Connect with us

Македонија

Пендаровски не и го дава кабинетскиот шарпланинец на Новак: За Роки преговори не водиме (Видео)

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски рече дека не е точно дека ѝ подарил куче на унгарската претседателка, Каталин Новак. Рече дека само ѝ го покажал кучето да го види, како редок вид на раса, специфична за ова поднебје.

Македонија

ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ И МАКЕДОНИЈА УТРЕ БЕЗ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Published

on

Утре, 27 ноември 2024 година (вторник), одредени делови од Скопје и други места низ Македонија ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати и одржување на електроенергетската мрежа.

Continue Reading

Македонија

БИТОЛА СТАНУВА ВЕЛО ГРАД: ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ

Published

on

Битола го прави првиот чекор кон модерна вело-инфраструктура со почетокот на асфалтирањето на велосипедските патеки на улица „Партизанска“. Со реализацијата на овој значаен проект, градот ќе добие над 5 километри велосипедски патеки, кои ќе обезбедат поврзана и функционална мрежа за љубителите на велосипедизмот.

Патеките се изведуваат на постоечките тротоари, со ширина од 3 метри, без да се наруши зеленилото, што ја потврдува посветеноста на општината кон одржлив развој. Иницијативата, поддржана од долготрајните барања на граѓаните, е реализирана со сопствени средства на општината, покажувајќи дека Битола ги става интересите на заедницата на прво место.

Со оваа инвестиција, Битола прави крупен чекор кон создавање на поодржлив и еколошки град, исполнувајќи ја долгогодишната желба на своите жители.

Continue Reading

Македонија

Ќе се гради подземна гаража кај плоштадот „Скендербег“ – Владата ќе издвои 20 милиони евра

Published

on

Гаражата, според првиот вицепремиер Меџити, ќе биде од особено значење за Старата скопска чаршија бидејќи ќе го реши долгогодишниот проблем со недостигот на паркинг-места во овој дел од градот, а ќе придонесе и за значително зголемување на туристичкиот потенцијал на Старата скопска чаршија 

Владата на денешната седница донела одлука да издвои 20 милиони евра за изградба на подземна катна гаража кај плоштадот „Скендербег“, информира попладнево на прес-конференција првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој додаде дека со ова ќе се решат инфраструктурните проблеми со кои се соочуваа овој дел од главниот град.

Според првиот вицепремиер, станува збор за повеќегодишен проект кој предвидува изградба на на 371 ново паркинг-место, распоредени на две подземни нивоа, со вкупна површина од 13 илјади квадратни метри, со адекватен број паркинг места за лица со посебни потреби.

Изградбата на подземната гаража, како што посочи тој, ќе биде од особено значење за Старата скопска чаршија бидејќи ќе го реши долгогодишниот проблем со недостигот на паркинг-места во овој дел од градот и ќе го олесни сообраќајот и пристапот за локалните жители и посетителите.

Проектот, според првиот вицепремиер, ќе придонесе и за значително зголемување на туристичкиот потенцијал на Старата скопска чаршија.

Во наредниот период, Меџити рече дека ќе работат на реализација на проектот во најкраток можен рок и со највисок квалитет и дека ќе обезбедат транспарентност и отчетност во сите фази од изградбата.  

Одговарајќи на новинарско прашање, првиот вицепремиер рече дека проектот е готов и дека тендерската постапка ќе се отвори наскоро, а на почетокот на годината очекува да почнат градежните работи.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк