Connect with us

Македонија

Министерот Сали НЕ ЗНАЕ дека ТРИ ДЕНА НЕ РАБОТИ СИСТЕМОТ на Фондот за здраство, а РЕЦЕПТИ САМО НА ПРИВАТНО

Published

on

Системот за Е-услуги на Фондот за здравствено осигурување(ФЗО) е недостапен веќе трет ден.

Од ФЗО вчера известиле дека се работи за технички проблем на серверите и дека се работи на дијагностицирање на проблемот.

Министерот за здравство, Беким Сали, не даде никакво објаснување зошто системот не работи.

„Немам информации. Јас би предложил да се обратите до авторитетите, директорите на Фондот“ – кусо одговори министерот Сали.

Системот служи за граѓаните да можат да го проверат своето здравствено осигурување, изборот на матичен лекар, додека самите вработени во здравството преку него можат да ги проверуваат информациите за своите пациенти и други услуги.

Македонија

Со изградба на гасни централи ќе се решава проблемот со загадувањето

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски најави мега-инвестиција за гасни централи за решавање на проблемот со загадување, бесплатен приклучок на домаќинствата и над милијарда евра инвестиции во енергетика.

Тој во владата имаше средби со раководството на „Казанчи Холдинг“, која преку своите енергетски компании што работат под брендот „АКСА“, преставува еден од најголемите енергетски гиганти во својата област.
Со повеќе од 25 години искуство, „АКСА Енерџи“ е водечка турска компанија во енергетскиот сектор и клучен глобален инвеститор во одржлива енергија. Компанијата располага со инсталиран капацитет од над 3.500MW во 8 земји, а мнозинскиот сопственик на „АКСА Енерџи“, „Казанчи Холдинг“ работи во 22 земји на четири континенти.

„Јас во минатото говорев, кога станува збор за решавање на проблемот со загадување на воздухот дека разговараме со инвеститори кои се заинтересирани за градење на когенеративни гасни централи кои всушност се единственото трајно решение за загадениот воздух. И дека се друго би значело ставање на проблемот под тепих. Станува збор за когенеративни централи со 500MW инсталиран капацитет кои произведуваат 4,1TWh електрична енергија и 720 GWh топлинска енергија на годишно ниво. Токму „Казанчи Холдинг“ е компанијата со која разговараме за изградба на секундарна мрежа на гас и топловодна мрежа која ќе стига до домаќинствата по исклучително поволни услови. Приклучоците на гасоводна и топловодна мрежа предвидуваат 0 денари трошоци за домаќинствата, а цената на природниот гас за домаќинствата ќе биде многу пониска од онаа цена која е на берзите. Целиот проект, изградба на секундарна гасоводна мрежа, топловодна мрежа и когенеративните централи е димензиониран на инвестиција од над една милијарда евра“, кажа Мицкоски.

Тој додаде дека оваа инвестиција не е важна само за трајно решавање на проблемот со загадување на воздухот, туку и за енергетскиот потенцијал на државата.

„Инвестициите во ова поле се гаранција и зацврстување на нашата енергетска независност која во 21 век е всушност и зацврстување на сувереноста на државата во нејзиното одлучување и водење на политика. Разговараме за проекти кои се од темелно значење за животната средина, економијата, енергетската независност и стратешкото позиционирање на Македонија. Разговорите продолжуваат и сигурен сум дека за брзо време ќе се договориме и ќе има конкретни чекори во реализација на нивните планови“, рече премиерот.

Continue Reading

Македонија

Украински блогер објави видео: Македонски ми-24 воен хеликоптер напаѓа цели во Донецк

Published

on

Украински блогер објави видео снимка во која се гледа македонски воен хеликоптер “ми-24” како напаѓа руски цели во Донецк.

“Македонски хеликоптер ми-24 и украински транспортен хеликоптер ми-8 со ненаведувани проектили, се прикажани како напаѓаат руски цели во регионот Донецк”, пишува блогерот.

Хеликоптерите што Македонија и ги донираше на Украина во 2023, и беа набавени токму од Украина во 2001 година.

Одлуката за донација на хеликоптери од Армијата на Северна Македонија за војската на Украина беше донесена на владина седница на 29 март 2023 година.

Македонија во повеќе наврати донираше воена помош за Украина. Руската инвазија на Украина започна пред три години, но според изјавите на светските лидери, изгледа дека на војната и се ближи крајот.

Continue Reading

Македонија

Меџити: Инвестиција од над 1 милијарда евра во енергетиката, трајно решение за загадувањето

Published

on

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, најави значајна инвестиција во енергетскиот сектор, која ќе го подобри загадувањето и енергетската стабилност на земјата.

Во врска со ова, Меџити изјави: „Оваа инвестиција нема да има трошоци за домаќинствата. Поврзувањето на мрежата за гас и топла вода за домаќинствата ќе биде бесплатно, додека цената на природниот гас ќе биде значително пониска од онаа на меѓународните пазари.“

Тој додаде: „Овој проект ќе обезбеди одржливо решение за намалување на загадувањето, ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните и ќе го зајакне енергетскиот сектор на земјата.“

Според него овој проект вклучува изградба на когенеративни електрични централи на гас и изградба на втора гасна и топлинска мрежа која ќе донесе многу поволни услови за семејствата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк