Connect with us

Свет

ПАПАТА: Хомосексуалноста не е криминална, но е грев ….

Published

on

Папата Фрањо ги критикуваше законите кои ја забрануваат хомосексуалноста, додавајќи дека Господ ги сака сите свои деца такви какви што се. Тој исто така ги повика католичките свештеници кои ги поддржуваат ваквите закони да примаат ЛГБТ луѓето во црквата – пренесува ЕлЏезеира.

„Да се биде хомосексуалец не е злосторство“, кажа папата во интервјуто за агенцијата АП.

Тој призна дека католичките свештеници во некои делови од светот ги поддржуваат законите кои ја криминализираат хомосексуалноста или ја дискриминираат ЛГБТ заедницата. Таквите ставови ги припиша на културните средини и рече дека свештениците треба да поминат низ процес на промена за да се признае сечие достоинство.

„Тие свештеници треба да поминат низ процес на преобраќање. Треба да применуваат нежност, каков што е Господ кон сите нас“, кажа папата.

Истополовите сексуални активности се сметаат за кривично дело во 67 држави низ светот, а во 11 се казнуваат со смртна казна.

„Таквите закони се неправедни и Католичката црква може и би требала да работи на нивното укинување. Тоа мора да се направи. Сите сме деца на Господ и Господ сите ги сака такви какви што се“, кажа Фрањо.

Тој додаде дека мора да се направи разлика помеѓу злосторство и грев кога се зборува за хомосексуалноста.

„Таа не е злосторство, но е грев. Добро, но прво мора да направиме разлика помеѓу злосторство и грев. Грев е и да немате милосрдие еден со друг“.

Свет

Ситуацијата излегува надвор од контрола? Најновата одлука на Европа за Украина го потресе светот

Published

on

Германија и Велика Британија ветуваат засилена воена поддршка за Украина: Порака до Москва дека борбата продолжува. Следува воена помош во вредност од 21 милијарда евра?

Германија и Велика Британија испратија силна порака до Русија дека Украина ќе продолжи да се брани благодарение на поддршката од западните сојузници.

Двете земји првпат копретседаваа со состанокот на т.н. Рамштајн група, составена од околу 50 држави кои обезбедуваат воена помош за Украина.

Германија најави дека ќе ѝ испорача на Украина одбранбен систем IRIS-T со околу 300 ракети, додека Велика Британија, заедно со Норвешка, ќе финансира радарски системи, противтенковски мини и стотици илјади дронови.

Состанокот се одржа во седиштето на НАТО во Брисел, а САД, кои досега го водеа форматот, привремено го препуштија претседавањето на Британија и Германија. Европските сојузници соопштија дека ќе обезбедат дополнителна воена помош во вредност од 21 милијарда евра.

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, истакна дека агресијата на Русија не покажува знаци на повлекување. „Мораме да прифатиме дека мирот во Украина засега е недостижен. Но, ќе се погрижиме Украина и натаму да има корист од нашата заедничка помош“, рече тој.

Британскиот министер за одбрана, Џон Хили, ја оцени 2025 година како клучна во украинската борба против руската инвазија. „Сега е пресуден момент. Испраќаме порака до Украина: стоиме со вас во оваа борба и ќе останеме со вас и кога ќе дојде мирот“, порача Хили.

Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, присуствуваше на состанокот преку видеоврска, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски исто така се обрати виртуелно.

Инаку, американската администрација на претседателот Доналд Трамп го смени пристапот кон Рамштајн групата, фокусирајќи се на дипломатски притисок за постигнување прекин на огнот и укинување на изолацијата на Москва. Во моментот, во Русија се наоѓа и специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, кој можно е да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Одбранбениот систем IRIS-T, кој Германија ќе го достави, е еден од клучните елементи во украинската противвоздушна одбрана. Системот е способен да пресретне дронови, авиони, хеликоптери и крстосувачки ракети на далечина до 40 километри и висина до 20 километри. Со својата прецизност, веќе одигра значајна улога во заштитата на урбаните средини и инфраструктурата во Украина.

Continue Reading

Свет

Трамп во својата најнова изјава повторно ја спомна Русија: Дали Трамп ја менува политиката и со рускиот претседател Путин?

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се огласи преку својата мрежа Truth Social, коментирајќи ја војната во Украина со зборовите: „Русија треба да се размрда“.

Трамп додаде дека војната е „страшна и бесмислена“ и дека илјадници луѓе умираат секоја недела, потенцирајќи ја итноста за некаков напредок или решение.

Интересно е што оваа изјава доаѓа токму во момент кога американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток, Стивен Виткоф, се наоѓа во Санкт Петербург.

Таму веќе имаше средба со главниот руски економски преговарач Кирил Дмитриев, а најавени се и средби со самиот Владимир Путин, како и со претставници од Поморскиот колегиум на Руската Федерација.

Continue Reading

Свет

Смртоносни врнежи во Индија и Непал: Речиси 100 загинати, се очекуваат нови бури

Published

on

Силните врнежи и невреме што од средата зафатија делови од Индија и Непал предизвикаа смрт на речиси 100 лица, а метеоролозите најавуваат продолжување на нестабилното време со невообичаено интензивни врнежи за овој период од годината.

Според Индиската метеоролошка служба (IMD), земјата е погодена од екстремни временски услови – топлотни бранови на запад и силни грмежи и врнежи на исток и централниот дел.

Најмалку 64 лица загинале во источната индиска сојузна држава Бихар, каде врнежите предизвикале низа несреќи, соопшти висок претставник на Државниот оддел за управување со катастрофи за агенцијата Ројтерс.

Локалните медиуми јавуваат дека уште над 20 луѓе го загубиле животот во најнаселената индиска држава Утар Прадеш.

Во соседен Непал, според Националната служба за управување со катастрофи, громови и поројни дождови одзеле најмалку осум човечки животи.

Индиските метеоролози предупредуваат дека ваквите услови ќе продолжат до сабота, со силни врнежи, грмотевици, електрични празнења и ветрови во источна и централна Индија.

Сезоната на монсуни обично започнува во јуни, но последните години летните месеци се сè почесто проследени со екстремни топлотни бранови. Минатата недела IMD предвиде значително потопол април со температури над просекот низ поголем дел од земјата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк