Connect with us

Македонија

Бранејќи се за новиот скандал со сопругата Ковачевски меѓу редови ја нападна ќерката на Никола Димитров

Во обид да се извади од скандалот во кој вицепремиерот Груби потпишал документ со кој фирма на сопругата Елена купува државна земја за само 70 денаринза квадрат премиерот Ковачевски рече дека не бил на седницата на влада каде тоа било дозволено.

Ковачевски истовремено рече дека не реагирал за многу слични случаи меѓу кои најјасен е скандалот со ќерката на екс министерот за надворешни работи и вицепремиер Никола Димитров со кој сегашниот премиер а тогаш заменик министер за финансии седеа во иста влада.

Ковачевски набројува неколку други случаи за мисли дека се слични со скандалот со неговата сопруга.

Еден од тие случаи кои можат лесно да се препознаат е тој со државната стипендија за студии во странство за ќерката на Никола Димитров.

,,Јас никогаш не сум коментирал, на пример, дека брачен другар на сопственик на медиум има добиено 1,4 милиони денари за спроведување на проект со државно финансирање. Затоа што верувам дека тоа било спроведено согласно законските постапки. Никогаш не сум коментирал кога сопственик на медиум ќе добие 50 милиони евра државни набавки, затоа што верувам дека тоа било направено согласно законски процедури”, изјави премиерот одговарајќи за имотот на сопругата купен додека тој е во кабинетот на Илинденска.

,,Јас исто така, никогаш не сум коментирал кога дете, на пример на амбасадор, на поранешен амбасадор, на министер, поранешен министер, ќе добие финансирање, за да студира на еден од најдобрите светски универзитети од државата, затоа што верувам дека постапката била запазена. Исто така не сум коментирал кога брачен другар на министер ќе добие финансирање од страна на национален медиумски сервис во износ од над 100.000 евра за да произведува одредена програма, бидејќи сум верувал бидејќи тоа било направено согласно законски постапки. Но, не сакам да верувам во нешто што имам слушнато дека поранешен министер во поранешна Влада покрај платата што ја примал добивал и пари во кеш за да ја извршува својата функција”, рече Ковачевски.

Во изјавата тој се осврна на скандали само на поранешни функционери, а не наброја ниту еден од актуелните министри и заменици иако до него на седница на влада седи функционер чиј брат купи имот за ниска цена, потоа функционер чија сопруга и сестра се вдомија со работа на државни јасли, а има и функционер чиј татко отвори фирма за струја.

Ковачевски не го спомна ниту парламентарниот функционер чиј син полагал правосуден испит без завршен факултет, а во меѓувреме со таква правничка биографија заврши Академија за судии и обвинители и ќе стане обвинител пред многу други кои морале прво да завршат факултет и пракса па да полагаат правосуден испит.

Advertisement

Македонија

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба на целата територија на Македонија

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. 

Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на мазут кој е неопходен во делот на производството. 

Задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ за трошењето на нафтениот дериват мазут има обврска да доставува извештај со Владата и до Министерство за финансии.

Continue Reading

Македонија

Отворена за сообраќај клучката кај Подмоље на автопатот Охрид–Кичево

Сообраќајниот крак – клучката на автопатската делница Охрид–Кичево, кај селото Подмоље, е пуштен во редовен сообраќај, информираат од СВР Охрид. Со ова се нормализира сообраќајот на повеќе фреквентни правци, меѓу кои Охрид–Кичево–Скопје, Охрид–Струга, Струга–Кичево–Скопје и Струга–Охрид, без какви било дополнителни ограничувања.

Од полицијата нагласуваат дека клучката е целосно функционална и апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и одговорно. Возачите на патнички и други моторни возила се повикуваат строго да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сигнализација, со цел да се зголеми безбедноста на патиштата и да се избегнат несакани инциденти.

Continue Reading

Македонија

Јаневска: Загадениот воздух нема да донесе предвремен зимски распуст

Министерката за образование, Весна Јаневска, денеска увери дека учениците ќе продолжат со настава до крајот на месецов и потоа ќе заминат на редовниот зимски распуст, без предвремено распуштање поради загадениот воздух.

„Остануваат уште малку денови до распустот и во овој момент немаме информации дека здравјето на децата е загрозено“, истакна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Економскиот факултет на УКИМ. Таа додаде дека отсуствувањето ден-два поради здравствени причини не е проблем, но дека мора да се избегне негативната практика од минатото, кога се скратувале учебните денови поради различни причини.

„Жалам што морам да направам груба споредба, но во некои европски земји децата одат на настава дури и кога имаат грип, се додека нивното здравје не е сериозно загрозено. Нашите ученици не се пренатрупани со учење, и доколку нема сериозен здравствен ризик, не е проблем да отсуствуваат еден-два дена. Проблем беше кога се скратуваа учебните денови заради поевтини одмори или подготовки за писмени испити. Тие негативни појави треба да ги отстрануваме“, нагласи министерката.

Јаневска потенцираше дека одлуките секогаш ќе бидат носени во интерес на здравјето на децата, а во овој момент нема сигнал дека наставата е во опасност по нивното здравје.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг