Просечните бруто-трошоци за вработените во ЕУ за еден работен час во 2022 изнесувале 30,5 евра. Најниски трошоци за работна сила има во Бугарија и во Романија, а највисоки во Луксембург. – Работникот во Бугарија за еден час работа добива 8,2 евра (бруто), во Романија – 9,5 евра. Најскапи работни часови има во Луксембург – 50,7 евра, Данска 46,8 евра и во Белгија 43,5 евра – соопшти „Евростат“. Македонија не е на оваа листа, бидејќи не е членка на Европската Унија, но последните податоци за нашата земја покажуваат дека македонските работници се најконкурентни во Европа и ги чинат работодавците најмалку пари. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јануари 2023 година, изнесувала 50.837 денари. Имено, газдите во Македонија плаќаат во просек по 4,5 евра за час работа – пишува Вечер прес.
Просечните бруто-трошоци за вработените во ЕУ за еден работен час во 2022 изнесувале 30,5 евра. Најниски трошоци за работна сила има во Бугарија и во Романија, а највисоки во Луксембург.
– Работникот во Бугарија за еден час работа добива 8,2 евра (бруто), во Романија – 9,5 евра. Најскапи работни часови има во Луксембург – 50,7 евра, Данска 46,8 евра и во Белгија 43,5 евра – соопшти „Евростат“.
Трошоците за работна сила по час во индустријата во ЕУ лани изснесувале 30,7 евра, во градежништвото 27,3, а во услужните дејности – 30,2 евра.
Во пресметаката на трошоците за работна сила се вклучени две главни компоненти – платите и социјалните придонеси што ги плаќаат работодавците за работниците.
Македонија не е на оваа листа, бидејќи не е членка на Европската Унија, но последните податоци за нашата земја покажуваат дека македонските работници се најконкурентни во Европа и ги чинат работодавците најмалку пари.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јануари 2023 година, изнесувала 50.837 денари. Имено, газдите во Македонија плаќаат во просек по 4,5 евра за час работа, додека во Европа овој просек е 30,2 евра.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, изнесувал 113.6.
– Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: транспорт и складирање (24,1 %), градежништво (21,5 %) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,3 %). Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: градежништво (5,0 %), преработувачка индустрија (4,9 %) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2,6 %) – покажуваат податоците на ДЗС.
Најголем месечен просек на издатоци има за работниците во секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 137.804 за вработен, што е повеќе од два и пол пати од државниот просек. Во овој сектор, саатницата изнесува 749 денари или 12,2 евра. На пример, во рестораните за подготовка на храна во Германија, на студентите им се исплаќаат по 12 евра за час сезонска работа.
Најниска е цената на трудот во секторот заштитни и истражни дејности, каде што работникот го чини работодавецот 28.137 денари месечно, што е 52 отсто од просекот во земјава, а, пак, саатницата во овој сектор е најниска и изнесува 153 денари или 2,5 евра.
Кај нас, и работното време е фиксно, односно се смета 40-часовна работна недела, иако многу често има случаи кога работниците остануваат на работа прекувремени работни часови, кои не се исплаќаат секогаш дополнително, односно законски.
За преживување, на едно четиричлено семејство во 2016 година му требале 1,5, а сега 2,5 минимални плати
Во декември 2016 година, вредноста на минималната синдикална кошничка била 32.102 денари. Според Државниот завод за статистика, во декември во 2016 година минималната плата била 8.800 денари, а просечната – 23.457 денари. За да се задоволи минималната потрошувачка кошничка за едно четиричлено семејство, тогаш биле потребни речиси четири минимални плати, односно 1,5 просечни плати.
Сега, вредноста на минималната кошничка е 51.514 денари. Минималната плата од овој месец е 20.175 денари, а просечната, објавија од ДЗС, изнесува 34.364 денари. За да се задоволи минимална потрошувачка кошничка сега, за едно четиричлено семејство се потребни 2,5 минимални плати, односно 1,5 просечни плати.
Германски воен авион наместо во Приштина – принудно слета во Скопје
Германски воен авион денеска не успеал да слета на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина поради недостиг на сертифициран персонал за слетување во услови на намалена видливост.
Од Агенцијата за воздушна навигација информираа дека другите летови функционираат нормално, а проблемот се однесувал конкретно на воениот лет.
Податоците од платформата Flightradar24 покажуваат дека авионот полетал од Берлин во 8:40 часот наутро и бил пренасочен кон Скопје, каде безбедно слетал.
Инцидентот повторно го отвори прашањето за техничката подготвеност на аеродромот во Приштина за слетувања во комплексни метеоролошки услови.
Инспекциите откриваат неправилности кај матичните гинеколози
09.12.2025 – Засилени контроли од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) и Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) открија дека дел од матичните гинеколози не издаваат фискални сметки за услугите кои ги наплаќаат.
Според неофицијални информации на „Слободен печат“, мерките следат по мониторингот на невладините организации од октомври 2024 година, кој покажал дека жените често плаќале за услуги кои би требало да бидат бесплатни, а без да добијат фискална сметка.
ФЗОМ истовремено ја проширил контролата и на други сектори, вклучувајќи ја службата за итна помош, како и проверка на реалноста на боледувањата и начинот на исплата на платите. Резултатите од сите инспекции се очекуваат да бидат објавени следната недела.
Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, на прес-конференцијата се осврна и на проблемот со Клиниката за онкологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде не се изработуваат анализи за тумор маркери.
Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти
Премиерот Христијан Мицкоски денеска јасно го потенцираше ставот на Владата дека Македонија нема да прифати илегални мигранти и нема да дозволи поставување шатори за нив на територијата на земјата.
Повод за изјавата беа објавите на британските медиуми дека Велика Британија разгледува можност за депортирање на одбиени баратели на азил во Северна Македонија, при што секој депортиран мигрант би бил платен од британската страна. Мицкоски изјави дека со британските власти оваа тема не е разговарана и дека, доколку биде, Владата ќе ја одбие таквата опција.
„Во објавите се наведува ‘неуспешни апликанти за азил да ги праќаат во трети земји’. Да потенцирам пред македонската јавност – таква тема не е предмет на разговор, а и да биде, ќе биде одбиена од наша страна. Нашата цел е заеднички да се бориме против илегалната миграција и да ја браниме Европа“, рече Мицкоски.
Премиерот додаде дека опозицијата се обидува да го користи прашањето за мигрантите за политичка кампања, но нагласи дека борбата против илегалната миграција е фундаментална политика на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој најави и нов проект „Безбедна држава“, инспириран од концептот „Безбеден град“, кој ќе овозможи мониторинг на македонските граници и ќе го спречи илегалниот влез, шверцот и трговијата со луѓе.