Connect with us

Инфо +

Зеколи: Бигорски манастир до 1945 бил дел од Албанската православна црква

Published

on

На денот кога манастирот Свети Јован Бигорски слави 1.000 години од постоењето поранешниот амбасадор, Арсим Зеколи вели дека манастирот до крајот на Втората светска војна бил под јурисдикција на Албанската прабославна црква.

Убави писанија за Манастирот Св. Јован Бигорски (Manastiri Shen Mbiguri), кој преживеа 1.000 години и „случајно изгоре” во 2009, посебно библиотеката и архивата со историски записи. Она што недостасува во овие писанија е фактот што до 1945 бил дел од Албанската православна прква, пишува Зеколи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zekoli-bigorski-manastir-do-1945-bil-del-od-albanskata-pravoslavna-crkva/

Македонија

Коњановски: Подготвени сме за претстојните снежни врнежи

Published

on

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес одржа работна средба со претставниците на зимската служба, фокусирајќи се на координацијата на активностите пред најавените снежни врнежи.

На состанокот присуствуваа претставници од општинските јавни претпријатија, Македонија пат, ЈП „Стрежево“, Министерството за внатрешни работи, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Коњановски ја истакна важноста од навремено и ефикасно организирање на службите за да се овозможи непречено функционирање на сообраќајот.

„Целта ни е да обезбедиме максимална проодност на патиштата во градот, населените места и регионалните правци, особено кон туристичките и скијачките центри како Копанки и Стрежево, како и патот кон граничниот премин Меџитлија,“ изјави Коњановски.

На средбата беа донесени значајни заклучоци за поинтензивна координација меѓу службите, што ќе овозможи брзо и ефикасно расчистување на снегот и овозможување безбеден сообраќај за граѓаните.

Градоначалникот нагласи дека Општина Битола е подготвена за зимската сезона, а зимската служба ќе биде во постојана готовност за да одговори на сите предизвици што ги носи зимата.

Continue Reading

Македонија

На заминување Груби ги собрал филџаните за кафе и чашите..

Published

on

Министерот за политички систем и односи помеѓу заедниците Иван Стоилковиќ во „Наткаст“ со Љупчо Цветановски вели дека „на заминување“ е направена вистинска чистка и не е оставено ништо, дури ни филџани и чаши. Како што објаснува министерот во подкастот начекал празни простории.

„За жал, ни голче, ни кош, ни фудбал, ни баскет, ни филџани, ни чаши, ни кафе, ни апарати за кафе, ни вода, ништо нема, дури ни телефони нема во министерството, чисто да знаат луѓето. Јас како министер немам земска/фиксна линија во кабинетот, затоа што сето тоа кога дојдовме беше растурено. Имало некакви камери поставено во кабинетот, па и тие биле извадени. Попис на инвентар никогаш не е извршен во министерството. Ќе има уште многу кривични пријави. Јас не знам која институција во државата ги прифаќала завршните сметки, бидејќи секогаш кога ја поднесувате мора да поднесете и пописна листа. Ние за првпат правиме попис на финансиски средства и на инвентар. Побаравме ад-хок ревизија и резултатите се толку фрапантни и грозни што ќе мора да одиме на затворена седница на влада за информацијата за извештајот на ад-хок финансиската ревизија во министерството за односи меѓу заедниците. Дефинитивно, министерството било приватна фирма и ревизијата тоа го покажува.

Можеби немало попис и ревизија, ги нема и голчињата и кошот, но затоа пак има фрапантни сметки од 20-на илјади евра за две ќебапчилници и неверојатни, секојдневни и огромни сметки за кафани и кафулиња“, открива министерот Стоилковиќ.
Денешен Весник

Continue Reading

Македонија

Провејува снег на патните правци Тетово-Попова Шапка, Гостивар-Стража, Делчево и Страцин, магла во Крушево, на Стража и на Плетвар

Published

on

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани и застои, во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Снег провејува на патните правци Тетово-Попова Шапка, Гостивар-Стража, Делчево и Страцин кој во мометов не се задржува на коловозот. Намалена видливост поради магла од 100 метри има во Крушево, и на планинските премини Стража и Плетвар.

ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк