Connect with us

Македонија

Тетовци излегуваат на протест за херој-докторот Бобан, кој е обвинет за страшниот пожар во модуларната болница

Published

on

Во понеделник – 16.01.2023 година, со почеток од 09.00 часот повторно се организира мирен протест пред Основниот суд во Тетово, а заради (не)правдата кон др. Бобан Вучевски.

Докторот кој е тетовскиот херој од корона-пандемијата е обвинет како одговорен за страшниот пожар во модуларната болница во Тетово, во кој изгореа 14 луѓе. Сите, кои сакате да му дадете поддршка на овој хуман човек и да изразите револт за овој судски процес, добредојдени сте.

Се гледаме пред суд и остануваме таму до крајот на рочиштето тој ден, пишува на настанот отганизиран на социјалните мрежи.

Македонија

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски доби признание за посебен придонес во едукацијата и рехабилитацијата на лицата со попреченост

Published

on

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ја прими благодарницата за особениот придонес во развојот на едукацијата и рехабилитацијата на лицата со попреченост, доделена од Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Македонија. На значајната конференција, која ја одбележува 75-годишнината од организираното образование, рехабилитација и вработување на лица со попреченост, Ѓорѓиевски истакна дека ова признание е потврда за посветеноста и напорите на Општина Кисела Вода да обезбеди подобар живот за сите свои граѓани.

Општина Кисела Вода, која е препознатлива по својата инклузивна политика, има реализирано низа значајни проекти и иницијативи за подобрување на секојдневието на лицата со попреченост. Меѓу нив се издвојуваат отворањето на дневниот окупационен центар во соработка со невладината организација „Крик“, поддршката на Здружението за деца со церебрална парализа, и збогатувањето на библиотеката со книги на Брајово писмо за децата со оштетен вид од училиштето „Димитар Влахов“.

Ѓорѓиевски нагласи дека во основните училишта се опремени сензорни соби за поддршка на учениците со различни потреби, додека во зградата на општината се поставени патеки за слепи лица. Исто така, Општината вработува лица со Даунов синдром и со попречен вид, што го докажува нивниот стремеж кон вистинска инклузија и еднакви можности за сите.

„Посебно сме горди што годинава, со наша поддршка, се реализираше инклузивната претстава ‘Малиот принц’ со учество на лица со церебрална парализа, а бевме и домаќини на логопедско-дефектолошкиот конгрес“, изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека Општина Кисела Вода продолжува да се издвојува како пример за инклузивна заедница.

Ова признание за градоначалникот и за Општина Кисела Вода претставува потврда дека се движат во правилната насока, а тој најави дека напорите за инклузија и поддршка нема да престанат, со цел да се обезбеди подобар живот за секое дете и човек во општината.

Continue Reading

Македонија

Исчезната е жена во околината на Јурумлери – последен пат е видена на автобуска станица

Published

on

Исчезната е жена во околината на населено место Јурумлери.

Според членови на семејството кои се во потрага на нивната мајка, жената последен пат е видена на автобуската станица во Јурумлери, на себе имала зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми на нозете.

Засега, оставен е контакт, доколку некој ја забележи веднаш да го исконтактира семејството.

Continue Reading

Македонија

Референт во Струмица секој месец примал пари од жител кој сечел дрва

Published

on

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.К.(39) од Струмица поради постоење на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службена должност“ по член 353 и „примање поткуп“ по член 357 од КЗ.

Пријавениот Б.К., референт во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница Беласица – Струмица, се сомничи дека во претходните шест години, континуирано секој месец, лично или со посредство на друго лице, барал и добивал паричен надомест од жител на струмичко село, кој требало да добие дозвола за сеча на дрва. Исто така, лицето за да добие дозвола за сеча на дрва плаќало и други услуги во корист на осомничениот. Откако ќе добиел надомест, пријавениот се јавувал на лице кое требало да ја издаде дозволата за сеча на дрва на планината Огражден, за да му биде изготвена и дадена на лицето.

На 06.11.2024 во Струмица, во моментот кога примал паричен надомест од истото лице, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.К.. Исто така, со судска наредба, биле извршени претреси во неговиот и во домовите на уште две други лица, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делата.

Од страна на судија од Основен суд Струмица на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк