Connect with us

Балкан

Вардар загуби од Партизан, „Гробарите“ со провокации: Делчев е Бугарин, Македонија е Србија (ФОТО)

Партизан беше подобар и заслужено го доби мечот на теренот. Импресивен беше нивниот голман кој беше клучот за победата, Трнавац имаше 20 одбрани. Одлични беа и Зечевиќ и Петриќ кои постигнаа по осум гола. Кај Вардар, Талески даде девет гола, но немаше поддршка од другите, Карапалевски и Чувара постигнаа по три гола, Томовски имаше девет интервенции. Но, во салата доминираа провокациите од навивачите на Партизан кон Вардар. 

 На трибините имаа грчко знаме, велеа дека Гоце Делчев е Бугарин, а Комити е српско име. „Група со српско име, бугарски војник слави, мора да е тешко со таа криза на идентитет во главата“, стоеше на паролата на Гробари. 

 Тие скандираа и „Јужна Србија, никогаш Македонија“. Навивачката група на Вардар, „Комити“ имаа вистинско патешествие додека стигнат до Белград. Ги задржаа на српската граница неколку часа, а потоа полицијата бавно ги водеше до салата во Белград, влегоа во 55. минута од натпреварот. За времето колку што беа, успеаа да извадат една парола на која пишуваше: „Живо ви е кралството, колку и другарството“.

Балкан

Заглавен европскиот пат: БиХ останува без одлука за старт на преговори со ЕУ

Советот на министри на Босна и Херцеговина денес не успеа да донесе одлуки што би овозможиле отворање на преговорите за членство со Европската Унија пред седницата на Европскиот совет закажана за 18 и 19 декември. Причина за тоа беше повторното одбивање на министрите именувани од Милорад Додик да се дискутира за два клучни реформски закона.

На дневниот ред, објавен минатата недела од претседателката на Советот на министри Борјана Кришто, беа предлог-законите за Судот на БиХ и за Високиот судски и обвинителски совет, како и одлуката за формирање канцеларија на главниот преговарач со ЕУ. Сепак, по ултиматумот од министрите за надворешна трговија и за финансии, овие точки воопшто не беа разгледувани.

Тие се заканија дека ќе го блокираат дневниот ред доколку се отвори расправа за реформските закони, што практично би значело и неодржување на седницата. Поради тоа, Кришто ги повлече спорните точки, а Советот разгледуваше само помалку значајни информации и технички прашања.

Властите на Република Српска не ги прифаќаат нацрт-законите подготвени од Министерството за правда, иако тие се изработени согласно препораките на Европската комисија. Дополнително, инсистираат главниот преговарач со ЕУ да доаѓа од СНСД, барање што партиите од бошњачко-граѓанскиот блок категорично го одбиваат.

Засега нема најава кога клучните реформски закони ќе се најдат повторно на дневен ред на Советот на министри или во државниот парламент. Сè поизвесно е дека Босна и Херцеговина ќе ја дочека 2026 година без јасна перспектива за започнување преговори со Европската Унија.

Иако земјата доби условно зелено светло за отворање преговори уште во март 2024 година, оттогаш нема конкретен напредок. Заедно со Косово, БиХ во моментов се наоѓа на дното од процесот на европска интеграција меѓу земјите од Западен Балкан.

Continue Reading

Балкан

Грчките земјоделци повторно блокираа премин: Богородица ограничен за патнички возила

Граничниот премин Богородица од 18 часот попладнево е блокиран за сите видови сообраќај поради протест на грчките земјоделци, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Засега, на преминот можат да влегуваат само товарни возила од Грција кон Македонија, додека излез од Грција е дозволен само за товарни моторни возила. Патнички возила и автобуси засега не можат да ја користат граничната линија.

Автомото сојузот апелира на внимателност и следење на сообраќајните информации пред патувањето кон граничниот премин Богородица.

Continue Reading

Балкан

Турски Ф-16 собори дрон над Црното Море 

Турските воени сили соборија неидентификуван дрон кој се приближувал кон турскиот воздушен простор над Црното Море, соопшти Министерството за одбрана. Објектот бил „надвор од контрола“, а соборувањето се извршило на безбедна локација, надвор од населени места, за да се избегне потенцијална штета.

Инцидентот се случува во услови на зголемени регионални тензии, по нападите на украинските поморски дронови врз руски танкери во близина на турскиот брег. Турските воздухопловни сили реагирале со подигање на ловци Ф-16 откако дронот бил детектиран.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган претходно ги осуди украинските напади, оценувајќи ги како сериозна закана за безбедноста на пловидбата, човечките животи и животната средина. Министерството за одбрана не соопшти дополнителни детали за точната локација и времето на инцидентот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг