Connect with us

Македонија

Средношколец почина во Скопје, неофицијално – причината за смртта е дрога во пијалок

Средношколец, матурант од скопската гимназија „Георги Димитров“ завчера починал неофицијално како последица на дрога ставена во пијалок во кафуле. Неговите другар и сооченици, вчера на градските гробиште во „Бутел“ го испратиле Јован во своето вечно почивалиште. 

 Веста за починатиот матурант на социјалните мрежи ја објави професорката Виолета Ачковска. Во еден од коментари се огласи и мајката на Јован која ја потврди смртта на младиот тинејџер. 

Професорката Ачковска во нејзината објава тврди дека има неколку сомнителни смртни случаи на млади луѓе, ученици, на кои наводно им била ставена дрога во кафуле.

„Дали некој знае дека денес се погребува гимназијалец отруен од дрога ставена во пијалок во кафич. Дали некој знае уште за неколку слични случаи на деца, кои по халуцинација се фрлат од 5-ти спрат и слични самоубиства. Можеби некој знае, но не оваа јавност која се’ уште е „траурна“ од смртта на малата Тамара, нека почива меѓу ангелите“, напиша професорката на социјалните мрежи.

Сузаната Тренчевска, мајката на Јован во еден од коментарите ја потврди информација за смртта, без дополнителни детали за причината.

Македонија

М-НАВ ја заврши целосната демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје

Соопштение за јавност

М-НАВ денеска успешно ги заврши преостанатите градежни активности за целосна демонтажа на останатите делови од стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Работите беа реализирани во период со магла и намалена видливост, кој беше оптимално искористен за комплетно и безбедно завршување на активностите, без какво било влијание врз одвивањето на воздушниот сообраќај.

Со оваа фаза се заокружува процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар, како предуслов за понатамошните активности поврзани со инсталацијата на новиот модерен радарски систем.

М-НАВ и понатаму останува целосно посветен на безбедноста и континуитетот на воздушниот сообраќај, како и на навремена и професионална реализација на сите планирани активности.

Continue Reading

Македонија

Полицијата уапси двајца мажи од Гостивар – од куќа украле плен вреден 65.000 евра

Двајца мажи се уапсени вчера откако полициските службеници пронашле и одзеле предмети и пари во вредност од 65.000 евра за време на претрес во домот во Гостивар, соопшти МВР.

Акцијата била спроведена по претходни оперативни сознанија и сомневање дека во домот се наоѓаат нелегално стекнати пари и предмети. При претресот, полицијата од куќата ги одзела пронајдените средства, кои, како што е утврдено, биле скриени на повеќе локации во објектот.


Лицата осомничени за случајот веднаш биле лишени од слобода и одведени во полициска станица за понатамошна постапка. Од надлежните информираат дека против нив ќе биде поднесена соодветна пријава поради сомнежи за кривични дела поврзани со недозволено поседување и криумчарење пари.


Истражителите во соработка со обвинителството продолжуваат со работата на случајот со цел да се утврдат сите околности и да се испита потеклото на одземените средства.
Одговорните органи потенцираат дека ваквиот тип на акции се дел од континуираните активности за сузбивање на финансиските криминали, а на јавноста ѝ се ветува максимална транспарентност во процесот на истрага.


Информациите за идните правни чекори ќе бидат соопштени по завршувањето на службениот увид и поднесувањето на официјалните пријави.

Continue Reading

Македонија

Измамена 80-годишна жена од Скопје – лажен „доктор“ и одзел 150.000 денари убедувајќи ја дека ќерка и е повредена

80-годишна жителка на Скопје стана жртва на измама откако непознато лице, претставувајќи се како доктор, ја убедило дека нејзината ќерка наводно е повредена и дека треба да плати 150.000 денари за лекување.


Според полицијата, вчера на мобилниот телефон на старителката пристигнал повик од лице што се претставило како здравствен работник. Лажниот „доктор“ ја уверил жената дека нејзината ќерка наводно била во болница со сериозни телесни повреди и дека е итно потребно да се обезбедат пари за лекување и медицински трошоци.


Загрижена за состојбата на своето дете, старителката му предала на непознатото лице 150.000 денари, како што било побарано, верувајќи дека со тоа ќе помогне во спасувањето и оздравувањето на ќерка си. По приемот на парите, измамникот избегал и повеќе не контактирал со неа.


Полицијата веднаш по пријавувањето на случајот започнала истрага за да се утврдат идентитетот и местото на престој на лицето кое ја извршило измамата. Надлежните истакнуваат дека овој тип на измами со „лажни доктори“ е се почест, особено кога се таргетираат постари лица, и апелираат граѓаните да бидат внимателни при примање вакви повици.


Од Министерството за внатрешни работи потенцираат дека никогаш не побаруваат пари по телефон за лекување или медицински услуги и дека секоја таква барање треба веднаш да се пријави во најблиската полициска станица.
Случајот е пријавен и се води со соодветни службени мерки додека трае потрагата по сторителот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг