Connect with us

Македонија

Од Пирин порачуваме, ние сме Македонци, наш мајчин јазик е македонскиот и сме неотуѓив дел од македонскиот народ

Делегација на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, предводена од лидерот Васил Стерјовски учествуваше на чествувањето за Јане Сандански.

Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки. Чест и задоволство ми е што сум повторно со вас на денешното традиционално семакедонското одбележување на 108-годишнината од убиството на великанот на македонското револуционерно движење Јане Сандански, рече на почетокот од обраќањето Стерјовски.

Ви носам, додаде, најсрдечни поздрави и поддршка од Македонците во Албанија за „вашата борба за национални и човекови права”.

Вам од се срце ви се поклонувам што сте вистински Македонци, што се борите за вашите човекови права во Бугарија, што организирате вакви настани за да ја негувате и сочувате македонштината и за да не ги заборавиме синовите што се бореле и гинеле за Македонија, нагласи тој.

Додаде дека Јане Сандански, со „своето револуционерно дело и саможртвата што ја даде за слободата на Македонија, зазема значајно место во колективната меморија на Македонците”. Тој бил чувар на Гоцевите идеали и е најистакнатата национална фигура во Пиринскиот крај и загина како што живееше, како херој.

Според него, девизата на пиринскиот цар  „Да живееш – значи да се бориш: робот за слобода, а слободниот за совршенство” останува како порака за сите нас.

Неговата револуционерна борба за ослободување на Македонија, посочи Стерјовски, и неговата вера во слободата и правдата не поттикнува да продолжиме со нашата борба за слобода и национални права во државите каде што живееме.

Од овде, од гордиот Пирин порачуваме, ние сме Македонци, наш мајчин јазик е македонскиот јазик, ја сакаме и државата Македонија, бидејќи сме нераскинлив и неотуѓив дел од македонскиот народ. Од институциите на Република Македонија бараме да се грижат за Македонците во соседните земји како што сите држави на Балканот и Европска Унија се грижат за своите малцинства, порача Стерјовски.

Ја поздравуваме, кажа тој, неодамнешната средба меѓу македонскиот министер за правда со Стојко Стојков каде разговараа за „положбата на Македонците во Бугарија и не-имплементацијата на пресудите од Европскиот суд за човекови права од страна на Бугарија и се надеваме дека ваквите средби со институциите на Република Македонија ќе продолжат и во иднина”.

Се залагаме за потпишување меѓудржавни договори на земјите во регионот за почитување на малцинствата на реципроцитетна основа, каде малцинствата ќе се гледаат како мост на соработка помеѓу државите. Нека е вечен споменот за Јане Сандански и нека се сеќаваме на неговата револуционерна борба, како на инспирација за нашите битки, и да продолжиме да се бориме за слобода и национални права. Вечна му слава на Пиринскиот Цар, рече во обраќањето Стерјовски.

Македонија

Поради густата магла откажани сите летови од Меѓународниот аеродром Скопје

Авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје денеска е целосно прекинат, откако поради густата магла и значително намалената видливост беа откажани сите планирани летови, соопштија надлежните служби.


Од раните утрински часови, аеродромот не реализира ниту полетувања, ниту слетувања, а сите редовни летови на повеќе авиокомпании, меѓу кои Wizz Air, Turkish Airlines и Croatia Airlines, се откажани или пренасочени кон алтернативни аеродроми во регионот.


Според информациите од управувачот на аеродромот, ТАВ Македонија, густата магла ја намали видливоста под безбедносниот минимум за нормално одвивање на авионскиот сообраќај, поради што е донесена одлука за целосен прекин на летовите сè додека не се подобрат временските услови.


Дел од авионите што требало да слетаат во Скопје биле пренасочени кон аеродромите во Охрид, Приштина, Софија, Солун и Тирана, додека патниците се известуваат да не доаѓаат на аеродромот без претходна проверка на статусот на нивниот лет.


Од ТАВ апелираат патниците редовно да ги следат официјалните соопштенија и да стапат во контакт со своите авиокомпании за дополнителни информации и евентуални промени во распоредот, бидејќи маглата и понатаму ја отежнува воздушната навигација.

Continue Reading

Македонија

М-НАВ ја заврши целосната демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје

Соопштение за јавност

М-НАВ денеска успешно ги заврши преостанатите градежни активности за целосна демонтажа на останатите делови од стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Работите беа реализирани во период со магла и намалена видливост, кој беше оптимално искористен за комплетно и безбедно завршување на активностите, без какво било влијание врз одвивањето на воздушниот сообраќај.

Со оваа фаза се заокружува процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар, како предуслов за понатамошните активности поврзани со инсталацијата на новиот модерен радарски систем.

М-НАВ и понатаму останува целосно посветен на безбедноста и континуитетот на воздушниот сообраќај, како и на навремена и професионална реализација на сите планирани активности.

Continue Reading

Македонија

Полицијата уапси двајца мажи од Гостивар – од куќа украле плен вреден 65.000 евра

Двајца мажи се уапсени вчера откако полициските службеници пронашле и одзеле предмети и пари во вредност од 65.000 евра за време на претрес во домот во Гостивар, соопшти МВР.

Акцијата била спроведена по претходни оперативни сознанија и сомневање дека во домот се наоѓаат нелегално стекнати пари и предмети. При претресот, полицијата од куќата ги одзела пронајдените средства, кои, како што е утврдено, биле скриени на повеќе локации во објектот.


Лицата осомничени за случајот веднаш биле лишени од слобода и одведени во полициска станица за понатамошна постапка. Од надлежните информираат дека против нив ќе биде поднесена соодветна пријава поради сомнежи за кривични дела поврзани со недозволено поседување и криумчарење пари.


Истражителите во соработка со обвинителството продолжуваат со работата на случајот со цел да се утврдат сите околности и да се испита потеклото на одземените средства.
Одговорните органи потенцираат дека ваквиот тип на акции се дел од континуираните активности за сузбивање на финансиските криминали, а на јавноста ѝ се ветува максимална транспарентност во процесот на истрага.


Информациите за идните правни чекори ќе бидат соопштени по завршувањето на службениот увид и поднесувањето на официјалните пријави.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг