Connect with us

Македонија

(ВИДЕО) Бранка од Бутел сведочи: Ја загубив внуката во земјотресот во Сирија, се уште е под урнатините

Published

on

Под урнатините на сирискиот град Алепо остана и четири годишната внука на Бранка Недељковиќ, Македонка која над две децении живеела во Сирија пред да избега поради војната, објави Алфа.

Во обид да си ги извлече од станот на 4-кат во зградата, двете деца и сопругата, помладиот син во семејството Неделковиќ не успеал да ја спаси ќерка си.

Тие не се повредени, они се добро, ама девојчето.. четири години, отишла. Започнале да паѓаат делови од кујната, трчал да ги спаси, го спасил едното, не можел и другото, не можам ништо да го разберам и тој е потресен, и нема линија да зборувам со него. Нема контакт, нема струја, нема интернет“ вели Бранка Недељковиќ.

Доколку на време се вратеа во Македонија, ништо од ова немаше да се случи, низ солзи вели Бранка Недељковиќ.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија

ФАТЕН НА РАДАР СО 156 КМ НА ЧАС За 3 дена издадени 870 казни за брзо возење

Published

on

Вкупно 3.142 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи се издадени, а наплатени се 1.314 платни налози, соопшти МВР по засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава во поелдните три дена.

Според статистичките показатели прекршоците по основ на пречекорување на брзината на движење убедливо предничат така што евидентирани се вкупно 1.498 прекршоци, во споредба со 535 издадени платни налози по основ на непрописно паркирање. Воедно, што е особено важно за анализа е фактот што за викендот зголемен е бројот на откриени возачи што управувале возило без возачка дозвола – 247, како и возачи кои што управувале возила под дејство на алкохол – 111. Покрај ова изречени се и 153 платни налози по основ на некористење сигурносен појас, потоа 56 по основ на говорење на мобилен телефон при возење, откриени се и 58 нерегистрирани возила кои што учествувале во сообраќајот.

„Вчера (16.02) пособено внимание преку соодветен претходно подготвен план за постапување, беше посветено на контролата на правилата за почитување на пропишаната брзина на движење, и според резултатите од тие радарски контроли на територијата на државата беа евидентирани 429 возачи кои ја пречекориле брзината на движење надвор од населено место, и 488 возачи кои што ја пречекориле брзината на движење во населено место. Како епилог на тоа издадени се 870 платни налози и 47 писмени опомени. Исто така во текот на викендов низ патиштата во земјава се случиле една сообраќајна несреќа во која што едно лице го загубило животот, како и други четири сообраќајни несреќи во кои што шест лица се здобиле со тешки телесни повреди (двајца возачи, двајца сопатници, еден мотоциклист и еден пешак)“, се додава во соопштението од МВР.

Continue Reading

Македонија

Утре (19 февруари среда, како и во четврток 20 февруари) многу ладно и постепено целосно разведрување!

Published

on

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на многу ладен воздух од истокот  и од североистокот на Европскиот Континент, поточно од Русија, утре (19 февруари среда, како и на 20 февруари четврток) во Македонија ќе имаме дополнително и големо заладување на времето, како и постепено целосно расчистување на облачноста и разведрување.

Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец (во Повардарието локално и повремено со брзина до, па и над 60 км/час).

Што се однесува до температурите, тие наутро насекаде ќе се спуштаат под нулата, на повеќе места тие ќе се спуштат до близу -10 степени, а во Беровскиот регион, повисоките населени места, планините, и секако, Скијачките центри температурите ќе се спуштаат до близу, па  и под -15 степени. Максималните дневни температури, исто така ќе бидат многу ниски и ќе се искачуваат во интервалот од -3 до само 7 степени, и тоа во југоисточните предели.

Во Скопскиот регион очекуваме слично време како и во останатите предели од нашата Република Македонија. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец (во делови од котлината повремено со брзина до околу 60 км/час). Наутро температурата ќе се спушта до близу -10 степени, додека максималнат температура ќе се искачува до околу 3/4 степени.

Continue Reading

Македонија

Се забрануваат посети во болници

Published

on

Комисијата за заразни болести препорача мерки за да се спречи ширењето на грипот, поради што Министерството за здравство ги задолжи јавните здравствени установи да ги почитуваат.

Мерките подразбираат забрана на посети на хоспитализирани пациенти за да се спречи заразата од грип во болнички услови; строго да се почитува редот во здравствените установи, особено во користењето лична заштита – носење заштитни маски, како и дезинфекција на рацете и одржување физичка дистанца секаде каде што е зможно.

-Мерките се од исклучителна важност за здравјето на пациентите и здравствените работници, согласно актуелните епидемиолошки податоци кои укажуваат на пик на сезонскиот грип. Комисијата за заразни болести продолжува да ја следи епидемиолошката состојба во државата, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Како што е објавено на веб-страницата на Институтот за јавно здравје – Скопје, од трети до деветти февруари 2025 година во земјава се пријавени 2.880 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 5,1 отсто помалку во споредба со претходната недела.

Од пријавените, 1.552 лица се на возраст од 15-64 години, 685 кај деца на возраст од пет до 14 години, 371 кај деца на возраст од 0-4 години и 272 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Во Скопје се пријавени 692 заболени, во Струмица – 333, во Битола – 304, во Свети Николе – 158, во Охрид – 141, во Велес – 140, во Радовиш – 122, а во Кавадарци и во Куманово по 109 заболени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк