Connect with us

Македонија

„Денес почнува ШВЕРЦЕРАТОТ у Собрание – Вековното работничко право за 8 часа работа, ќе биде укинато за македонските работници“

Published

on

Денес на комисиска расправа се ставени скандалозните предлог-измените на Законот со работни односи, со кои се предвидува работниците на Коридорот 8 да работат и до 60 часа неделно! Овој предлог-закон е дел од осумте закони со кои се фаворизира контроверзната компанија „Бехтел и Енка“, која ја следат низа корумпирани скандали во регионот, реагираат од Левица.

-Токму Уставниот Суд минатата година го укина членот 12 од Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфструктурниот Коридор 8, во кој се предвидуваше можност за 60 часовна работна недела. Уставниот Суд тогаш оцени дека одредбата е спротивна на темелните вредности предвидени во член 8 и на правото на дневен и неделен одмор, предвидено во член 32 Уставот. Секој пратеник кој ќе крене рака за гласање на овие законски измени сторува кривично дело „Неизвршување на судска одлука” казниво по член 377 од Кривичниот законик. Левица со сите сили ќе ги спречи овие неуставни и експлоататорски одредби! – реагираат од партијата.

Лидерот на Левица објасни на Фејсбук:

Македонија

Земјотрес почувствуван во Македонија

Published

on

Земјотрес со јачина од 2,1 степени според Рихтер утрово е регистриран во Македонија.

Според првите информации од ЕМСЦ, епицентарот е на 21 километар од Кичево.

Continue Reading

Македонија

Илиевски: Нека е честит Денот на албанската азбука!

Published

on

Градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски, упати честитка по повод Денот на албанската азбука, истакнувајќи ја важноста на јазикот и културното наследство. Тој порача дека различностите се богатство што треба да го негуваме и дека општина Брвеница ќе продолжи да гради заедништво и меѓусебна почит меѓу заедниците.

Continue Reading

Македонија

Меџити: Албанската азбука е составен дел од идентитетот на секој албанец

Published

on

На свечената академија, кој што се одржа во Владата на Република Македонија, по повод Денот на албанската азбука, свое обраќање имаше и првиот вицепремиер Изет Меџити.

– Конгресот во Битола беше повикот од бришењето и асимилацијата на албанскиот јазик од меморијата на албанците. Оваа мобилизација на албанската интелигенција и политичкото раководство во Битола во 1908 година, токму во времето на востаничките движења на балканските народи, означи нов моментум за албанците на почетокот на 20 век. 

Меџите додаде дека како прв вицепремиер му е чест да биде домаќин на официјалните манифестации кои ќе се одржуваат во текот на денот по повод Денот на албанската азбука.

После свечената академија во Владата, како што кажа Меџите ќе се продолжи со Научен симпозиум во Институтот за албанско наследство, доделување на наградата 22 Ноември во Собранието, како и културно уметнички манифестации во Битола.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк