Connect with us

Македонија

ОСМАНИ КАЈ ПЕНДИКОВ ВО СОФИЈА: Бугарите се и ќе бидат почитувана заедница и во РСМ ќе ги имаат сите права и привилегии

Мора да го прекинеме овој циклус на провокации и насилство од двете страни, и да ја наметнеме нашата позитивна агенда која двете влади се обидуваме макотрпно да ја изградиме. Нема да доволиме да бидеме жртва на киднапери на овој наратив којшто сакаме да го изградиме од двете страни, порача денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи од Софија.

Османи, кој заедно со неговиот бугарски колега Николај Милков, го посети повредениот македонски државјанин Христијан Пендиков, кој беше физички нападнат во четврток во Охрид, уште еднаш го осуди нападот врз Пендиков.

-Таквиот чин на насилство не ги одразува вредностите на граѓаните на РС Македонија, на нашето мултиетничко општество и С. Македонија ќе се погрижи да има нула толеранција за насилство како одговор на било кој проблем, а најмалку на меѓуетничкиот соживот што е нешто свето што го градиме во последните 30 години во С. Македонија и државата ќе се погрижи да се создаде таква атмосфера на нула толеранција на насилство како одговор на било кој проблем, а најмалку на меѓуетничкиот соживот, рече Османи.

Тој порача дека најважната порака што сака да ја упати е дека нема да нема да дозволиме како две влади провокатори и насилници да ни ја киднапираат таа агенда.

-Затоа сум дојден тука, да ја испратам таа порака – дека ние градиме добри односи со Бугарија, ја гледаме иднината во блиска соработка и партнерство со Бугарија, и било кој провокатор, дали е тоа политичар од Бугарија или од С. Македонија, дали е тоа насилникот од Охрид или од било каде, нема да дозволиме тие да ни ја диктираат агендата. Бугарската заедница е и ќе биде почитувана заедница во РС Македонија, ќе ги имаат сите права, слободи, и привилегии како и секој друг граѓанин и секоја друга заедница, и заедно со другите ќе живеат подеднакво слободни, рече Османи.

Тој исто така упати и порака дека нема да се дозволи и негирање на македонскиот народ.

-И затоа сакам и да упатам порака дека и тие провокации треба да престанат и да укажам дека секое доаѓање во С. Македонија, со цел навреди кон македонскиот народ, негирање на македонскиот народ, ќе мораме сериозно да го адресираме и тоа да биде последно доаѓање во С. Македонија. Значи и двете прашања ќе мора подеднакво.  Фокусот денеска е на ова насилство врз Христијан коешто мора да го осудиме, и мора да создадеме атмосфера на нула толеранција, но исто така и провокација од политичари кои доаѓаат во С. Македонија среде Скопје, го негираат македонскиот народ, го навредуваат македонскиот народ, тоа мора да го пркеинеме и тој вициозен циклус во којшто сме влезени мора да престане, дециден е Османи.

Затоа, додаде тој, упатувањето е дека тоа веројатно ќе биде последно доаѓање во Македонија на секој кој ќе ги навреди Македонците, македонскиот народ или било која друга заедница, како што ние нема да дозволиме никој да ги навреди бугарската заедница, или пак најмалку да покаже насилство кон било кој припадник на бугарската заедница во С Македонија и државата тоа ќе го гарантира.

В.д. бугарскиот министер за надворешни работи Милков, рече дека Бугарија нема да отстапи од заштитата на правата на бугарската заедница во Македонија.

– Бугарија цврсто инсистира сторителите на овој чин и други слични дела да бидат казнети со строгост на законот, за да се стави крај на оваа атмосфера на неказнивост што раѓа ново и ново насилство, рече Милков, по посетата на Пендиков на ВМА.

Тој додаде дека сака да каже „не“ за заживување на „црните традиции“ кои историски се поврзуваат со Македонија – палење, пукање и насилство врз луѓето.

-За такви работи воопшто нема место во Европа и ние сме крајно загрижени поради тоа, додаде Милков. Според министерот, Пендиков продолжува да добива закани на Интернет.

Македонија

Нов чекор во зачувувањето на традицијата: Промовирани македонските машки носии од Преспа во Пустец

Во гимназијата „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец денес се одржа промоција на новоизработени македонски машки народни носии од Преспанскиот регион. Носиите се создадени во рамките на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, влашкото и ромското национално малцинство во Корчанскиот регион“, кој го спроведува Македонското друштво „Сонце“ во партнерство со неколку организации и со поддршка на Комитетот за национални малцинства на Албанија.

По ланската реконструкција на четирите женски носии, денешната презентација на машките носии го комплетира целосниот фолклорен ансамбл на Македонците од Преспа, што ќе може да се претставува на домашни и меѓународни културни манифестации.

Претседателот на друштвото „Сонце“ од Корча, Васил Стерјовски, изјави дека овој проект е значаен чекор во зачувувањето и унапредувањето на македонската традиција во Албанија.
„Со ова, македонската културна ризница добива уште посилен и подостоинствен претставник и дома, и на меѓународната сцена,“ нагласи Стерјовски.

Continue Reading

Македонија

Народната банка го објави конкурсот за годишната награда за млади истражувачи

Народната банка на Република Македонија ги повикува младите истражувачи да учествуваат на Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2026 година. Целта на оваа награда е да го стимулира развојот на научната мисла, да ја поттикне изработката на висококвалитетни истражувачки трудови во клучните економски дисциплини, како и да ги афирмира талентираните млади стручни кадри во земјата.

Право на учество имаат државјани на Република Северна Македонија кои не ја надминале 35-годишната возраст.

Клучни барања за трудовите:

  • Трудот мора да содржи осврт на македонската економија.

  • Максимален број на знаци е 80.000 карактери, со препорака за почитување на стандардна научна структура.

  • Трудовите може да бидат поднесени на македонски, албански или англиски јазик.

  • Секој автор може да поднесе само еден труд.

Дозволено е да се конкурира со веќе објавени истражувања, под услов да не се објавени пред 1 јануари 2026 година.

НБРМ гарантира дека сите доставени трудови ќе бидат третирани како доверливи материјали.

Критериумите за вреднување вклучуваат повеќе аспекти, со посебен акцент на: релевантноста на темата, квалитетот на анализата, методолошкиот пристап и јасноста на заклучоците.

Крајниот рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2026 година.

Предвидени се значајни парични награди за најуспешните истражувачи: Прворангираниот труд ќе биде награден со 130.000 денари, додека пак второрангираниот труд со 65.000 денари.

Пријавувањето се врши електронски. Трудот во ворд-формат, заедно со кратка биографија на авторот, треба да се достави на следната е-адреса: konkurs@nbrm.mk, со задолжителна назнака: „За Годишната награда на Народната банка“.

За подетални информации, целиот текст на Конкурсот е достапен на веб-страницата на Народната банка.

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2026 година

Continue Reading

Македонија

Хаос на патиштата: 6.151 казна и 44 приведени за само 9 дена – полицијата апелира на внимателност

Полициската акција на патиштата низ земјава ги покажува застрашувачките резултати од недисциплината во сообраќајот. Во првите девет дена од декември, МВР удри по педалата, евидентирајќи неверојатни 6.151 сообраќаен прекршок.

Најострите мерки се насочени кон оние кои најдиректно ја загрозуваат безбедноста. Вкупно 44 лица се лишени од слобода за насилничко управување на возило, согласно Член 297-а од Кривичниот законик. Меѓу нив, 33 возачи се фатени како возат под дејство на алкохол, директно претворајќи ги своите возила во смртоносно оружје.

Покрај пијаните возачи, на “црната листа” се најдоа двајца возачи кои возеле во забранет правец, и девет лица фатени во брзи трки: пет во населено место и четворица надвор од него, јасно игнорирајќи ги ограничувањата.

Издадени се 6.151 платни налози, а анализата на прекршоците открива фрапантни бројки:

  • Брзина – Апсолутен Рекордер: Со 1.573 казни, брзото возење останува најголем проблем на македонските патишта.

  • Хаос на Паркинзите: Евидентирани се 1.511 прекршоци за непрописно паркирање.

  • Возење Без Дозвола: 620 возачи се фатени како возат без да поседуваат возачка дозвола.

  • Игнорирање на Правилата: 173 санкции за возење под дејство на алкохол и 39 казни за минување на црвено светло.

  • Заборавениот Појас и Мобилниот: 349 учесници не користеле сигурносен појас, а 214 возачи зборувале на мобилен телефон.

Полицијата дејствуваше и на терен: 119 возила се отстранети од сообраќај поради нерегистрираност, а 62 поради техничка неисправност. Санкционирани се и 28 возачи со непрописно затемнети стакла.

Полицијата соопштува дека контролите нема да престанат. Апелот е јасен и остар: Почитувајте ги правилата! Безбедноста на патиштата е одговорност на секој поединец.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг