Connect with us

Балкан

Брутална тепачка меѓу средношколци од две белградски гимназии (Видео)

На социјалните мрежи е објавено видео од тепачка во Звездарска Шума. Се гледа како машките се удираат со тупаници, клоци, а девојчињата викаат по нив да не користат факели. Видеото за краток период видеото стана вирално, а се испостави дека станува збор за матуранти во Шестата и Седмата белградска гимназија.

Директорот на Шестата белградска гимназија, Радисав Милиќ и директорот на Седмата белградска гимназија Мирослав Маркиќевиќ кажаа што се случувало дента.

– Тој ден се беше убаво во училишниот двор, децата се однесуваа соодветно, се поздравија со учителите. После тоа сами се собраа во Звездарска шума, не знам која е причината за тепачката – рече Радисав Милиќ, директор на Шестата белградска гимназија.

За матурантите на Седмата белградска гимназија, директорот Мирослав Маркиќевиќ изјави дека нивните ученици биле љубезни додека биле во училишниот двор. Тој тврди дека не знае како се случил инцидентот во Звездарска Шума.

Бран насилства ја „тресат“ Србија, за што имаше и протести. Претходно, се случија два масакри, еден во училиште во Белград, а друг во Младеновац.

Балкан

Опасност од поплави во централна Грција: Жителите добија наредба за подготвеност и можни евакуации

Жителите на селото Иперија во регионот Лариса утрово добија официјално предупредување од грчките власти да се преселат во градот Фарсала поради сериозен ризик од излевање на реката Енипејас, објави „Катимерини“.

Цивилната заштита апелира до сите кои живеат во близина на речното корито да останат во состојба на целосна готовност. Истовремено, предупредувања за можна превентивна евакуација се издадени и во повеќе други населени места, меѓу кои Лефкија, Орфанаса, Ампелонас, Филос и Илиас.

Зголемените водостоји и опасноста од брзо и неконтролирано излевање на реката ја поттикнаа препораката жителите на Иперија навреме да се преместат во побезбедните делови на регионот. Властите ги повикуваат граѓаните внимателно да ги следат официјалните инструкции, да избегнуваат движење во близина на реката и да бидат подготвени за итна евакуација доколку ситуацијата дополнително се влоши.

Continue Reading

Балкан

Блокадите на грчките земјоделци им ги менуваат плановите на македонските туристи за продолжениот викенд

Илјадници граѓани од Македонија кои планираа продолжен викенд во Грција се соочија со сериозни пречки поради новиот бран блокади што ги поставија грчките земјоделци на неколку стратегиски патни правци и гранични премини. Најпогоден е преминот Богородица – Евзони, кој е затворен во двата правци до понатамошно известување, што значително го отежнува патувањето токму во период кога многумина се упатуваат кон Солун за шопинг, празнична атмосфера или краток одмор.

Земјоделците протестираат поради доцнење на европските субвенции, а нивниот штрајк ги блокира главните сообраќајни коридори. Патниците изминативе денови се принудени да чекаат со часови или да бараат алтернативни рути. Иако се пропуштаат само итни случаи и камиони со кварливи производи, редовниот сообраќај е целосно парализиран.

Според информациите што ги сподели туристичкиот сервис „Никана“, патот кон Солун е прооден, но делници на автопатот кон Верија и кон Атина и понатаму се блокирани. Дополнително, најавена е блокада и кај Неа Мудања, што може да создаде проблеми за патниците кон Халкидики.

Отворени остануваат граничните премини кај Дојран и Меџитлија, а грчката полиција повремено ги пренасочува возилата на критичните точки. Патниците се предупредуваат да ја проверуваат состојбата пред тргнување, да ги избегнуваат затворените делници и да планираат дополнително време за патување, бидејќи блокадите би можеле да траат и наредните денови.

Continue Reading

Балкан

Блокада на Евзони – сообраќајот целосно запрен поради штрајкот на грчките земјоделци

Сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони е целосно прекинат од 18 часот поради штрајкот на грчките земјоделци, кои поставиле блокада на грчката страна од границата.

Преминот е затворен за сите категории возила, а возачите кои се упатиле кон јужниот сосед се пренасочуваат кон други гранични премини. Од надлежните служби апелираат граѓаните да го избегнуваат овој правец додека трае блокадата, најавувајќи дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите промени во состојбата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг