Connect with us

Македонија

ДЕРЕЊЕЕЕ! БАНКИТЕ ГИ ЗГОЛЕМИЈА ПРОВИЗИИТЕ 40% И ПОВЕЌЕ, А СИТЕ СИ ЌУТИМЕ. ДО КОГА?

Published

on

БАНКИТЕ ГИ ЗГОЛЕМИЈА ПРОВИЗИИТЕ 40% И ПОВЕЌЕ, А СИТЕ СИ ЌУТИМЕ. ДО КОГА? – пишува Венко Глигоров претприемач.

Пишував за тоа дека се зголемува бројот на фирми што не работат со платежни картички. Една од причините е и зголемените провизии на банките. Банките од година во година си ги зголемуваат провизиите и како никого да не го интересира сево ова. Профитите на банките се несразмерно поголеми во однос на профитабилноста на македонската економија, а нивната структура се менува во корист на провизиите.

Наместо да ја кредитираат македонската економија, банките некако се предодредија на „дерење“ на стопанствениците и граѓаните преку неиздржливо големи провизии за платниот промет. Ова посебно е изразено и отжнувачко за малиот бизнис.Ќе илустрирам во девизното работење бидејќи Македонија треба да го бара излезот во извозот. Потребни ни се голем број на извози на помали колични на производи затоа што немаме многу извозни гиганти што може да ја сменат големата разлика меѓу увозот и извозот.

? За плаќање во странство.Провизијата беше 600 и 800 денари – вкупно 1400 денари. Сега е 950 и 800 – вкупно 1750 денари. За првата провизија покачувањето е 41,7%, а за другиот износ покачувањето е 12,5%. Зашто е потребно покачување? Зошто е потребна воошто толкава провизија? Се запрашал некој?

? За прилив од странство.Провизијата беше 5 евра во валута и 500 денари за банката. Сега е 8 евра, а нема покачување кај 500 денари. Од 5 на 8, покачувањето е фрапантни 60%. Да се прашаме зошто 500 денари зема банката? Што тоа она особено прави при прилив од странство? Замислете, за секој прилив. Ако секојдневно продавам производи по 100 евра во странство, банката зема скоро 16 евра – значи производите на стопанствениците треба да се поскапи за 16 евра.

Примерите беа за илустрација кај една банка. Секоја банка има своја политика за провизии но кога ќе се земе, купчето пари што го земаат на годишно ниво од една фирма, горе долу е иста независно од банка, а сега зголемена со беобразно зголемени провизии, кои ионака не беа ниски.Власта, која е и да е, треба да ги ограничи приливите од провизии на банките и тие да бидат во некаков сооднос со пуштените пари во економијата. Банките треба да имаат стимул (или „стап“) за да не се улежуваат и дембелаат со провизии туку да засукаат ракави и да бидат поткрепа на бизнисот.

ПС Кога се правеше реформа на платниот промет во 2000та година, истиот се префли од ЗПП во банките. Идејата беше банките да имаат конкуренција меѓу себе и да понудат разни услуги во платниот промет. Наводно, тогашниот платен промет преку ЗПП не им беше добар на политичарите. 20 и кусур години после оваа реформа, банките имаат многу послаб платен промет од тогаш, а провизиите се многу поголеми.

Македонија

СИТЕ МОЛЧАТ КОГА ЧЛЕНКА НА ЕУ ГИ НАПАЃА МОЈОТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ – Мицкоски за двојните стандарди на ЕУ

Published

on

Mакедонскиот пат кон ЕУ „започна многу пред да започне евроинтеграцискиот процес на Албанија, дури и пред Хрватска, но за нас системот на заслуги е бајка, рече премиерот Христијан Мицкоски на денешниот настан во рамки на 61. Минхенска безбедносна конференција наменет за пристапот на Балканот кон Европската Унија.

-За нас бајката стана подвижна мета. Ние сме жртви на билатеризација или, да бидам попрецизен, нашето придвижување кон ЕУ е многу комплексно. Наместо да ја донесеме Европа до Балканот, ние го донесовме Балканот во Европа. За жал, има земји членки на ЕУ кои доаѓаат од Балканот кои донесоа билатерални спорови заедно со нив во Брисел, наместо бриселските вредности да ги донесат на Балканот, рекол премиерот Мицкоски.

Како што информира владината прес-служба, премиерот во обраќањето кажал дека промената на името не бил  единствен пример за мешање во внатрешните работи на суверена држава, туку и промената на знамето.

-Наш маркер е и останува да биде, да станеме дел од ЕУ, без сомнение. Слушам некои коментари тука дека имало говор во текот на првиот ден од американскиот заменик-претседател Венс и дека тој говор значел големо мешање во внатрешните работи. Промената на името, промената на знамето, промената на валутата, што се? Не се мешање во внатрешните работи. Колку долго треба да патиме од двојните стандарди? Ние тука не зборуваме за процес заснован на системот на заслуги, ние зборуваме за билатерални спорови кои не треба да имаат ништо заедничко со европските вредности, истакнал Мицкоски.

Претседателот на Владата посочил дека нашата држава има целосно усогласена надворешна и одбранбена политика со ЕУ и дека сме меѓу петте земји најголеми донатори на Украина по глава на жител, а исто така го исполнивме условот 2 отсто за одбранбени трошоци на годишно ниво.

-Ние сме целосно усогласени со барањата за надворешната и одбранбената политика. Морам да го истакнам ова прашање, кога Русија го напаѓа и го негира украинскиот идентитет, за што и претседателот Зеленски зборуваше вчера, ние сме сите гласни, критикуваме, се бориме за правата на украинскиот народ и против оваа невидена агресија, но кога парламент на една земја членка на ЕУ го напаѓа и го негира македонскиот идентитет и мојот македонски мајчин јазик, тогаш сите молчат, заклучил Мицкоски.

Во обраќањето тој порачал дека Европа нема да биде обединета без сите европски земји и дека „овој процес ќе трае додека сите аспиранти земји не станат дел од заедничката маса со останатите земји членки на Европската Унија“.

Continue Reading

Македонија

Демократското движење на Меџити се шири – формирана општинската организација во Сарај!

Published

on

Демократското движење продолжува со своето зајакнување, градејќи силна политичка алтернатива! Денес беше формирана Општинската организација во Сарај, уште еден значаен чекор во мисијата за промени и нова политичка енергија.

На настанот, кој привлече голем број поддржувачи и членови, за претседател на организацијата беше избран Мухамед Елмази, извршен директор на „Номагас“, докажан професионалец со визија и капацитет да го предводи движењето во оваа општина.

Демократското движење станува сè посилна политичка сила кај Албанците во Македонија, со јасна програма и тим посветен на транспарентно и праведно владеење. Партијата брзо ги проширува своите структури во сите населени места, покажувајќи дека е подготвена да донесе вистински промени.

Формирањето на организацијата во Сарај е уште еден показател дека Демократско движење гради моќна политичка алтернатива, подготвена да ја води државата кон подобра иднина.

Continue Reading

Македонија

„Ние сме гласот на Фросина“ – трет протест за правда во Скопје

Published

on

Голем број граѓани денес по трет пат излегоа на протест во Скопје, барајќи правда за Фросина Кулакова, која загина на пешачки премин, прегазена од возач без дозвола, кој бил под дејство на алкохол.

Протестот започна на булеварот „Партизански одреди“, каде 20-годишниот Васил Јованов, возејќи под дејство на алкохол и поминувајќи на црвено светло, ја усмрти Кулакова. Маршот продолжи кон Владата, Собранието и заврши пред Апелацискиот суд, каде демонстрантите носеа транспаренти со пораки како: „Ние сме гласот на Фросина“, „Валкани пари – смртни последици“ и „Доста со врски, време е за правда“.

На протестот учествуваше и семејството на Кулакова, како и роднини на други жртви од сообраќајни несреќи. Нивната порака беше јасна – системот мора да се промени.

„Протестираме за правда, но и за промена на системот. Не сакаме трагедијата на мојата сестра да се користи за политички поени“, изјави Росица Кулакова, сестра на починатата девојка.

Семејството ја повика Владата да ги сослуша нивните барања, а од пратениците побараа итни законски измени, со цел спречување на вакви трагедии во иднина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк