Connect with us

Спорт

Ивановски најдобар во двојки: Македонецот атакува на две титули во Куршумлиска Бања

Published

on

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со успесите на турнирот во Куршумлиска Бања, Србија.

Ивановски денеска во финалето во двојки заедно со Украинецот Олександр Овчаренко со резултат 2:1 (3:6, 7:6, 10:5) триумфираа над Андреј Чепелев (Русија) и Микалаи Халиак (Белорусија).

Нашиот натпреварувач има шанса викендов да се закити со две титули, в недела го очекува и финале во сингл конкуренцијата.

Ивановски за титулата ќе игра против седмиот носител на турнирот, Клемен Табур од Франција.

Табур во полуфиналната фаза го елиминираше Италијанецот Самуел Винсент Ругери со 7:6 и 6:4.

Европа

МАКЕДОНИЈА СИГУРНО ЌЕ Ѝ ПОКАЖЕ ЗАБИ НА ФРАНЦИЈА Дуел за престиж и за искуство

Published

on

За македонската селекција, приоритетот останува што подобра игра и претставување, без преголем резултатски притисок.

Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток во 20:30 часот ќе го одигра последниот натпревар од главната рунда на Светското првенство во Вараждин.

Нашите ракометари ќе се соочат со една од најдобрите селекции во светот – Франција, во рамки на третото коло од оваа фаза.

Иако математички сè уште постои можност за пласман во Топ 8, очекувањата се дека шансите ќе исчезнат по претходниот денешен натпревар во кој Унгарија, како фаворит, ќе се соочи со Катар.

За македонската селекција, приоритетот останува што подобра игра и претставување, без преголем резултатски притисок.

„Натпревар без што да се загуби“

Селекторот Кирил Лазаров е свесен за квалитетот на противникот, но најавува дека македонската репрезентација ќе се обиде да го даде својот максимум.

– Ова ни е најлесниот, не најтешкиот меч на овој мундијал. Знаеме против кого играме, Франција е во самиот врв на светскиот ракомет заедно со Данска. Немаме што да загубиме, а она што ни е потребно за овој дуел е сила и концентрација. Ќе се обидеме да парираме онолку колку што ќе ни биде дозволено – изјави Лазаров.

Последната средба со Франција ја одигравме пред една година на Европското првенство во Германија, кога загубивме со 10 голови разлика.

Тој натпревар остана запаметен и по уникатната атмосфера, бидејќи беше одигран на фудбалски стадион пред над 50.000 гледачи.

Напредокот е очигледен

И покрај силниот ривал, селекцијата на Лазаров се наоѓа во позитивна атмосфера. Промените во играта се видливи, а вечерниот дуел е одлична можност за проверка на формата пред важниот двомеч со Словенија во квалификациите за ЕП 2026.

Голманот Марко Кизиќ нагласува дека тимот ќе игра борбено и ќе даде сè од себе, без разлика на исходот.

– За Франција не треба да се трошат зборови. Играме со една од најдобрите репрезентации. Ќе се бориме за победа, но најважно е да уживаме на теренот и да го покажеме најдоброто од нас. Благодарност до сите фанови за поддршката – тоа ни дава дополнителна мотивација – изјави Кизиќ.

Натпреварот ќе се одигра во арената во Вараждин, а македонските ракометари се подготвени да ја продолжат борбата со гордост и посветеност, без оглед на резултатот.

Секој чекор напред е нова лекција и искуство за идните предизвици.

Continue Reading

Спорт

Надежта на македонскиот ракомет Марко Митев има помлад брат Дамјан, за кого допрва ќе слушаме!

Published

on

Македонскиот ракомет добива сè повеќе млади ѕвезди, а едно од имињата кое сè почесто се споменува во спортските кругови е Дамјан Митев, помладиот брат на веќе докажаниот репрезентативец Марко Митев.

Додека Марко веќе ја има освоено довербата на селекторот Кире Лазаров и е еден од клучните играчи во македонската репрезентација, неговиот брат Дамјан со само 17 години веќе тропа на вратата на големата сцена.

Младиот талент со големи амбиции

Роден во 2007 година, Дамјан Митев веќе привлекува внимание со своите вештини на теренот. Тој настапува за РК Алкалоид, каде што постојано напредува и покажува зрелост што не е типична за неговите години. Играјќи како среден бек, Дамјан докажува дека ракометниот талент е семејна традиција.

Но, она што навистина ја подигна неговата репутација беше повикот од селекторот Кире Лазаров во сениорската репрезентација. Во мај 2024 година, Митев беше дел од македонскиот состав за бараж натпреварите против Фарските Острови, што претставуваше огромен чекор напред за неговата кариера.

Марко и Дамјан – иднината на македонскиот ракомет?

Со оглед на тоа дека Македонија секогаш била позната по своите ракометни таленти, комбинацијата на Марко и Дамјан Митев ветува светла иднина за македонскиот ракомет. Фановите веќе започнаа да ја споредуваат оваа братска двојка со големите дуо-тандем игри од минатото, што е дополнителен мотив за нив да се докажат на теренот.

Иако Марко веќе е препознатливо име, сега сите очи се вперени кон Дамјан, кој допрва треба да го покаже својот целосен потенцијал. Со талент, дисциплина и желба за успех, нема сомнение дека за него ќе слушаме многу во годините што доаѓаат!

Continue Reading

Македонски Фудбал

Енис Барди промовиран во Бодрумспор

Published

on

Заврши трансфер сагата околу капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди. Играчот за врска од денеска и официјално е нов член на тимот на Бодрумспор. Тоа значи дека Барди него менува шампионатот, туку само тимот, затоа што досега го носеше дресот на Трабзон.

Бодрумспор е екипа која што во моментов се бори за опстанок во Суперлигата на Турција, а засилувања како Енис Барди секако дека одат во прилог на тоа.

Нашиот капитен на изненадување на многумина од еден од најдобрите играчи на Трабзон падна во немилост на стручниот штаб, па зимава беше логично да си замине.

За нас пак, е најважно тој да биде во натпреварувачка форма, и да ја има полната минутажа каде и да игра.

Негов нов соиграч во Бодрум ќе биде и некогашниот наш репрезентативец Тауљан Сефери, кој што како што добро знаеме дресот на Македонија го замени со оној на Албанија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк