Connect with us

Македонија

ПОПОВСКИ НАЈАВИ ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ И ОПАСНОСТ ОД ПОПЛАВИ И ЛИЗГАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО НА БАЛКАНОТ!

Published

on

ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ – ОПАСНОСТ ОД ПОПЛАВИ И ЛИЗГАЊЕ НА ЗЕМЈИШТЕТО НА БАЛКАНОТ!

До 18 мај во регионот се очекува ЕКСТРЕМНО КОЛИЧЕСТВО на воден талог ( на повеќе места и над 100 л/м2, а локално дури и над 200 л/м2 воден талог). Покрај ова можно е и ОЛУЈНО НЕВРЕМЕ (Олуен ветер, електрични празнења и град). Втора метеоролошка карта – Македонија (локално поинтензивни врнежи, до околу 50 л/м2 воден талог, локално и повеќе до 18 мај вечерта). На граѓаните ги советуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ!

Македонија

Изет Меџити: Европската еколошка агенда е и борба за достоинство и права на граѓаните

Published

on

Изет Меџити, прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, на средба со комесарот за човекови права на Советот на Европа – фокусот на еколошките реформи и човековите права

Кога заштитата на животната средина е испреплетена со човековите права, политиката добива трансформативна димензија. 

Ова беше и суштината на мојата средба со г-дин Мајкл О’Флаерти, комесар за човекови права во Советот на Европа, за време на неговата посета на Северна Македонија. 

Ја истакнав посветеноста на земјата за целосно усогласување на политиките и законодавството со ЕУ во областа на животната средина и климата, преку правни реформи, градење капацитети и инвестиции во одржливи технологии. 

Останува голем предизвик поглавјето 27 од преговорите со ЕУ, кое бара големи инвестиции во области како што се инфраструктурата, обновливите извори на енергија и заштитата на природните ресурси и може да бара транзициски периоди. 

Се заблагодарив за континуираната поддршка на ЕУ како главен донатор во секторот за животна средина, особено за соларните и ветерните паркови, преминот од јаглен, поврзувањето на гасниот систем со Косово и Србија и управувањето со отпадот и отпадните води. 

Оваа поддршка вклучува и големи проекти како што се затворање на диви депонии, регионални системи за управување со отпад во пет региони и изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје. 

Предизвиците остануваат големи, особено во управувањето со вода и отпад. Акцискиот план за имплементација на Директивата за отпадни води и вода за пиење има вкупен трошок од околу 1,2 милијарди евра и рок за имплементација до 2041 година. 

Тој предвидува изградба на 87 пречистителни станици за отпадни води, од кои 16 со напреден терцијарен третман, како и дополнителни инвестиции од околу 300 милиони евра за подобрување на системот за управување со отпад изјави Меџити.

Continue Reading

Македонија

Обвинителство бара мерки за претпазливост за актуелната претседателка на Антикорупциска за предметот „Адитив“

Published

on

Јавното обвинителство доставило предлог за мерки за претпазливост за претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, во рамки на предметот „Адитив“.

Како што соопштуваат од Основен Кривичен суд Скопје, во моментов Димитровска се наоѓа во Судот и треба да биде изведена пред судија на претходна постапка. Оттаму најавуваат дополнителни информации за решение по предлогот.

Од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција велат дека во рамки на предметот „Адитив“ од прибраните докази донесена е Наредба за спроведување на истрага за уште три лица. Оттаму не прецизираа имиња. 

Предметот „Адитив“ се однесува на истрага за злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и РЕК Осломеј. Обвинети се 31 физичко лице и 5 правни лица.

Според обвинителството, осомничените лица организирале и извршиле пререгистрација на правни субјекти за да изиграат постапките за јавна набавка, со што овозможиле одредени компании да добијат договори и да се стекнат со значителна имотна корист

Continue Reading

Македонија

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Невреме од ниво 3 и се заканува на Македонија, еве за кои делови од земјава важи тоа

Published

on

Д-р Владо Спиридонов, доктор по метеоролошки науки, предупредува дека денес постои зголемен ризик од невреме (Ниво 3) во Македонија.

Д-р Владо Спиридонов на својот фејсбук профил објави дека во текот на денешниот ден, Југоисточна Европа и Македонија ќе останат под влијание на нестабилна синоптичка ситуација – пространа долина со намален притисок на висина и прилив на поладен воздух над северозападниот дел од Апенинскиот Полуостров.

“Околу пладне се очекува формирање на два изолирани центри со низок притисок – едниот ќе се движи кон Јонското Море, а другиот кон југозападниот дел од Црното Море. Ова ќе придонесе за засилена атмосферска дестабилизација.

Попладне се очекува развој на влажен фронтален бран проследен со појава на нестабилности и развој на грмотевични облаци. Врнежите прво ќе го зафатат источниот дел од земјата, а потоа ќе се прошируваат кон централниот регион.

Најобилни врнежи и потенцијално неповолни временски појави се очекуваат во источните и централните делови од Македонија – особено во Велешкиот регион, каде системот NOTHAS веќе има означено Ниво 3: Зголемен ризик од невреме.

Апелираме до граѓаните да бидат внимателни, особено попладне и во вечерните часови. Следете ги официјалните информации и бидете подготвени доколку условите се влошат.”, стои во објавата на Д-р Владо Спиридонов, доктор по метеоролошки науки.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк