Connect with us

Македонија

Стотици верници од утрово ги исполнија дворовите на црковните храмови во Прилеп: Со пуштање гулаби најавено осветувањето на водите (Фото галерија)

Published

on

Денес православните христијани го празнуваат големиот празник Богојавление – Водици.

Стотици верници уште во раните утрински часови ги исполнија храмовите во Прилеп за да присуствуваат на утринската литургија.

Во храмот Св. Благовештение (Стара Црква) верниците во најголем број го започнаа празнувањето на Водици и се поздравуваа со радосниот христијански поздрав “Бог се јави”.

Симболично, беа пуштени и гулаби кои го најавија осветувањето на водите во Прилеп.

Македонија

Подгответе се за силно невреме: Еве какво време ја очекува Македонија во следните 24 часа

Published

on

Во следните 24 часа од Медитеранот кон нашата Република Македонија ќе помине влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд, локално и особено во западните предели поројни и проследени со грмежи, локално во вид на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) електрични празнења и со услови за појава на град.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

И во делови од Скопскиот регион во следните 24 часа ќе има повремен локален дожд, кој повремено би можел да биде пороен и проследен со грмежи. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие остануваат без поголеми промени и ќе бидат релативно високи и ќе биде пролетно топло, меѓутоа поради јужното воздушнои струење и Сахарската прашина и песок која е присутна во воздухот, времето ќе биде мачно и спарно, а температурите ќе ги чувствуваме како да се повисоки од реално измерените.

Апелирам, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, граѓаните да бидат повнимателни, односно да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, а во случај на појава на силен ветер, истите да ги заштитат своите автомобили, односно, да не ги ставаат во близина на дрвјата.

МетеоАларм

Continue Reading

Македонија

Обвинителството поднесе жалба против малата казна пресудена за Пајазити кој ја усмрти Теодора Ристовска

Published

on

Основното јавно обвинителство Тетово поднесе жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово од 7.4.2025 година со која обвинетиот Менсур Пајазити беше осуден – за Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и му беше изречена казна затвор во траење од две години.

Жалбата е вложена поради висината на кривичната санкција, која според обвинителот е преблага во однос на тежината на стореното кривично дело и степенот на кривична одговорност на обвинетиот.

Меѓу околностите поради кои обвинителството бара построга казна се особено тешките последици од сообраќајната несреќа, во која пешакот Теодора Ристовска се здоби со тешки телесни повреди од кои потоа почина.

ОЈО Тетово го имаше предвид мислењето на Судскиот совет изнесено во однос на овој предмет пред тој да биде правосилно завршен.

Меѓутоа, со оглед на тоа што Јавното обвинителство во претходната постапка за овој настан во ниту еден момент не се согласило со двегодишна затворска казна, надлежниот јавен обвинител смета дека сепак има простор за корекција на санкцијата.

Освен тоа, општиот јавен интерес, предизвикан од зачестеноста на вакви кривични дела како појава, укажува на потребата од јакнење на казнената политика како превентивен механизам, па јавниот обвинител одлучи да ја искористи законската можност и да побара од Апелацискиот суд Гостивар да ја преиначи казната во повисока.

Дополнително, и семејството на жртвата кое во оваа фаза од постапката нема право на жалба, писмено со обрати до обвинителството за да побара да ја обжали пресудата.

Continue Reading

Македонија

Бектеши доби нови 30 дена притвор

Published

on

Продолжен е притворот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши. Неговиот адвокат Еленко Миланов за Република објаснил дека на Бектеши му е одреден нов 30 дневен притвор на истите околности како претходниот пат.

– Се наведува тежината на делото, опасност од бегство, влијание на сведоци. На оваа одлука ќе доставиме жалба, нагласува Миланов за Република.

Пред 30 дена Бектеши беше повикан на информативен разговор во полициска станица во Карпош, а потоа пренесен и во ОЈО Кочани, по што судија на претходна постапка одреди мерка притвор.

Вчера се наврши еден месец од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, најголемата несреќа од независноста на државата. 

Досегашната истрага покажа дека постоеле системски грешки и пропусти во изминатите години поради што досега со истрагата опфатени се вкупно над 60 физички и три правни лица меѓу кои сопственикот на дискотеката, сегашни и поранешни градоначалници на Кочани, поранешни министри за економија, поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат, полициски службеници…. Истрагата се уште трае, а во неа се вклучени 13 обвинители. Досега се извршени голем број претреси, сослушани сведоци и собрани над илјада материјални докази.

Викендов, истрагата беше проширена со нови 19 лица. Пожарот во дискотеката во Кочани настана ноќта на 15 кон 16 март за време на настапот на групата „ДНК“. Животот го загубија вкупно 61 лице од кои 59 уште истата вечер. Починатите беа на возраст од 16 до 48 години. Најголем број од нив на возраст од 24 и 26 години. Меѓу нив беа и пејачот на  бендот „ДНК“ Андреј Ѓорѓиески, професорката на Факултетот за музичка уметност Сара Пројковска, тапанар Ѓорѓи Ѓорѓиев, како и Филип Стевановски, Александар Коларов и Александар Ефремов. 

Двајца починаа дополнително како последица на тешките повреди. Еден од нив беше и управителот на дискотеката Александар Каракадовски, кој почина во Литванија каде се лекуваше. И тој беше еден од осомничените, но за него сега истрагата е прекината. 

Повредени беа вкупно 193 лица од кои најголем дел, по првично укажаната медицинска помош во болниците во земјава, беа испратени на лекување во странство. Трошоците за лекување и сместување на семејствата на повредените беа целосно покриени од страната на државата. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк