Connect with us

Македонија

Пендаровски си го доби на ФБ- Зошто молчеше кога Џамбаски викаше дека Македонија е бугарска?! Бруко една !

Published

on

Навреди, гнев, огромен револт, омраза – сево ова е содржано во стотиците жестоки реакции, кои ги предизвика објавата на претседателот на „нашата земја“ Стево Пендаровски, кој вчера попладнето, на 20 јануари на својот официјален фејсбук-профил се огласи во својство на претседател на држава во врска со тепачката, во која граѓанинот Христијан Пендиков здобил физички повреди. Пендаровски напиша: „Го осудувам нападот врз секретарот на клубот на бугарската заедница во Охрид Христијан Пендиков. Ги повикувам надлежните институции да спроведат брза и темелна истрага, со соодветна одговорност и санкции за сторителите.“

На Пендаровски нема да му бидат потребни никакви сондажи, за да си го согледа својот рејтинг како шеф на државата меѓу народот македонски, во чие име претседателствува. Доволно ќе биде самиот да прочита што напишале за него Македонците на оваа општествена мрежа, а потоа ќе биде добро и да претпостави, што мислат и сите оние припадници на македонската нација, кои се уште не се огласиле во јавноста со „пофалби“ кон неговата „личност и дело“. Еве покарактеристичен дел од реакциите кон Пендаровски:

– „Зошто давате изјава за една обична тепачка во Охрид каде Бугарите од конец направија јаже?“; –„Претседателе, дали е натепан затоа што е секретар на Бугарски клуб во Македонија, или поради нешто сосема друго, што нема никаква врска со неговиот ангажман во клубот!? Немојте да долевате ,бензин’ кај македонскиот народ! Власта и вие директно стимулирате бес и нетрпение, не преземајќи соодветни мерки кога разни идиоти од туѓи држави во средиштето на ,’нашата држава’ го провоцираат сиот македонски народ.“; – „За кафеанска тепачка објавува на фејсбук, а молчи кога бугарскиот дебил Џамбаски во центарот на Скопје не омаловажува сите. Свесни ли сте колку го разочаравте македонскиот народ?. Толку да немате срам од сопствениот народ?!“

– „А молчеше председателов за навредите на цел македонски народ од Џамбаски и компанија во центарот на Скопје?! Затоа и сега да молчи.“; –„Немавте никаква осуда како прв човек на Македонија кон бугарските фашистички здруженија и нивните навредливи скандирања кон македонскиот народ и држава. Чиј претседател сте вие?“; –„Пендаровски, бидејќи важите за човек близок со Бугарите и пристрасно работите за нив по налог на туѓи странски интереси, ние, Македонците бараме да поднесете веднаш неотповиклива оставка од функцијата претседател на Македонија.“; –„Румен Радев ли го копираш? Момчето е криминалец и некоја си кафанска тепачка не заслужува политичко и медиумско внимание!“

–„Главен конкурент за прва награда ‘Фикус на годината’ си ја обезбеди уште во првиот месец од 2023 година. Криминалец со кривична за дрога, за да избегне одговорност, тврди дека го тепале зашто бил Бугарин и Стево доаѓа и фрла бензин на огнот, наместо да го гаси. Брукоо!“; –„Се разбуди, бе, Стево? Ги преспа Бугарите кога пред некој ден викаа среде Скопје дека Македонија е бугарска и сега ти текна да се огласиш! Човек да не те стави за претседател на куќен совет, не па ли на држава!“; –„По кој основ пишуваш статуси за некој наркоман, кој го претепале за дрога? Аман бе, еднаш да осудиш што не газат како народ и не не признаваат. Претседател ли си, што ли си? Ја срамиш нацијата, а и сам себе.“

–„А те немаше да гукнеш за Џамбаски кога среде Скопје ги искажа територијалните претензии кон Македонија и негираше се што е македонско!“–„Стево, треба да те осудат тебе на 1000 години тешка робија за сите предавства.“; –„Претседателе, во ред е да се реагира на она што е недолично, но зошто не реагиравте кога ни дојдоа среде главниот град и не нарекуваа дека сме Бугари? Зошто го дозволивте тоа? Да ни дадете одговор и објаснување, на сите македонски државјани.“; –„Пак те, насанкале, претседателе! Без да знаеш, штитиш дилери во кримипресметки.“;

– „Не оправдувам насилство од чија било страна, но кај беше, претседателе, да се јавиш кога Џамбаски среде Скопје го навредуваше македонскиот народ? Или тоа не го слушна и не го виде?“; –„А бре, претседателе, ако имаш малку доблест и ако прочиташ 2-3 коментари од постот, не мора повеќе, ќе ја видиш целата омраза и разочараност од целиот македонски народ, а не е ништо партиско, па ќе станеш и ќе си заминеш од државата, не од функцијата.“; –„А ги осудуваш ли Џамбаски и компанија што ни се испосраа на македонштината среде Скопје?!“; –„Вие сте се, само претседател на Република Македонија не!“; –„Стево, седи мирен,не додавај масло на оган, не брани ги бугарските интереси…. И така државата е отидена во неповрат.“; –„Стево, чии интереси ги застапуваш? На Македонците сигурно не! Не се знае официјално зошто е натепан, поради кои причини, а ти си даваш за право да заземаш страна? Стево, повеќе не надевај се дека ќе бидеш претседател. Ниту со албански гласови како минатиот пат.“.

Македонија

Верижен судир на 5 автомобили во Хиподром (ВИДЕО)

Published

on

Синоќа во населбата Хиподром се случи верижен судир во кој учествуваа пет автомобили.

Според очевидци, инцидентот настанал поради неприлагодена брзина и лизгав коловоз.

За среќа, нема информации за потешко повредени, но е причинета значителна материјална штета.

Од настанот постои и видео, кое сведочи за сериозноста на судирот.

Continue Reading

Македонија

Жолт аларм во Македонија: Од утре обилен снег, но и силен ветер, ова се деталите

Published

on

Утре се очекува брз продор на студена воздушна маса од север, што ќе донесе значителна промена во времето.

Ќе преовладува облачно време со дожд, а на повисоките места дождот ќе се прелее во снег. На планините ќе има врнежи од снег, при што се очекува формирање на снежна покривка од 10 до 15 см.

Ќе дува силен северен ветер (над 70 км/ч), а температурите значително ќе опаднат.

Во понеделник, со продолжениот засилен северен ветер, на некои места ќе има повремени врнежи од слаб снег. Потоа времето ќе стане стабилно, но ветровито, со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни.

Continue Reading

Македонија

Полицијата со претреси во струмичко, пронајдени неколку вреќи со марихуана, но затекнале и лица како ја чистат растителната материја (ФОТО)

Published

on

Претреси во струмичко, пронајдена дрога

На 04.04.2025 во 15 часот во село Колешино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.К.(65) од село Колешино. Врз основа на судска наредба бил извршен претрес на три локации кои ги користи лицето, при што на катастарска парцела во село Борисово, струмичко, биле пронајдени неколку вреќи и повеќе најлонски пакувања исполнети со зелена растителна материја, вреќа со остатоци од растителна материја, семки од растение, вага, како и други предмети со остатоци од растителна материја. Одземената растителна материја е со тежина од околу три килограми. При претрес на домот на лицето биле пронајдени и две воздушни пушки, за кои не поседувал соодветна документација.

На катастарската парцела биле затекнати и Џ.Д.(56) и Д.Т.(60), двајцата од село Банско, струмичко, во момент кога Д.Т. ја чистела пронајдената растителна материја, и биле лишени од слобода.

В.К. бил задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк