Connect with us

Македонија

Автомобил пропадна во канал во сред Скопје (Фото)

Published

on

Утрово автомобил враќајќи се наназад пропадна во канал кој е дел од градилиштето на недоградената улица Есенинова во Кисела Вода која треба да обезбеди уште една директна врска на оваа општина со Центар, пишува А1он.мк.

Улицата трета година е недоградена иако за да се доврши треба да се уредат само уште помалку од сто метри. Трасата е пробиена, па скопјани со месеци ја користат и покрај ризикот да пропаднат во каналот, како возачот утрово, или пак да го изгребат автомобилот како што редовно им се случува на поголемите возила оти на недоградениот дел има останата ограда која ја скратуваат само оние што ќе заглават со возилата.

Возачот утрово тргна кон оградата, но откако процени дека не може да го мине тесниот дел почна да се враќа наназад и пропадна во канал на градилиштето. За возачите нема предупредување за опасност, ниту пак градските власти се потрудија да го обезбедат градилиштето па низ него коли си минуваат како на изградена сообраќајница.

Есенинова е градска улица за чија изградба проектот го направи Коце Трајановски, но пред да ја почне реализацијата ги изгуби изборите. Неговиот наследник Петре Шилегов ја почна изградбата во август 2020 година со најава дека изведбата ќе трае 22 месеци. Шилегов имаше и оптимистичко ветување за скопјани во рамки на изборната кампања во октомври 2021 година. Ветуваше дека до средината на ноември, истата година, по Есенинова ќе се вози оти преместени биле бунарите на Тутунски комбинат, кои беа на трасата и завршени биле неопходните експропријации. Шилегов ги изгуби изборите, а по Есенинова се уште не се вози, пишува А1он.

Цел текст ТУКА

Македонија

Верижн судир на 5 автомобили во Хиподром (ВИДЕО)

Published

on

Синоќа во населбата Хиподром се случи верижен судир во кој учествуваа пет автомобили.

Според очевидци, инцидентот настанал поради неприлагодена брзина и лизгав коловоз.

За среќа, нема информации за потешко повредени, но е причинета значителна материјална штета.

Од настанот постои и видео, кое сведочи за сериозноста на судирот.

Continue Reading

Македонија

Жолт аларм во Македонија: Од утре обилен снег, но и силен ветер, ова се деталите

Published

on

Утре се очекува брз продор на студена воздушна маса од север, што ќе донесе значителна промена во времето.

Ќе преовладува облачно време со дожд, а на повисоките места дождот ќе се прелее во снег. На планините ќе има врнежи од снег, при што се очекува формирање на снежна покривка од 10 до 15 см.

Ќе дува силен северен ветер (над 70 км/ч), а температурите значително ќе опаднат.

Во понеделник, со продолжениот засилен северен ветер, на некои места ќе има повремени врнежи од слаб снег. Потоа времето ќе стане стабилно, но ветровито, со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни.

Continue Reading

Македонија

Полицијата со претреси во струмичко, пронајдени неколку вреќи со марихуана, но затекнале и лица како ја чистат растителната материја (ФОТО)

Published

on

Претреси во струмичко, пронајдена дрога

На 04.04.2025 во 15 часот во село Колешино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.К.(65) од село Колешино. Врз основа на судска наредба бил извршен претрес на три локации кои ги користи лицето, при што на катастарска парцела во село Борисово, струмичко, биле пронајдени неколку вреќи и повеќе најлонски пакувања исполнети со зелена растителна материја, вреќа со остатоци од растителна материја, семки од растение, вага, како и други предмети со остатоци од растителна материја. Одземената растителна материја е со тежина од околу три килограми. При претрес на домот на лицето биле пронајдени и две воздушни пушки, за кои не поседувал соодветна документација.

На катастарската парцела биле затекнати и Џ.Д.(56) и Д.Т.(60), двајцата од село Банско, струмичко, во момент кога Д.Т. ја чистела пронајдената растителна материја, и биле лишени од слобода.

В.К. бил задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк