Connect with us

Македонија

Груби за косовска ТВ: Македонија ќе има премиер Албанец, така се договорија Ахмети и Заев

Published

on

Вицепремиерот Артан Груби вчера вечер во интервју за косовската телевизија „Дукаѓини“ изјави дека земјава ќе има премиер-Албанец и дека тоа било договорено меѓу поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Дека на чело на Владата ќе застане Албанец, и тоа „за неколку месеци“, завчера најави и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на обраќање на партиски собир во Чаир.about:blank

„Во 2020 година смисливме модерна кампања, која одекна во Приштина и во Тирана, и велеше дека е дојдено времето за првиот премиер-Албанец, а ова исто така е и проект на Али Ахмети, да се скршат табуата. Дојде времето да се надминат предрасудите со избор на премиер-Албанец. Одлуката на народот беше: Социјалдемократскиот сојуз освои 46 пратенички места, ДУИ 15, а заедно имавме 61 пратеник“, рече Груби за косовската телевизија.

Македонија

Меџити: Албанската азбука е составен дел од идентитетот на секој албанец

Published

on

На свечената академија, кој што се одржа во Владата на Република Македонија, по повод Денот на албанската азбука, свое обраќање имаше и првиот вицепремиер Изет Меџити.

– Конгресот во Битола беше повикот од бришењето и асимилацијата на албанскиот јазик од меморијата на албанците. Оваа мобилизација на албанската интелигенција и политичкото раководство во Битола во 1908 година, токму во времето на востаничките движења на балканските народи, означи нов моментум за албанците на почетокот на 20 век. 

Меџите додаде дека како прв вицепремиер му е чест да биде домаќин на официјалните манифестации кои ќе се одржуваат во текот на денот по повод Денот на албанската азбука.

После свечената академија во Владата, како што кажа Меџите ќе се продолжи со Научен симпозиум во Институтот за албанско наследство, доделување на наградата 22 Ноември во Собранието, како и културно уметнички манифестации во Битола.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Денот на албанската азбука е потсетник за како писменоста и образованието може да бидат мостови меѓу луѓето

Published

on

Денес во Владата на Република Македонија се одржа свечена академија по повод Денот на Албанската азбука.

Премиетот Христијан Мицковски во своето обраќање истакна дека Денот на албанската азбука е симбол на образованието, културното богатство и напредокот на албанскиот народ.

– Овој ден 22 Ноември не потсетува на Конгресот во Битола одржан во 1908 година. Таму со мудрост и единство, интелектуалците донесоа одлука која ќе го трасира патот на албанскиот јазик кон иднината.

Мицкоски додаде дека наша заедничка должност е да градиме заедничко општество без разлика на етничката или јазична припадност давајќи го нашиот придонес за заедничкото добро.

– Денот на албанската азбука е потсетник за тоа како писменоста и образованието може да бидат мостови меѓу луѓето, а не темите кои не разделуваат.

Continue Reading

Македонија

Филков: Денот на албанската азбука – Потврда на почитта кон различностите

Published

on

Денес, на 22 ноември, го одбележуваме Денот на албанската азбука – симбол на значењето на јазикот и писмото како основа за зачувување на идентитетот и културното наследство на секој народ.

Овој ден претставува потсетник за важноста на мултикултурноста и многујазичноста како клучни елементи за заедништвото и напредокот на нашето општество. Со почит кон различностите и обединувањето на силите, можеме да изградиме посилна и поправедна држава за сите граѓани.

Затоа, со заеднички напори продолжуваме да ги спроведуваме реформите, да го унапредуваме животниот стандард и да го поттикнуваме економскиот развој, создавајќи модерно и просперитетно општество.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк