Connect with us

Македонија

“Ние сме ослободители и херои за албанскиот народ”: Скандалозна изјава на осуден за “Диво насеље” кој се вклучи во живо од затворот “Идризово”

Фатмир Речица, еден од членовите на Кумановската група која го изврши масакрот во “Диво насеље” осуден на 40 години затвор, вели дека за албанскиот народ осудените се ослободители. Преку директна врска од затворот Идризово за емисијата ФРОНТАЛ на косовската телевизија Т7, Речица рече дека дискриминацијата што му се вршела на албанскиот народ е една од причините поради кои тие патувале од Косово во Македонија.

-„За Албанците ние сме ослободители и борци на нашиот народ. Со оглед на настаните во Македонија, дискриминацијата на албанскиот народ. Дојдовме со добра волја со идеалот за национално единство“, рече Речица по повод 8-годишнината од крвавите настани во “Диво насеље”, пренесува Газета Експрес.

Тој покажа и една од фотографиите на која се гледа тој заедно со некои други соборци, некои убиени, а некои во затвор.

„На таа фотографија некои се маченици, а некои се во затвори. На косовско-македонската граница. Во село на самата граница. Не беше лесно да се мине границата, но бевме екстра внимателни на целиот пат“, рече тој.

Запрашан дали имаат поддршка од Косово, Речица рече дека имаат поддршка, но дека ќе дојде време кога ќе се открие со имиња и презимиња кој ги поддржал и кој ги турнал да донесат одлука за заминување кон Куманово.

„За жал, во Косово не се зборува. Затоа што имавме поддршка од Косово. Имаме поддршка од добронамерници, не сме ги спомнале. Ќе дојде ден кога ќе ги споменеме по име и презиме, кој не поддржа и кој не турка“, рече тој.

Речица вели дека е осуден на 40 години затвор и напоменува дека си ја исполнил должноста.

Осуден сум 40 години. Ја извршив мојата должност“, изјави тој.

Апелацискиот суд – Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за случајот со терористичките напади во Куманово. Основниот кривичен суд на 2 ноември 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од кумановското Диво Насеље, на 13 обвинети им изрече затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица, поради немање докази, беа ослободени од обвиненијата.

Врховниот суд подоцна не дозволи повторување на постапката за предметот, а осудените најавија дека ќе се жалат пред судот за човекови права во Стразбур.

Инаку, во затворот “Идризово”, како и во останатите затвори не се дозволени телефони, а полицијата во неколку акции таму пронаоѓаше и одземаше покрај телефони и ладно оружје и дрога.

Се поставува прашањето дали осудените за “Диво насеље” се привилегирани, па можат, веќе неколку пати по ред во живо да се вклучуваат во емисии на косовски телевизии

Македонија

Германски воен авион наместо во Приштина – принудно слета во Скопје

Германски воен авион денеска не успеал да слета на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина поради недостиг на сертифициран персонал за слетување во услови на намалена видливост.

Од Агенцијата за воздушна навигација информираа дека другите летови функционираат нормално, а проблемот се однесувал конкретно на воениот лет.

Податоците од платформата Flightradar24 покажуваат дека авионот полетал од Берлин во 8:40 часот наутро и бил пренасочен кон Скопје, каде безбедно слетал.

Инцидентот повторно го отвори прашањето за техничката подготвеност на аеродромот во Приштина за слетувања во комплексни метеоролошки услови.

Continue Reading

Македонија

Инспекциите откриваат неправилности кај матичните гинеколози

09.12.2025 – Засилени контроли од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) и Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) открија дека дел од матичните гинеколози не издаваат фискални сметки за услугите кои ги наплаќаат.

Според неофицијални информации на „Слободен печат“, мерките следат по мониторингот на невладините организации од октомври 2024 година, кој покажал дека жените често плаќале за услуги кои би требало да бидат бесплатни, а без да добијат фискална сметка.

ФЗОМ истовремено ја проширил контролата и на други сектори, вклучувајќи ја службата за итна помош, како и проверка на реалноста на боледувањата и начинот на исплата на платите. Резултатите од сите инспекции се очекуваат да бидат објавени следната недела.

Директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски, на прес-конференцијата се осврна и на проблемот со Клиниката за онкологија при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде не се изработуваат анализи за тумор маркери.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти

mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јасно го потенцираше ставот на Владата дека Македонија нема да прифати илегални мигранти и нема да дозволи поставување шатори за нив на територијата на земјата.

Повод за изјавата беа објавите на британските медиуми дека Велика Британија разгледува можност за депортирање на одбиени баратели на азил во Северна Македонија, при што секој депортиран мигрант би бил платен од британската страна. Мицкоски изјави дека со британските власти оваа тема не е разговарана и дека, доколку биде, Владата ќе ја одбие таквата опција.

„Во објавите се наведува ‘неуспешни апликанти за азил да ги праќаат во трети земји’. Да потенцирам пред македонската јавност – таква тема не е предмет на разговор, а и да биде, ќе биде одбиена од наша страна. Нашата цел е заеднички да се бориме против илегалната миграција и да ја браниме Европа“, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека опозицијата се обидува да го користи прашањето за мигрантите за политичка кампања, но нагласи дека борбата против илегалната миграција е фундаментална политика на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави и нов проект „Безбедна држава“, инспириран од концептот „Безбеден град“, кој ќе овозможи мониторинг на македонските граници и ќе го спречи илегалниот влез, шверцот и трговијата со луѓе.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг