Connect with us

Свет

Путин ги охрабри мешаните бракови во Руската Федерација: Како пример го посочи Александар Македонски!

Published

on

Цела Русија им е благодарна на учесниците во специјалната воена операција за нивната храброст и херојство и се надева на нив, изјави во петокот рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на Советот за меѓуетнички односи.

Сакам да кажам дека цела Русија ви е благодарна на вас и на вашите соборци за вашата храброст, за херојството и многу смета на вас. Се надеваме на вас“ изјави шефот на државата како одговор на зборовите на благодарност на борецот СВО кој учествуваше на состанокот на советот.

Одговарајќи на сугестијата на војникот дека на младите им требаат книги и филмови за големите херои, за интернационализмот и меѓуетничкото братство, претседателот рече дека во разговор со командантот на бригадата пред два дена, побарал да им пренесе зборови на благодарност на своите подредени, вклучително и на команданти на три баталјони . „Очигледно, тие се од мешани семејства, бидејќи имаат кавкаски презимиња или кавкаски имиња, руски патроними, кавкаски имиња – ова е огромна работа“, нагласи Путин.

Тој појасни дека Александар Македонски „откако го зазел Иран – стимулирал мешани бракови“. Стимулирал речиси вештачки, но кај нас се се случува природно, низ вековите“, нагласи шефот на државата.

Ова, на секојдневно, генетско ниво, создава огромна безбедносна перница и е основа на нашето меѓуетничко и меѓуверско единство. Ова е многу импресивно, би рекол“, резимира рускиот претседател.

Свет

Tрамп го праша Зеленски зошто не носи костум, еве што му одговори

Published

on

На денешната средба во Белата куќа,откако Трамп беше на крајот на живците откако Зеленски не го потпиша договорот за минералите, американскиот претседател го праша својот колега зошто не носи костум и оти тоа било непочитување.

Ќе носам костум откако ќе заврши војната. Можеби како вашиот или нешто поевтино, му врати Зеленски.

Continue Reading

Свет

Откриено што се случило на средбата помеѓу Зеленски и Трамп откако се “изгасиле камерите”

Published

on

Белата куќа соопшти дека прес-конференцијата на американскиот и украинскиот претседател Доналд Трамп и Владимир Зеленски е откажана.

Извор од Белата куќа потврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски предвреме ја напуштил Белата куќа. Информацијата доаѓа по жестоката расправија меѓу Трамп и Зеленски пред новинарите во Овалната соба.

Американскиот претседател Доналд Трамп напиша на социјалните мрежи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски може „да се врати кога ќе биде подготвен за мир“.

Претходно, пред да одат на состанокот зад затворени врати, следеше кавга пред камерите и новинарите во Овалната соба, бидејќи Трамп го обвини Зеленски дека е неблагодарен за американската помош и дека не сака да склучи мир со Русија.

-Неверојатно е она што произлегува од емоциите, и јас утврдив дека претседателот Зеленски не е подготвен за мир доколку Америка е вклучена, бидејќи тој чувствува дека нашата вклученост му дава голема предност во преговорите, напиша Трамп на „Truth Social“.

„Не сакам предност, сакам мир. Тој не ги почитуваше Соединетите Американски Држави во Овалната соба. Може да се врати кога ќе биде подготвен за мир“, додаде Трамп.

Continue Reading

Свет

НЕКА СЕ ВРАТИ КОГА ЌЕ БИДЕ СПРЕМЕН ЗА МИР! Трамп е бесен

Published

on

Трамп му порача на Зеленски „да направи договор или ќе излеземе“, игнорирајќи ги барањата на Зеленски за американски безбедносни гаранции за мир во Украина како дел од договорот. Зеленски набрзина го напушти западното крило на Белата куќа влегувајќи во црно теренско возило.

„Тој може да се врати кога ќе биде подготвен за мир“.

Вака објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа „Truth Social“ откако имаше тензичен состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски. На состанокот Зеленски размени нервозни изјави и обвинувања со Трамп и со потпретседателот на САД Џеј Ди Венс.

Зеленски набрзина го напушти западното крило на Белата куќа влегувајќи во црно теренско возило. Планираната прес-конференција со двајцата претседатели е откажана.

За време на состанокот на којшто требаше да биде потпишан договорот за користење на ретки минерални богатства на Украина, Трамп го обвини Зеленски дека се коцка со Третата светска војна и дека не е благодарен за досегашната американска помош во војната.

Трамп му порача на Зеленски „да направи договор или ќе излеземе“, игнорирајќи ги барањата на Зеленски за американски безбедносни гаранции за мир во Украина како дел од договорот.

Договорот за минерали не беше потпишан.

Зеленски сепак ќе даде интервју за „Фокс Њуз“ иако набрзина замина од Белата куќа, дознава Би-Би-Си.

По состанокот Трамп на својата социјална мрежа напиша:

„Денеска имавме многу значаен состанок во Белата куќа. Станаа јасни многу работи што никогаш не би можеле да бидат  сфатени да не летаа искри и да немаше притисок. Неверојатно е она што излегува на површината кога има емоции, и јас утврдив дека претседателот Зеленски не е подготвен за мир доколку Америка е вклучена, бидејќи тој чувствува дека нашата вклученост му дава голема предност во преговорите. Но, јас не сакам предност, сакам МИР. Тој не ги испочитува Соединетите Американски Држави во прочуената Овална канцеларија. (Зеленски) може да се врати кога ќе биде подготвен за мир“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк