Кривичниот суд изрече пресудата за предметот „Софтвери“ во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, а кој се однесува за набавката на софтвер за контрола на сообраќајот во период кога со Генералниот секретаријат раководеше токму Рашковски.
Случајот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, а застапник на обвинението е обвинителката Ивана Трајчева.
Обвинетите се прогласени за виновни. Рашковски за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”, а лицата Ивица Димитровски, Игор Христов, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Ивановски и Маја Силјаноска се обвинети за „злоупотреба на службената положба и овластување”.
Драги Рашковски доби казна затвор 7 години и 1 год и 6 месеци за перење пари – вкупно треба да отслужи 8 години. Ивица Димитровски доби пет години затворска казна. Игор Христов пет и пол години, Даниел Станчев четири, Ирена Ивановска 3 и пол години и Игор Ивановски и Маја Силјановска по три години.
Дел од обвинетите, треба и да ја надоместат штетата на буџетот во износ од околу 11милиони денари. Судот изрече и забрана за децата на Рашковски да ги отуѓат имотите кои се на нивно име.
„Софтвери“ е предмет отворен по допрен глас од обвинителката Ивана Трајчева. Обвинението е за набавка на два софтвера и исплата на хонорари. Првиот софтвер е за сообраќајни прекршоци и биометриска идентификација, кој, според обвинителката, никој не ги користел, а Генералниот секретаријат со кој управуваше Рашковски ги набавил иако немал надлежност за тоа. Дополнително, обвинителката докажуваше дека тендерите биле наместени.
Вториот дел од обвинението е за хонорарите. Тој склучувал авторски договори со физички лица што не ги извршувале работните обврски, односно биле фиктивни. Според обвинението, тие подигнувале дел од парите и му ги враќале на Рашковски. Со тоа е направена штета на буџетот од 1.320.000 денари или во вкупен износ штета на буџетот за целиот случај, од над 18 милиони денари.
Судот утврдил дека дел од обвинетите имале префрлање пари меѓу себе и тоа поголеми суми во неколку наврати. Префрлување пари за купување автомобил и мотор, но и префрлување пари како позајмици.И фирми префрлувале пари на обвинетите по основ на позајмици на физичко лице еден пример е префрлувањето кон Ирена Ивановска, пари кои таа потоа префрлила кон Даниел Станчев. а фирмата и „Тоникс“ префрлила пари и на Маја Силјановска, над 2 милиони денари, кои таа ги подигнала од сметката Сето ова за судот е доказ дека сите обвинети комуницирале меѓу себе и си префрлувале пари помеѓу себе.
И електронската комуникација помеѓу обвинетите се поклопува со неспорните факти и докази и докажуваат комуникација на обвинетите меѓу себе во која се гледа дека разговарале и за спорниот тендер. Дека си разменувале телефони од инволвираните фирми и договарале средби со нив. како и правеле договор да задржат дел од парите за хонорари за себе, а дел да му ги дадат на Рашковски, и според судот тој се товари и за перење пари, односно пуштил во оптек 680 000 денари кој не потекнуваат од легални извори туку од злоупотреба на службената положба.
Според обвинението, првообвинетиот Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.
А1 он