Connect with us

Македонија

И НА ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР МУ ПУКНА ФИЛМОТ: Каде се милијардите што ги дадовме!?

Холандскиот амбасадор во Скопје, Дирк Јан Коп, во емисијата „Дипломатија и бизнис“ на МРТ рече дека уставните измени се користат како изговор од македонските власти за неспроведување на реформите.

„Неопходните реформи можеа да бидат направени пред 10-15 години, а не беа направени. Неиздржано е да се зборува за евроскептицизмот од тој асепкт, дури е и навредливо, зашто после 20 до 30 годоини поддршка за да влезете во ЕУ, прашањето е каде се милијардите, каде се и што се случи со обуките што ги спроведувавме? Зошто сите нови правила и регулативи не се правилно имплементгирани? Дали е тоа прашање на менталитетот? Можеби се сеќавате, наши даночни обврзници ги платија вакцините за коронавирусот за Западен Балкан. Европската комисија пред неколку месеци даде дополни 200 милиони евра за Владата на Македпнкија поради високите цени на енергенсите и инфлацијата иако и нашите даночни обврзници беа соочени со истиот енергетски проблем и високите цени.

Слушам кога се вели дека повеќе пари даваме за Бугарија, Романија, Грција, а не за земјите од Западен Балкан… Па да одговорам вака: Дали вие треба џепарлак да давате за своите деца или и за децата на соседите и тоа во ист износ? Смешно е. А што се однесува до проблемот со третите земји, тоа не е изразен толку многу во вашата земја. Вистинскиот проблем е што луѓето немаат доверба во институциите. Таа доверба е десет пати помала во споредба со земјите од ЕУ. Луѓе се жалат на судовите, обвинителството, полицијата… Добиваме писма и мејлови. Па ние не сме слепи“, рече Коп.

Тој додаде дека за Холандија, кога станува збор за евроинтеграциите на Македонија, секогаш првенствено ќе се мери колку се спроведуваат реформите пред се. Неговата порака е остра критика до македонските власти дека не се фокусирани на рефомите.

„Целта треба да ви биде влез во ЕУ, а тоа може да се случи за неколку години кога ќе ги исполните условите. И, ако до тогаш не го смените Уставот, тогаш ќе мора секако да го смените за да се внесат сите промени во новата рамка на денот кога вашето знаме ќе биде поставено до нашето во Брисел“, додаде амбасадорот.

Македонија

Пресврт во случајот „Синџир“: „Ѓаволот“ се предаде, затворот заменет со домашен притвор поради загрозена безбедност

Првообвинетиот во мега-аферата за даночно затајување „Синџир“, Љупчо Пецов – познат како Ѓаволот, по долг период во бегство, од вчера е во рацете на правдата, но не зад решетки во Шутка, туку во својот дом.

Во ненадеен пресврт, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) се откажа од барањето за затворски притвор. Наместо тоа, обвинителството предложи, а Кривичниот суд прифати на Пецов да му биде одреден куќен притвор под строг 24-часовен полициски надзор.

„Судијата немаше избор – законот не му дозволува да одреди построга мерка од онаа што ја предлага самиот обвинител,“ појаснуваат од Кривичниот суд.

Обвинителството го оправда ваквиот „попуст“ со неколку клучни причини:

  • Влошено здравје: Пецов доставил медицинска документација за претходно болничко лекување и препораки за понатамошна терапија.

  • Безбедносен ризик: Обвинителите процениле дека неговата лична безбедност во истражниот затвор не може да биде гарантирана.

  • Сериозни влијанија: Постојат индиции за притисоци врз постапката и врз самиот обвинет.

  • Доброволно предавање: Пецов сам се појавил пред органите на прогонот и веднаш ги предал своите два пасоша.

Овој случај доби филмски пропорции по неодамнешното апсење на неговиот адвокат, поранешниот државен правобранител Фехми Стафа. Стафа „падна“ во полициска заседа под сомнение дека примил поткуп од 50.000 евра (од првично побараните 100.000) за да изврши притисок врз судии во Апелација за укинување на притворот на Пецов. Додека Стафа сега е во затворски притвор, неговиот клиент успеа да издејствува престој дома.

Случајот „Синџир“ е една од најобемните истраги за финансиски криминал во државата. Пецов е првообвинет во група од 26 лица и 28 компании кои, преку шема со фиктивни фактури и лажен ДДВ, се сомничат дека „испумпале“ 8 милиони евра од државниот буџет.

Иако Апелација претходно ја одби неговата милионска гаранција за слобода, неговото доброволно предавање и „кревкото здравје“ ги отворија вратите на неговиот дом, каде под будното око на полицијата ќе го чека продолжението на судскиот процес.

Continue Reading

Македонија

Само 15 од 3.690 автобуси во Македонија се електрични – јавниот транспорт останува далеку од еко-трансформација

Иако македонските патишта се преплавени со автобуси, квантитетот во овој случај не значи и квалитет. Најновите податоци на Евростат откриваат фасцинантен, но загрижувачки парадокс: додека Европа активно оди кон „зелена“ мобилност, македонскиот јавен превоз останува заглавен во облак од дизел чад.

Со 2 автобуси на секои 1.000 жители, Македонија со леснотија го престигнува просекот на Европската Унија (1,6). На хартија, нашата мрежа е погуста од онаа на многу европски метрополи. Сепак, од вкупно 3.690 регистрирани автобуси во 2024 година, дури 97,8% се движат на дизел.

Додека европските градови инвестираат во тивок и чист транспорт, во Македонија само симболични 15 возила (0,4%) се електрични – капка во морето на фосилните горива.

Интересен е податокот дека Македонија го обновува својот возен парк со двојно побрзо темпо од ЕУ. Минатата година биле регистрирани 379 нови автобуси, што претставува стапка на обнова од 10,2% (наспроти европските 5,1%).

Но, ние купуваме нови возила, но купуваме стари технологии. * Во ЕУ: Речиси секој петти нов автобус (17,8%) е со нулта емисија.

Речиси секој нов автобус е повторно – дизел.

Додека автобуската мрежа е натпросечно застапена, кај патничките автомобили сликата е обратна. Со 319 автомобили на 1.000 жители, Македонија сè уште е далеку под европскиот стандард од 578 возила. Ова сугерира дека граѓаните сепак се потпираат на јавниот превоз, што само ја зголемува итноста тој да биде модерен и еколошки.

Continue Reading

Македонија

Западен Балкан како еден: Муцунски јасно за иднината во ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, користејќи ја симболиката на виното како сврзно ткиво на регионот, испрати силна порака до европските партнери. Тој потенцираше дека иако евроинтеграцијата е технички процес, суштината е во регионалната кохезија.

„Ниту една држава не смее да остане изолиран остров. Иако системот е поставен така што не мора сите да влеземе во исто време, нашата крајна цел е таму да бидеме заедно“, дециден е Муцунски.

Тој повлече паралела со македонското грозје, кое често е „тајната состојка“ во регионалните вина, заклучувајќи дека кога работиме заедно, создаваме „вистински европски производ“ со кој сите се гордеат.

Новата еврокомесарка за проширување, Марта Кос, внесе нова енергија и емоција во дискусијата. Таа упати критички осврт кон бирократизацијата на процесот, нагласувајќи дека премногу се зборува за политика, а премалку за луѓето и културата кои го дефинираат Балканот.

„Понекогаш сакам да им кажам на земјите од регионот: не мора толку да ни се докажувате. Вие сте дел од нас. Она што го правиме сега е само формализирање на таа реалност“, порача Кос, ветувајќи дека ќе работи на зголемување на видливоста на Балканот меѓу членките на ЕУ.

Комесарката Кос го заврши своето обраќање со необично ветување кое веднаш стана метафора за нејзиниот мандат: по затворањето на преговорите со секоја земја, таа лично ќе го освои нивниот највисок планински врв. За Македонија – тоа е Кораб.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг