Connect with us

Скопје

Данела го враќа Ќосето – поднесено барање до општина Центар

Published

on

Градоначалничката Данела Арсовска отпочнува со постапка за враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето пред судовите во Скопје.

Од општина Центар, за повеќе медиуми потврдија дека до нив е стигнато барање за отпочнување на процедура за враќање на Ќосето на крстосницата на која што претходно беше поставен.

Споменикот пред пет години беше отстранет по барање на ексградоначлникот Петре Шилегов.

Како што дознаваме Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со месеци го барала споменикот на Андон Јанев-Ќосето, кој во текот на 2018 година беше отстранет.

Споменикот на Ќосето долго време го баравме и успеавме да го детектираме. Ќе ги прашаме граѓаните, што се однесува до мене како градоначалник затоа што многу често беше поставувано ова прашање, не само во кампањата туку многу често и самите граѓани знаат да напишат, и да прашаат и ме интересираше каде е, изјави Арсовска уште минатата година.

Таа додала дека два месеци се обидувале да дознаат каде е ставен, дури и кружеле гласини дека можеби е стопен.

Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Својата дејност ја започнал како дел од Македонската револуционерна организација, а подоцна станува нејзин војвода.

Скопје

Пожар во болница во Скопје

Published

on

Вчера во 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.30 часот во Психијатриска болница-Бардовци настанал пожар во една од собите на установата.

Од Територијалната противпожарна единица Скопје пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Скопје

Бегал од полицијата, па предизвикал сообраќајка

Published

on

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје околу 10 минути по полноќ, на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Скопје, кој управувал патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки и при даден знак од полициските службеници не застанал туку продолжил со движење и предизвикал сообраќајна незгода помеѓу неговото возило, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(26), и патничко возило „пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано Д.М.(23), двајцата од Скопје.

-Во незгодата А.Т, Д.М. и неговата сопатничка И.Н.(21) од Скопје се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. По незгодата, К.Ј. продолжил со движењето и со своето возило удрил и во возило „дачија дастер“ со скопски регистарски ознаки и причинил материјална штета, информира МВР.

Откако бил пронајден, при преглед во неговото возило била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Скопје

ДАЛИ УЛОГАТА НА ГРАДСКИ ТАТКО ЈА „ПРЕЗЕМА“ ЃОРГИЕВСКИ: Прави новогодишна прослава наместо Град Скопје, го покани целиот град кај Расадник за Нова година

Published

on

Додека од Град Скопје нема никаква најава за организирана прослава за најлудата ноќ, ние уште еднаш докажуваме дека сме лидери во организирањето културни настани, објави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓеоргиевски, кој го покани цело Скопје на новогодишна прослава во Кисела Вода, на платото пред Расадник.

„Дали сте спремни за најдобрата забава во Скопје?  Почитувани жители на Скопје, со огромна чест ве поканувам пред платото на спортската сала ,,Расадник” во Кисела Вода на незаборавен дочек на Новата 2025 година! На 31 декември, под слоганот „Скопска Новогодишна приказна“, жителите на Кисела Вода и сите граѓани на Скопје ќе имаат можност да уживаат во целодневна програма со богати содржини за сите генерации. Настанот започнува во 10:30 часот со настап на Балетското студио „Лебед“, а ќе продолжи со Бисера Мојаноска и театарската група „Театар за тебе“. Малите посетители ќе уживаат во настапот на „Поточиња“, аниматорите и задолжителниот Дедо Мраз, кој овој пат ќе биде во друштво на ликот Гринч. Вечерната програма започнува во 20:00 часот со настап на популарната група Куку Леле, продолжува со легендарниот Игор Џамбазов, кој е и водител на вечерта, а ќе настапи заедно со „Гуру Харе Бенд.“ Потоа, ќе настапат ДНК и по пауза од 15 години, повторно на сцената – Врчак! Кулминацијата и пречекот на Новата година ќе го означи настапот на Лозано, објави тој на Фејсбук.

Како што напиша тој, со домашни изведувачи кои се миленици на публиката, создале програма која ги обединува генерациите.

„Ова е наш подарок не само за жителите на општината, туку за целиот град.  Ве поканувам сите скопјани да ни се придружите и заедно да ја пречекаме 2025 година со многу радост, музика и убави мигови. Сите сте добредојдени да бидете дел од оваа „Скопска Новогодишна приказна“, која ветува незаборавна забава и многу позитивна енергија!“, се вели во објавата.

Извор: faktor.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк