војна нема вистински победници. Спротивставувањето на целиот свет само води кон изолација“, порача Си за време на средбата со шпанскиот премиер Педро Санчез во Пекинг.
Тој потсети дека економскиот напредок на Кина, кој трае повеќе од седум децении, не се темели на туѓа помош, туку на сопствен труд и самодоверба. Без оглед на надворешниот притисок, Кина – рече Си – останува насочена кон сопствениот развој.
„Како и да се менува меѓународната сцена, Кина ќе продолжи да биде самостојна, фокусирана и одлучна да ги уредува своите работи на најдобар можен начин“, додаде тој.
Си ја искористи средбата со Санчез и за да испрати политичка порака до Европската унија, повикувајќи ја да не ја поддржува, како што рече, едностраната агресија кон Кина – алудирајќи притоа на високите царини што американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе на кинеските производи.
„Претседателот Си Џинпинг ја повика Европската унија да застане против едностраното малтретирање на Кина“, јавија кинеските државни медиуми утринава.
Трамп неодамна ги зголеми царините за кинески стоки на енормно ниво од 145%, што предизвика остри реакции од Пекинг и дополнително ја влоши ситуацијата во светската трговија. Кинеските власти веќе најавија дека нема да се повлечат, а сега и самиот Си лично ја потврди таа позиција.
Во меѓувреме, Трамп објави дека новите царини против сите трговски партнери – освен Кина – се замрзнуваат за период од 90 дена. Како одговор, Европската унија реши да направи пауза со најавените контрамерки, отворајќи простор за деескалација во односите меѓу Брисел и Вашингтон. Но, истовремено, тоа ја стави во прв план сè поострата трговска конфронтација меѓу САД и Кина.
Непосредно пред натпреварот од второто коло на Копа Либертадорес помеѓу Коло Коло и Форталеза, се случија трагични настани – две лица го загубија животот во сериозен инцидент во Сантијаго.
Сè се случи на стадионот „Монументал“, каде што дошло до хаос откако група навивачи се обиделе насилно да влезат во секторот „Кауполикан“. Во обидот да пробијат, урнале ограда, а ситуацијата брзо излегла од контрола, при што настанало стампедо.
Полицијата реагирала со солзавец, но сведоците и првичните извештаи велат дека токму во метежот, две лица биле прегазени од возило додека биле заглавени под урнатата ограда.
Според неофицијални информации, жртвите се 18-годишна девојка и 13-годишно момче. Навистина трагичен момент кој фрла темна сенка врз спортот.
Попладневното патување на семејство шпански туристи над замаглениот брег на Менхетен се претвори во трагедија кога хеликоптерот во кој се наоѓаа падна во река кај брегот на Њу Џерси, при што загина целото семејство и пилотот.
Сведоци на несреќата биле случајни минувачи кои виделе како хеликоптерот паѓа од небо и удирајќи во водата се превртува наопаку, додека делови од леталото паднале во реката.
Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс изјави дека семејството е од Шпанија. Агустин Ескобар, неговата сопруга Мерс Кампруби Монтал и нивните деца, на возраст од 4, 5 и 11 години, се идентификувани како жртви на несреќата, заедно со 36-годишниот пилот, потврдија полициски извори за Еј-би-си Њуз.
Агустин Ескобар беше претседател и извршен директор на Сименс Шпанија.
Според полицискиот комесар на Њујорк, Џесика Тиш, службите за итна помош примиле повик во 15:17 часот. – пријавена е хеликоптерска несреќа во реката Хадсон во близина на паркот Пиер А во Хобокен, покрај брегот на Њу Џерси. По пристигнувањето, полицијата извлекла четири лица од водата, а пожарникарите извлекле уште две.
Четири лица се прогласени за мртви на местото на несреќата, а две се пренесени во болница, рече Тиш. Градоначалникот на Џерси Сити, Стивен Фулоп, изјави дека две деца биле пренесени во болница, но лекарите не можеле да ги спасат и тие исто така биле прогласени за мртви.
Актуелниот американски претседател Доналд Трамп го изрази своето сочувство преку Truth Social, велејќи: „Бог да ги благослови семејствата и пријателите на жртвите“.
„Сè што можам да ви кажам е дека сме уништени“, рече Мајкл Рот, директор на „Њујорк хеликоптер чартер“, кој е сопственик на хеликоптерот.
„Јас сум татко, дедо, а мојата сопруга плаче без престан од попладнево“, додаде тој.
На прашањето за техничката состојба на хеликоптерот, тој рече дека тоа е одговорност на директорот за одржување, кој одби да коментира.
Шпанскиот премиер Педро Санчез ја нарече несреќата „незамислива трагедија“ во објава на платформата Икс.
„Сите мои мисли се со семејството и пријателите на жртвите во овој момент“, напиша тој.