Connect with us

Македонија

(Видео) Мијалков се појави во Кривичен суд – Го прашаа дали доаѓа од Мериот или од затворот во Струга

Published

on

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков во придружба на полицаец дојде во Кривичниот суд во Скопје.

Тој беше спроведен пешки, а комбето на затворската полиција од Струга, не беше позади зградата на Кривичен суд, каде на паркингот секогаш се симнуваат затвореници, по што се спроведуваат во судница.

Тој беше спроведен пешки, а комбето на затворската полиција од Струга, не беше позади зградата на Кривичен суд, каде на паркингот секогаш се симнуваат затвореници, по што се спроведуваат во судница.

На прашање од екипата на „А1он“ до Мијалков, дали доаѓа од хотелот Мериот или затворот во Струга, тој реши да не одговори.

Прашан како успеал да го надмудри целиот судски систем, и од 20 години затворска казна, сите пресуди да се укинат и да има само три, Мијалков не даде одговор и влезе во судот. Тој на скалите во судот се сретна со Мендух Тачи кој е исто така обвинет за случајот, со кој се поздрави, по што заедно влегоа во судницата.

На минатото рочиште за Титаник 2, Мијалков не беше спроведен од затворот во Струга поради грешка во наредбата за спровод направена во судот. За ова имаше и низа препукувања помеѓу судијата Огнен Ставрев и затворот во Струга.

За разлика од сите затвореници кои во судот се спроведуваат со лисици, Мијалков дојде без нив.

„А1он“ побара став и од Управата за извршување санкции, дали ако се погледнат видео записите од надзорните камери на затворот, ќе може да се воочи и присуството на Мијалков. Оттаму, пет дена – нема одговор

Македонија

Вреди бара ДУИ да го исклучи Груби од членство на партијата

Published

on

Упатуваме јасен и отворен повик до раководството на Демократската унија за интеграција да преземе конкретни и видливи мерки за зачувување на стратешкото партнерство на Албанците од Македонија со Соединетите Американски Држави и за докажување дека Албанците нема да бидат заложници на ничиј криминал. Бараме ДУИ да донесе формална одлука за исклучување на Артан Груби од членство во партијата, наведуваат од ВЛЕН.

„Досегашните изјави на господинот Али Ахмети и господинот Бујар Османи за принципиелност и транспарентност останаа само на ниво на празни зборови. Ги повикуваме да преземат конкретни чекори, кои ќе покажат дека нивните ветувања и заложби се реални и дека нема да дозволат какви било сомнежи околу криминална или нечесна активност да ја нарушат репутацијата и иднината на Албанците во Република Северна Македонија.

Притисокот од јавноста е реален и легитимен – луѓето бараат дела, а не празни фрази. Доколку ДУИ сака да ја потврди сериозноста на своите заложби за владеење на правото и за севкупен општествен интегритет, неопходно е итно да покаже дека нема да толерира сомнителни активности од своите редови. Исклучувањето на Артан Груби од партијата е неопходен потег за да се испрати јасна порака дека партијата и нејзините лидери се искрени во заложбите за почитување на законите и силно партнерство со САД. Се друго е јасен доказ дека тие го прикриваат и штитат нивниот другар Артан Груби“, потенцираат од ВЛЕН.

ВЛЕН стои зад сите иницијативи кои ќе доведат до поголема отчетност и одговорност на политичките актери во земјата. Веруваме дека со итно и решително делување, ДУИ ќе покаже дека зборовите на Али Ахмети и Бујар Османи не се празни ветувања, туку дека навистина стојат зад сопствените принципи за праведност, законитост и заштита на стратешките интереси на Албанците во Република Македонија, наведуваат во соопштението.

Continue Reading

Македонија

Крај на ризиците од испади – новиот трансформатор во Битола носи стабилност во снабдувањето со струја во југозападна Македонија

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во придружба на директорот на АД МЕПСО, Бурим Латифи, ја посети трансформаторската станица (ТС) Битола 2 по повод пуштање во употреба на новиот 400/110 kV трансформатор. Оваа инвестиција претставува пресвртница и клучен чекор во обезбедувањето енергетска стабилност за југозападниот регион на земјата и целиот електроенергетски систем.

„Нашата мрежа беше изложена на сериозен ризик, особено поради двата изгорени трансформатори, што создаде реална опасност од колапс на целиот електроенергетски систем.. Новиот трансформатор ќе ја зајакне сигурноста на снабдувањето со електрична енергија во градовите Битола, Прилеп, Ресен, Охрид и Струга, обезбедувајќи стабилно снабдување за време на зголемената потрошувачка во зимските месеци. Дополнително, ќе овозможи непречено производство на електрична енергија во РЕК Битола, кој е клучен снабдувач на електрична енергија во државата.“, изјави министерката Божиновска.

Проектот, првично започнат во 2023 година, но занемарен од претходното раководство, беше оптоварен со доцнења и пропусти. Под водство на новото раководство, проектот беше оживеан и забрзан за да одговори на итните потреби на регионот. Транспортот на трансформаторот беше предизвик сам по себе, вклучувајќи неповолни временски услови, силни ветрови кои го отежнуваа утоварот и истоварот на пристаништето, како и потребата за обезбедување дозволи за транспорт низ неколку земји.
„Успешната испорака на трансформаторот беше можна само благодарение на тимската работа и посветеноста на нашите технички екипи како и координацијата со ресорните Министерства. Наследивме систем на работ на колапс, но со фокус и експертиза, испорачавме решение кое ја враќа стабилноста и довербата “, истакна генералниот директор на АД МЕПСО, Бурим Љатифи
Инсталирањето на трансформаторот дополнително ќе овозможи продолжување на проектот за реконструкција на 110 kV далекувод ТС Битола 1 – ТС Прилеп 1, чија што реконструкција беше прекината поради испадот на двата трансформатори.

Посетата на министерката е дел од континуираните напори за модернизација на енергетската инфраструктура. Преку соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) се започна и со изработка на стратегија за зајакнување на националната мрежа со цел забрзана и сигурна интеграција на обновливите извори на енергија, како и модернизација на енергетската инфраструктура во државата.
Божиновска истакна дека со исклучителна посветеност во изминатиот период се работеше на изработка на новиот Закон за енергетика и Законот за обновливи извори на енергија, со чија имплементација земјата ќе се врати на патеките кон забрзана интеграција во единствениот електроенергетски систем.

“На долгорочен план, нашите иницијативи се тесно усогласени со целите на ЕУ за енергетска безбедност и зелена транзиција. Дополнително, преку механизмот на Western Balkan infrastructure facilities планираме надградба на 400 kV интерконекција меѓу Македонија и Грција, конкретно 400 kV интерконекција Битола-Лерин, со што би ги зголемиле прекугранични капацитети. Планираме воведување на технологијата (Dynamic Line Rating) на критичните коридори за максимизирање на ефикасноста и зголемување на преносниот капацитет. Една од клучните цели на долг рок е и отпочнуваме на процесот на дигитализација на нашите трансформаторски станици, вклучувајќи го и преминот кон системи без SF6 гас.

Друга приоритетна област е напредокот во интеграцијата на пазарот преку пазарното поврзување со Грција, Албанија и Косово кој се очекува да биде целосно имплементиран до 2027 година, создавајќи обединет регионален пазар со кој би зголемила флексибилноста и адекватноста на македонскиот електроенергетски систем, а со тоа и можноста за дополнителна интеграција на обновливи извори на енергија. “ додаде министерката Божиновска.

Continue Reading

Македонија

Денес е трет ден Божиќ: Овој обичај е задолжителен на Свети Стефан

Published

on

Свети Стефан секогаш се слави третиот ден од Божиќ и е една од најголемите слави кај нашиот народ.

Според обичаите, на овој ден се изнесува божиќната слама од домот, која прво внимателно се собира, па се остава во шталата, во овоштарниците или меѓу пчелите за да се поттикне род и напредок.

Во некои краишта, традицијата налага жените да ја изнесат сламата, тивко, за да не се слушне дека заминува Божиќ. Метлата со која ќе ја сметат божиќната слама не се користи во текот на годината, туку се чува за здравје.

На шега се вели дека оваа слава ја држат скржавците, бидејќи ситите гости не можат да јадат и пијат многу по божиќните прослави.

За оваа, како и за другите слави, најважно е да има славска погача на трпезата со икона од светецот Свети Стефан, да гори славската свеќа и во куќата на домаќинот да дојдат неговите најблиски – роднините, кумовите, блиските пријатели. Без нив, ништо од наведеното не би имало смисла.

Кој бил свети Стефан?

Свети Стефан бил Евреин и роднина на апостол Павле. Тој бил првиот од седумте ѓакони кои светите апостоли ги ставиле на служба за да им помагаат на сиромашните во Ерусалим. Затоа се нарекува и архиѓакон.

Со својата вера правел многу чуда меѓу луѓето, а на своите противници им се спротивставувал со мудрост и со силата на Светиот Дух. Бил обвинет за ерес, а со помош на лажни сведоци, бил и осуден.

Светецот му се обраќал на народот и му раскажувал за добрините што Бог ги правел за Израелците, а нив ги нарекувал предавници.

Набрзо потоа го истерале од градот и го каменувале. Меѓу мачителите бил и неговиот роднина Савле, подоцна апостол Павле.

Свети Стефан бил првиот христијанин кој страдал за Господ и затоа се нарекува првомаченик. Еврејскиот кнез Гамалил, инаку потаен христијанин, кришум го зел телото на Свети Стефан и го погребал на својот имот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк