Connect with us

Македонија

Груби глуми моден гуру – Се пофали со патики за кои граѓаните работат цел месец (Фото)

Артан Груби е човек без срам. Очигледно стандардот на облекување на Артан Груби порасна со потпишувањето на договорот за Коридорот 8 и 10, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Артан Груби глуми моден гуру и замислете, на очиглед на целата македонска јавност, се облекува во патики кои чинат дури колку една македонска плата. Артан Груби вчера, смеејќи и се на целата македонска јавност во лице се пофали со патики “Off-White” кои чинат над 450 евра.

Да потсетиме дека половина милион граѓани живеат со само 150 денари на ден и немаат леб да јадат, а Груби почна да се облекува во патики кои чинат повеќе од 27.000 денари. Нека се запраша дали тие граѓани на своите деца можат да им купат патики од над 27.000 денари.

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби по потписот на договорот за автопатите се пофали со патики за кои македонски граѓани работат цел месец

Груби е човек кој е познат по своето семејно брзорастечко мултимилионско богатство, стекнато под сомнителни околности.

Потсетете се само кој беше Артан Груби и дали носеше патики од над 450 евра пред да влезе во политиката, кога беше хулиган и погледнете го сега откако се потпиша договорот за Коридорот 8 и 10.

Очигледно Артан Груби како новопечен мултимилионер сака во стилот да биде новиот Еди Рама, но за жал од “Алиекспрес”, бидејќи сите знаат дека овој негов луксуз се должи на криминалот и корупцијата кои ги прави оваа Влада на ДУИ и СДСМ.

Ова е најкриминалната Влада со најголемиот потенцијал за одговорност, одговорност која ќе се брои во стотици години затвор заради сторениот очигледен криминал, стои во соопштението.

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг