Connect with us

Македонија

Георгиев бил дискриминиран КАКО МАКЕДОНСКИ БУГАРИН, затоа што никој од семејството НЕ МОЖЕЛ ДА СЕ ВРАБОТИ (Видео)

Се чувствувам дискриминиран, иако ние тука сме прво како Македонци. Ова е наша татковина и јас се срамам од некои настани како прославата на годишнината од смртта на Мара Бунева. Јас веднаш кажав дека тоа не доликува за навредите на Џамбаски и Костадинов. Самиот Костадинов е на платниот список на Москва. Тоа е едно руско сценарио за да има проблеми меѓу Бугарија и Македонија за оддалечување на Македонија од ЕУ, вели македонскиот Бугарин и претседател и основач на организацијата „Мост“ за културна соработка меѓу Македонија и Бугарија, Митко Георгиев.

Тој вели дека е дискриминација тоа што никој од неговото семејство не може да се вработи во Македонија.

-Ме напаѓаат со навреди „пи*ка ти мајчина, бугарска, ќе те иселиме од Бугарија и ќе те убиеме“ – така стои во судската пресуда. Тоа го имаше на видео. Казната е 150 евра. Значи јас можам да отидам во град и да го претепам некој за 150 евра. Јас имав и угостителски објект, кој што беше запален. Исто така имав радио и ми го затворија поради тоа што се чувствувам како Бугарин, рече Георгиев во емисијата „Само вистина“.

Македонија

МВР со известување до граѓаните за „Безбеден град“

Ги известуваме граѓаните дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на bezbedengrad@moi.gov.mk ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил.

Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип) според кое, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Continue Reading

Македонија

Љупчо Коцевски ја поднесе оставката како јавен обвинител

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски,само еден час пред собраниската расправа за негово разрешување денес, поднесе неотповиклива оставка. На прес-конференцијата, Коцевски порача дека функцијата ја извршувал чесно, но дека си заминува разочаран од системот.

„Заминувам со гордо крената глава, но и со горчина поради непочитувањето на основните принципи на правната држава“, изјави тој. Коцевски го обвини Собранието за „процедурален линч“, откривајќи дека поканата за седницата ја добил во последен момент, без воопшто да му биде доставен предлогот за разрешување. Според него, овој политички маневар е опасен преседан кој директно ја урива независноста на обвинителството.

Наместо да чека политичка пресуда во собраниските клупи, републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска избра достоинствено повлекување. Со поднесувањето на неотповикливата оставка, тој фрли сериозна дамка врз транспарентноста на власта, тврдејќи дека неговото разрешување е базирано на политика, а не на факти или закони.

„Немам на што да се произнесам, бидејќи предлогот за мое разрешување воопшто не ми е доставен“, истакна Коцевски, нагласувајќи го апсурдот на ситуацијата во која поканата ја добил само 60 минути пред почетокот на седницата. Неговото заминување по помалку од две години мандат отвора нови прашања за тоа колку е навистина „независно“ македонското правосудство од политичките влијанија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг