Connect with us

Македонија

Бугарија го повлече амбасадорот и ги замрзнува сите меѓудржавни проекти со Македонија

Published

on

Бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов останува во Софија се’ додека, според бугарските власти, не се случи вистинска промена, а дотогаш ќе бидат запрени и сите меѓудржавни проекти помеѓу двете држави, изјави бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков кој денеска беше сослушан од собраниската Комисија за надворешни работи.

„Доколку РСМ продолжи вака да се однесува, можно е повторно да ставиме вето. Цинизам е да се разговара за проекти со РСМ додека Пендиков е во болница. Ако Северна Македонија сака да продолжи по европскиот пат, мора да ги исполни своите обврски“, нагласи тој.

Министерот побара од македонските власти да се погрижат да има одговорност за нападот врз Пендиков, а тврди и дека тој добива закани и во болница.

Говорејќи за одбележувањето на 4 февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, министерот Милков изјави дека ако Бугарите бидат запрени на границата на Северна Македонија и не им се дозволи да одат во Скопје да го одбележат денот, Бугарија ќе реагира негативно.

Амбасадорот Ангелов од Софија рече дека не е можно шефот на дипломатијата на Северна Македонија да дојде во Софија, да разговара со Пендиков и да начне тема за напад на омраза, а вчера вечерта заменик министерот за локална самоуправа да се појави на некоја програма и да каже дека Христијан бил нападнат затоа што дошло до судир со наркодилери и тоа била целата криминална активност.

Тој нагласи дека се недозволиви обвинувањата за некаква криминална активност, која властите во Скопје сакаат да ги припишат на жртвата.

„Тврдењата дека на Пендиков му се судело за продажба на дрога се недозволиви. Излегол од државата со пасош, поминувајќи ја граничната контрола, односно никој не го бара. На крајот на декември поднел барање за бугарско државјанство“, објасни амбасадорот Ангелов.

Македонија

Метео предупредување: Еве какво време попладнево ја очекува Македонија

Published

on

Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, со повремени дождови, најмногу во попладневните часови. Локално се очекува појава на краткотрајни невремиња, со интензивен пороен дожд. За кратко време, на некои места може да паднат над 15 литри дожд по метар квадратен, а ќе има и грмежи и засилен ветер.

Како што информираше УХМР, максималната температура денес ќе се движи помеѓу 12 и 18 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, со повремен дожд. Попладне, во делови од котлината се очекува нестабилно време, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

И во понеделник продолжува променливото и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за краткотрајни невремиња, со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде од 2 до 9 степени, додека максималната температура ќе се движи помеѓу 10 и 19 степени.

Continue Reading

Македонија

Малолетници принудувале врснички полово да ги задоволуваат, за што поседувале и снимки

Published

on

Двајца малолетници од Битола со закани принудувале врснички полово да ги задоволуваат, бидејќи поседувале компромитирачки материјал за нив. Ова го пријавила 37-годишна битолчанка во текот на вчерашниот ден во МВР.

„37- годишна жена од Битола пријавила дека двајца малолетници од Битола во неколку наврати со закана ги принудувале нејзината ќерка и нејзина другарка полово да ги задоволуваат за што поседувале и видео материјал“, велат кусо од МВР.

Во консултација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката

Published

on

Во далечната 2000 година Коста Шапков беше 55-годишен машинобравар. Сега има речиси 80 години, се радува на своите внуци и на секој нов ден. Први март 2000 година, 16 часот се денот и часот кои тој вечно ќе ги памети, како почеток на неговиот втор живот. Шапков беше првиот пациент во Клиника Жан Митрев, кога врз него беше изведена првата бајпас операција во Македонија.

Пред неколку години, Шапков скромно изјави дека „некој морало да биде прв“.

„Ете, мене така ми се погоди. Не се надевав дека со мене и моето име ќе се испише историјата“, рече Шапков.

И основачот на клиниката, д-р Жан Митрев, овој датум и овој час ќе го памети вечно, бидејќи тогаш се ставија темелите на тогашната Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“, која подоцна прерасна во Клиника Жан Митрев, а тој ја изведе првата бајпас операција. Зафатот траеше повеќе од четири часа и заврши успешно, а во една прилика, д-р Жан Митрев изјави дека оваа операција била неговата најтешка, опишувајќи ја како „операција на духовното срце на Македонија“ и реализација на една визија, означувајќи нова ера во македонската кардиоваскуларна хирургија. 

Кочанчанецот Шапков во далечната 2000 година почувствувал болка во градите, веднаш се упатил во болница и бил препратен во Скопје. На скопската клиника му било кажано дека таква интервенција не може да се направи и како опција му била препорачана Бугарија. 

„Таму јас не можев да одам, а веќе имав чуено за д-р Жан Митрев и сакав да се оперирам кај него. И по некое временавистина добив телефонски повик, да дојдам и да почнам со испитувањата. Кога дојде д-р Жан Митрев, ми рече, Коста, тебе прв ќе те оперираме, работата е критична. Јас реков оперирајте, мора некој да биде прв“, раскажа Шапков. 

Оттогаш поминаа 25 години, а оваа визија продолжи да се развива, со што Клиниката Жан Митрев се етаблира како лидер во медицинската иновација и врвната здравствена нега во регионот. 

Во 2002 година, клиниката ја изведе првата операција на отворено срце врз буден пациент, што исто така претставуваше значителен напредок во медицинската пракса. 

Понатаму, продолжија да се бројат успесите, иновациите и воведувањето нови напредни медицински технологии. Годинава, Клиника Жан Митрев одбележува 25 години постоење, а срцето на првиот пациент сѐ уште силно чука, како сведок на почетокот на првото отворање на вратите на хируршките сали кои ќе ја сменат иднината на кардиоваскуларната хирургија во Македонија.    

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк