Connect with us

Скопје

Притвор за скопјанецот кој ја претекнувал колоната, обдукција на загинатите во Лепенец

Published

on

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје прибира докази за тешката сообраќајна несреќа која се случи завчера на патот Скопје – Блаце, а во која загинаа три лица чии тела вчера попладне беа извадени од реката Лепенец.

-По извлекувањето на автомобилот „БМВ“ со косовски регистарски ознаки и трите тела на починатите патници од водите на реката Лепенец ќе биде издадена наредба за обдукција, а јавниот обвинител ги координира сите дејствија со цел обезбедување докази за расчистување на настанот, информираат од Јавното обвинителство.about:blank

Додека во целост не бидат испитани сите околности и не биде утврдена причината за сообраќајната несреќа, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје вчера достави предлог за определување краткотраен притвор во траење од 48 часа за лицето кое беше задржано по несреќата.

-Станува збор за 64-годишен жител на Скопје кој управувал со автомобил „Фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и кој во критичниот момент ја престигнувал колоната возила во која бил и косовскиот автомобил. Предлогот за определување краткотраен притвор е поднесен бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

На патот Скопје – Блаце завчера во автомобилот „БМВ“ со косовски таблици удрил „Фолксваген туран“ со скопски таблички, по што возилото паднало во реката Лепенец. Во него се возеле четири патници, членови на едно семејство, од кои 21-годишно момче е спасено и однесено во болницата „8 Септември“ во Скопје. (МИА)

Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела, ова се деталите

Published

on

СВР Скопје ги известува граѓаните дека 13.04.2025 (недела) со почеток во 10.00 часот, поради одржување на улична трка, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Трасата на движење ќе започне од бул.„Илинден“ пред фонтана Лотус (старт и цел) право долж бул.„Илинден“ до крстосница со бул.„8-ми Септември“ каде се врти полукружно назад по бул.„Илинден“ до целта фонтана Лотус, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.

Continue Reading

Скопје

Автомобил се судри со автобус во центарот на Скопје

Published

on

Попладнево се случила сообраќајна несреќа во близина на Градскиот трговски центар (ГТЦ), објави ТВ21.

Според првичните информации, автомобил удрил во автобус, при што е предизвикана материјална штета.

Засега нема информации за повредени лица. На местото на настанот излезени се екипи од полицијата кои вршат увид и го истражуваат случајот.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Кисела Вода ја предводи дигиталната зелена транзиција со „City and Me“

Published

on

Кисела Вода стана првата општина во Македонија што ја имплементира иновативната платформа „City and Me“ – паметна, еколошка и граѓански ориентирана апликација која има за цел да ја зајакне врската меѓу жителите и локалната самоуправа, преку дигитални алатки и награди за општествено одговорно однесување.

На официјалното лансирање, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски порача дека ова е почеток на нова ера во локалното управување и одржливото живеење. „Со оваа апликација, секој жител кој ќе избере да пешачи, да вози велосипед, да рециклира, да пријави проблем или да учествува во анкета, ќе добие симболичен токен кој може да се искористи за локални услуги, како кафе, билет за кино или садење дрвце со свое име“, изјави Ѓорѓиевски.

„City and Me“ веќе брои над 30.000 корисници низ Балканот, а од денес и граѓаните на Кисела Вода стануваат дел од оваа инклузивна заедница. Платформата овозможува директна комуникација со општината, дигитално гласање, предлагање и пријавување проблеми – чекори кон вистинска дигитална демократија.

„Секој мал чекор може да направи голема разлика. Преку оваа платформа, ги охрабруваме граѓаните да станат Зелени херои – да бидат двигатели на позитивни промени“, рече градоначалникот, нагласувајќи ја важноста од заедничко делување на институциите, бизнисите и граѓаните.

Во рамки на настанот, беше потпишана и Декларацијата за зелени промени, со која Кисела Вода се обврзува на проактивна еколошка политика и отворена соработка со сите чинители во заедницата.

Партнери во проектот се тимот на „City and Me“ и организацијата Startup Macedonia, која повеќе години работи на развој на младински иновации и претприемништво. Платформата е достапна на Android и iOS уреди.

„Верувам дека овој чекор ќе биде инспирација и за другите општини во државата. Заедно можеме да изградиме зелено, активно и дигитално општество“, заврши Ѓорѓиевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк