Connect with us

Македонија

Агатангел: Не дозволувајте некој да ни го одземе она што сме – Македонци

Во пресрет на големиот христијански празник Владиката Повардарски Агатангел до православните верници и македонскиот народ упати Велигденско Послание.

-Воскресението Христово, претскажано од пророците и утврдено преку проповедта на апостолите, стана аголен камен на сето наше учење, на сета наша вера и надеж. Сите дела Божји, сите Негови чуда и зборови, добиваат целосно објаснување и вреднување само преку Христовото воскресение. Затоа, при секоја неделна богослужба, Велигден е празникот на кого со радост се сеќаваме и на кого постојано како православни христијани се навраќаме. Без правилна вера и живот во Воскреснатиот Господ Исус Христос, човекот засекогаш ќе остане во канџите на смртта. Спасителот дојде во нашиот свет за да воскресне како Победител, и да ни го осветли патот што ќе нè одведе во вечното небесно живеалиште. Он ни ја дарува Благата вест, во која, како најголема скапоценост, е зачуван Неговиот прекрасен лик. Он го преобрази и очисти човечкото тело, а откако воскресна од мртвите, го постави да седи од десната страна на Отецот, со што за навек, ние како човештво, го добивме своето највисоко и најценето достоинство,потенцира владиката Агатангел.

Со возљубени мои Македонци и Македонки, тој упати пораки до својот македонски народ.

– Не дозволувајте некој да ни го одземе она што сме. По вера сме биле православни христијани, а по род Македонци, тоа и ќе останеме. Во последно време нашата татковина Македонија крвари од повеќе отворени рани, но сега е правиот момент да ги насочиме своите мисли кон воскресението, да ја сфатиме и усвоиме неговата вистинска содржина. Само така можеме да бидеме народ на Живиот Бог, само така ќе го добиеме Неговиот спасоносен благослов. Над нашите глави силно се надвиснати темните облаци на гревот и неморалот. Упорно некој сака да нè прекрши и одвнатре и однадвор. Од ден на ден тонеме во апатија и незаинтересираност за духовната состојба на нашите души. Секојдневно пред нашите очи се парадира со пароли полни со антиморал и антихристијанство. Некој горделиво се умислил дека е господар на овој свет и дека е повикан да управува со нашите мисли и да ги контролира нашите постапки. Во неговиот демонски план е зацртано целосното обезличување личноста, распадот на семејството, уништувањето на човековиот идентитет и достоинство. Од Бога утврдените норми и правила, уште од создавањето, треба да се преиспитаат и конечно да се пречкртаат. Мажот нема да биде повеќе маж, а жената нема да биде повеќе жена. Некој со сиот памет се дрзнува да си ја земе улогата на моќен седржител. Но како резултат од неговите недела насекаде ќе биде посеана смртта и несреќата. Ваквите горделивци и духовни чудовишта упорно работат против човештвото. За нив сè е дозволено, она што е испревртено и неприродно за нив е достојно за пофалба. Ова според нив треба да биде и озаконето. Како општество, место да се грижиме за сè поизразената стапка на чедоморство, или за тоа што нашите млади луѓе сè помалку стапуваат во брак, што градовите ни остануваат без млада популација, ние својата духовна енергија ја трошиме на нивните бесмислици. Селата ни се осипуваат, нивите ни се неизорани, домовите ни се разурнати, на овие прашања треба да го насочиме нашето внимание. Во опасни времиња живееме. Сега злото се прогласува за добро, а доброто за зло. Гревот станува прифатлив за секого и се прогласува за нешто модерно и нормално. Наместо примери за чесност, доблесност и одговорност, на младите им се нудат лажни идоли и антихерои, наместо живот достоен за воскресение, ни се предлага тивко умирање во бездната на невратот, порача меѓу другото владиката Агатангел.

Владиката Повардарски Агатангел вечерва во 23 часот ќе служи Велигденска богослужба, Златоустова литургија во соборниот грам „Св. Великомаченик Пантелејмон“, а во исто време ќе се служат Велигденски богослужби и и во црквите „Св. Христово вознесение“,„Св.Кирил и Методиј“ и во црквата „Свети Јован Златоуст“ во Велес.

Македонија

Македонските деца сè порано пробуваат цигари и алкохол: Првата цигара на 9 години, алкохол на 13

Резултатите од најновото истражување ЕСПАД 2024, презентирано од Институтот за јавно здравје, покажуваат загрижувачки тренд кај македонските ученици – дел од децата ја запалуваат првата цигара уште на деветгодишна возраст, додека првиот контакт со алкохол најчесто се случува околу 13 години.

Истражувањето било спроведено во 96 средни училишта со повеќе од 2.800 ученици и укажува и на значителен пораст на употребата на електронски цигари. Повеќе од една четвртина од учениците пробале е-цигари, а секој десетти ги користел во изминатиот месец.

Алкохолот останува најраспространета психоактивна супстанца меѓу адолесцентите, при што момчињата почесто пријавуваат рана употреба, интоксикација и тешко епизодно пиење. Речиси третина од учениците првпат консумирале алкохол на 13 години или помлади.

Иако помал обем се регистрира и употреба на седативи без рецепт, канабис и коцкање, овие појави се особено присутни кај машката популација. Надлежните институции предупредуваат дека овие трендови бараат засилени и современи превентивни мерки.

Од Министерството за образование и наука информираат дека училиштата веќе спроведуваат програми за превенција на злоупотреба на психоактивни супстанци, а од оваа учебна година е воведен и изборен предмет за здравствена писменост. Институтот за јавно здравје нагласува дека резултатите од ЕСПАД треба да послужат како основа за подобрување на политиките и заштита на здравјето на младите.

Continue Reading

Македонија

АХВ засилено ги контролира детските новогодишни пакетчиња: дел од нив повлечени поради неточни декларации

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за да ја провери безбедноста на детските новогодишни пакетчиња. Контролите беа извршени во магацини за пакување, маркетите и продавниците кои ги пласираат овие производи.

Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите и непотполни декларации, инспекциските служби издадоа 4 решенија за повлекување на пакетчиња од промет. Дополнително, двајца оператори со храна добија наредби за ставање на комплетни збирни декларации на пакетчињата.

Од спроведените 262 инспекциски надзори, не се изречени парични казни и не е поништена ниту една храна како небезбедна. Во споредба со ланската сезона, кога беа утврдени сериозни неправилности како погрешни ознаки, истечен рок на употреба и промени во својствата на производите, годинава се забележани само минимални недоследности кај операторите.

АХВ најавува дека контролните активности ќе продолжат и во наредниот период, особено пред и по новогодишните празници, со цел да се осигура безбедноста на детските пакетчиња.

Continue Reading

Македонија

Итни мерки против аерозагадувањето активирани и во Скопје

По Кичево и Струмица, од денеска итните мерки за справување со аерозагадувањето се активираат и во Скопје, откако мерните станици регистрираа надминување на дозволените концентрации на штетни честички во повеќе скопски општини. Зголемената магла дополнително ја влошува состојбата, а високи нивоа на загаденост се забележани и во други градови низ државата.

Министерството за животна средина и просторно планирање ги активираше протоколите за заштита на јавното здравје, со посебен фокус на заштита на најранливите категории граѓани.

Согласно владините мерки, работодавците имаат обврска да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, како и лицата кои прележале миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста.

Лекарите, особено пулмолозите, апелираат граѓаните да го ограничат престојот на отворено на минимум, доколку нема итна потреба. Според нив, најкритични се раните утрински и доцните вечерни часови, кога концентрациите на загадувачки честички се највисоки. Доколку е неопходно движење, се препорачува користење на јавен превоз наместо сопствени возила.

Надлежните институции ги повикуваат граѓаните редовно да ги следат препораките и официјалните соопштенија сè додека трае епизодата на загаден воздух.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг