Connect with us

Македонија

Македонскиот заменик министер за внатрешни работи, Назим Буши потрошил 20 ИЛЈАДИ ЕВРА за престој во хотел во Турција

Македонскиот министер Назим Буши во актуелната влада според пишувањата на Телевизија Ора потрошил дури 20 илјади евра за престој во претседателски апартман во хотел во Иснабул. 

Како што пишува oranews.tv, Заменик министерот за внатрешни работи на Македонија, Назим Буши потрошил дури 20.000 евра од ноќ во хотел во Истанбул.

– Скандалите на владини членови ги преминуваат границите. Со месечна плата од само 1.500 евра, заменик министерот за внатрешни работи на Македонија, Назим Буши, спие во хотел кој чини 20.000 евра од ноќевање во Турција. Кој му ја платил за престојот во претседателскиот апартман во хотел во Истанбул, додека на видеото се гледа и неговиот син во друштво на две девојки. Поконкретно, заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши, престојуваше една ноќ во претседателскиот апартман на „CVK Park Bosphorus Hotel“ во Истанбул. За тоа сведочи видеото направено од Буши во просториите на претседателскиот апартман, кој зафаќа 850 метри – пишува ТВ Ора во својата анализа.

Според нивното пишување, на видеото јасно се гледа дека заменик министерот ги снима ентериерите на луксузниот апартман.

– Во друг момент на видеото се гледа синот на заменик министерот Ќерим Буши во друштво на две девојки. Едноставно пребарување на Booking ни покажа дека ноќевање во претседателскиот апартман е 20 илјади евра. Нормално, се поставуваат некои прашања: Може ли Буши да плати 20.000 евра за ноќевање во хотел, знаејќи дека има месечна плата од околу 1.500 евра? Дали резервацијата на претседателскиот апартман ја направил самиот заменик министер за внатрешни работи или турски државјанин? Со кое лице го направил престојот во Истанбул во октомври 2020 година? – прашуваат новинарите во написот.

Видеото можете да го гледате на следниов линк

Македонија

Кадровски „ресет“ во СДСМ: Утре се избира новото партиско раководство

СДСМ утре ќе го официјализира новото партиско раководство, по турбулентниот почеток на декември кога, на барање на претседателот Венко Филипче, целото раководство поднесе оставка. Потег што од партијата го опишаа како „одговорен и морален“, а кој отвори простор за темелно кадровско рестартирање.

Филипче најави дека списокот со новите потпретседатели и членовите на Извршниот одбор е веќе затворен и дека јавноста утре ќе дознае кои лица ќе ја водат партијата во наредниот период. Според него, станува збор за внимателно избалансирана комбинација од искусни партиски кадри и млади луѓе со нова енергија.

„Се избира ново раководство – нови потпретседатели и нов Извршен одбор. Практично, нова сила во партијата, спој на искуството и младоста“, изјави Филипче во централниот дневник на „Сител“.

Лидерот на СДСМ најави и поширока офанзива надвор од партиските рамки – отворен фронт со граѓаните, политичките актери и граѓанскиот сектор, со цел, како што рече, да се стави крај на криминалната власт во државата.

Потсетуваме, на 2 декември, по иницијатива на Филипче, целото раководство на СДСМ поднесе оставка, со што започна процес на внатрешна реорганизација. Од партијата тогаш порачаа дека следува период на кадровско освежување, организациско зајакнување и вклучување на нови лица.

Утрешниот ден, според најавите, треба да ја покаже новата слика на СДСМ – со нови луѓе, нова поставеност и амбиција партијата повторно да се позиционира како силен политички играч на сцената.

Continue Reading

Македонија

Новогодишното украсување на Општина Тетово за 25.000 евра

Со мнозинство во Советот на Општина Тетово, на вонредна седница одржана онлајн доцна вчера попладне, се изгласа мнозинство иницијативата за празнично украсување на градот, одвојувајќи дарежливи 1.500.000 денари или речиси 25.000 евра за таа цел.

Оваа одлука, која претставува измена и дополнување на Програмата за активности во областа на културата за 2025 година, стави крај на долгогодишната „суша“ на новогодишна декорација.

Програмата беше изгласана со силната поддршка на советничкото мнозинство, составено од Коалицијата Вреди и ВМРО-ДПМНЕ.

„За оваа програма ‘за’ гласаше советничкото мнозинство составено од Коалицијата Вреди и ВМРО-ДПМНЕ… Со оваа одлука, Општина Тетово ја потврдува намерата градот да добие празничен сјај за крајот на 2025 година“, ентузијастички информираше претседателот на Советот, Јусуф Абдули.

Сепак, одлуката не помина без отпор. Против гласаа советниците од коалицијата НАИ, додека воздржани останаа советниците од Подобро за Тетово, Левица и СДСМ, потенцирајќи ја политичката поделба околу приоритетите.

Оваа одлука е особено значајна, бидејќи доаѓа по цели години во кои улиците и градскиот плоштад остануваа мрачни за време на празниците.

Во последните години од вториот мандат на поранешната градоначалничка Теута Арифи, и за време на целиот прв мандат на актуелниот градоначалник Билал Касами, официјалното образложение беше идентично: дека општината немала пари за новогодишни украси. Сега, со обезбедените 25.000 евра, градот е подготвен да ја прекине оваа непразнична традиција и да ја врати магијата на улиците.

Continue Reading

Македонија

Судот одреди 30 дневен притвор за поранешниот државен правобранител Фехми Стафа

Судот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој е осомничен во предмет поврзан со обид за поткуп во правосудството.

Според информациите од надлежните институции, Стафа се сомничи дека се обидел да влијае врз судска одлука преку нудење поткуп, што претставува сериозно кривично дело против правдата. Притворот е определен поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и повторување на делото.

Обвинителството наведува дека истрагата е во тек и дека се прибираат дополнителни докази поврзани со случајот, додека одбраната најави дека ќе ги користи сите законски средства за оспорување на мерката.

Случајот предизвика силен интерес во јавноста, имајќи ја предвид функцијата што Стафа ја извршувал во минатото, а надлежните порачаа дека борбата против корупцијата во правосудниот систем останува еден од приоритетите.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг