Connect with us

Европа

МЕТА ПРЕД ВАЖНА ОДЛУКА: Фејсбук и Инстаграм може да згаснат во Европа?

Компанијата Мета се соочува со важна правна одлука која може да резултира со исклучување на Фејсбук во Европа.

Шефот за приватност на Ирска, Хелен Диксон, која ја предводи Комисијата за заштита на податоците во земјата (DPC), изјави за Политико дека телото „најверојатно конечно ќе донесе одлука за последната правна алатка на Фејсбук за испраќање лични податоци во САД“ пред Европската унија и САД да успеат да договорат нов договор за пренос на податоци.

Во јули, DPC ја објави својата нацрт-одлука за суспендирање на овој правен инструмент за пренос на податоци. Тој нацрт сега чека одобрување од другите регулатори за приватност во Европа и треба да биде завршен до средината на мај.

Се очекува ова да го остави американскиот технолошки гигант Мета, кој е сопственик на Фејсбук , без алатки кои му дозволуваат легално да пренесува лични податоци како семејни фотографии и податоци за геолокација во САД, кои се неопходни за функционирање на Фејсбук .

Мета претходно изјави дека ваквата одлука може да значи крај на нејзините услуги во Европа, вклучувајќи го и Инстаграм.

-Доколку Европската комисија не донесе никаква одлука за соодветност и не можеме да продолжиме да се потпираме на стандардни договорни клаузули или други алтернативни средства за пренос на податоци од Европската унија во Соединетите држави, можеби нема да можеме да понудиме голем број од нашите најважни производи и услуги во Европа, вклучувајќи ги Фејсбук и Инстаграм.

Ирската одлука ќе создаде проблеми и за другите компании кои пренесуваат податоци во САД.

Мрежата на национални органи за заштита на податоците на ЕУ – Европскиот одбор за заштита на податоци има рок до 14 април да одлучи дали ќе ја потврди претходната одлука на Ирска за суспендирање на правната алатка главно што ја користат компаниите, вклучително и Мета, за пренос на лични податоци во САД надвор од стандардот договорна клаузула.

Главниот европски регулатор за Мета и другите големи технолошки компании со седиште во Ирска ќе има уште еден месец да ја донесе конечната одлука.

Во меѓувреме, Европската комисија има за цел да го финализира сосема новиот договор за податоци со САД пред јули, откако Судот на правдата на ЕУ ги укина двата претходни договори со САД поради стравувањата од надзорот на податоците, пишува Politico.

Европа

Орбан стави вето: Советот на ЕУ не може да донесе заклучоци за земјите-кандидатки

Европската интеграција се соочи со нов ѕид. Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги блокираше заклучоците на Советот на ЕУ за земјите-кандидатки, оставајќи ја Унијата без заедничка стратегија за проширување во пресрет на клучниот самит на 18 и 19 декември.

Наместо консензус од сите 27 членки, Брисел е принуден на „план Б“: заклучоците се претвораат во документ на данското Претседателство со поддршка на останатите 26 држави.

„Унгарија стои на патот. Сакаме кандидатите да ја изберат Европа, а не Русија, но Будимпешта испраќа погрешен сигнал“, децидна е данската министерка Мари Бер.

И покрај блокадата од Орбан, нацрт-документот за Македонија содржи јасни и строги пораки. Брисел останува на „црвената линија“: нема нова меѓувладина конференција без уставни измени.

Клучните точки од извештајот за Скопје:

  • Условот останува ист: Штом се внесат Бугарите во Уставот, првиот кластер се отвора експресно, без дополнителни политички одлуки.

  • Реформи во „слободен пад“: ЕУ алармира за нула напредок во владеењето на правото во изминатата година.

  • Судство под лупа: Се бара итна независност на Судскиот совет и вистинска борба против корупцијата на високо ниво, а не само декларативни заложби.

  • Добрососедство: Договорите со Грција (Преспа) и Бугарија мора да се спроведуваат со „добра волја“.

Додека Македонија чека уставни промени, Брисел веќе формира работна група за нацрт-договорот за пристапување на Црна Гора. Истовремено, и покрај унгарскиот отпор, Унијата подготвува терен за интеграција на Украина и Молдавија, обидувајќи се да го неутрализира руското влијание во регионот.

Continue Reading

Европа

Стармер најавува можност за испраќање британски војници во Украина

Британскиот премиер Кир Стармер го потврди постоењето на стратешки планови за распоредување странски трупи на украинско тло, потег што јасно става до знаење дека Западот веќе не исклучува директно воено присуство за зачувување на мирот.

Додека фронтот во Украина врие, зад затворени врати се исцртуваат контурите на една нова безбедносна архитектура. Како што пренесува порталот NV, британскиот премиер Кир Стармер откри дека „Коалицијата на подготвените“ ги финализирала воените стратегии за сеопфатна одбрана на Украина – на копно, на море и во воздухот.

Иницијативата, која беше запечатена на клучниот состанок во Париз со претседателот Зеленски, обединува 26 држави подготвени да формираат сили за поддршка. Овие сили не се само теоретска замисла; тие се планирани како „штит“ кој би се активирал во моментот кога ќе стивне артилеријата и ќе се постигне примирје или мировен договор.

„Имавме политички процес на лидери и воен процес на стратези. Сега имаме разработени планови за секој домен поединечно,“ дециден е Стармер.

Деталите што ги објави Wall Street Journal откриваат уште поконкретни чекори: европската воена команда веќе предвидува формирање на две посебни копнени единици со специфични задачи. Иако Стармер дипломатски смирува дека приоритетот во моментов е „праведен и траен мир“, пораката меѓу редови е јасна – Европа се подготвува за сценарио каде нејзините војници ќе стојат на линијата на раздвојување.

Од другата страна на фронтот, Москва не молчи. Владимир Путин веќе испрати застрашувачко предупредување: секој странски војник што ќе стапне на украинска почва ќе се смета за „легитимна цел“ на руската армија. Со ова, влогот во украинскиот конфликт се подигнува на ниво кое светот не го видел со децении, додека линијата меѓу поддршката и директната конфронтација станува сè потанка.

Continue Reading

Европа

Орбан: Поддршката за Украина преку кредити ќе ја плати младата Европа

Додека Брисел инсистира на финансиско обединување за воените потреби на Киев, Виктор Орбан предупредува на долгорочна економска стапица. Унгарскиот лидер го нарече предлогот за заеднички заем „коцкање со иднината“, нагласувајќи дека товарот на денешните воени трошоци не смее да падне врз плеќите на помладите генерации. Неговиот став е директен удар врз европското единство, нарекувајќи ја поддршката за овој план само уште една „депонија на бриселскиот хор“ која води кон долгорочна нестабилност.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг