Connect with us

Балкан

Трагедија во Албанија, се удавија татко и два сина

Published

on

Семејство од Тирана остана без тројца свои членови, кои се удавија кај познатата плажа Виле-Боштово, кај Каваја, Албанија.

Лицето идентификувано како Елвис Халилај на 50-годишна возраст и неговите двајца малолетни синови на 13 и 15 години се удавиле додека пливале во морето. Тројцата починале од силните морски струи.

Поморските служби веднаш интервенирале за да ги спасат, но без успех. Помош се обиделе да дадат и затекнатите капачи на плажата, но и тоа било безуспешно.

Телата се предадени на обдукција.

Балкан

Погребан Саша Поповиќ – го испратија со тамбураши и песната “Нека спава”

Published

on

Основачот и директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ, е погребан денеска, на Бежанијските гробишта во Белград.

Тој е погребан во семејната гробница, а сопругата Сузана цело време стоеше покрај гробот, објави Телеграф.

Пред да биде погребан, човек близок до семејството одржа емотивен говор во негова чест.

По неговиот говор сите присутни го поздравија со аплауз, по што тој продолжи да свири.

Саша Поповиќ е испратен во вечното почивалиште со тамбураши и емотивната песна „Нека спава“.

По завршувањето на погребот, еден од свештениците кажал неколку зборови за Саша Поповиќ, поради што Сузана цело време плачела.

– Секој човек е апсолутно вредна личност и секој човек живее на единствен, уникатен начин, а како поединец ги собира сите пријателства, врски, сѐ што допрел и видел. Затоа, во смртта на секој човек умира цел свет, неповторлив начин на гледање на светот.

Continue Reading

Балкан

Општа тепачка меѓу припадници на безбедносните сили и граѓаните пред Собранието на Србија

Published

on

Седницата на Градското собрание во Србија заврши, но атмосферата остана напната. Однадвор, демонстрантите фрлаа јајца и ја бојадисуваа фасадата на Собранието, додека се случуваше напад врз обезбедувањето и новинарите. Во ситуацијата интервенираше и полициската бригада.

Советниците на градското собрание на Белград денеска усвоија 42 предлози, решенија и одлуки, иако работата на седницата постојано беше прекинувана од страна на опозициските советници.

Меѓу усвоените точки се наоѓа и буџетот за градските јавни комунални претпријатија, како Градска чистота, Водовод и канализација Белград, Ада Циганлија, Инфостан Технолоџис, „Белградско метро и воз“ и Белградска тврдина.

Советниците исто така усвоија предлог за финансиска поддршка за набавка на нови возила за јавниот превоз, како и предлогот за правилата на меѓународниот филмски фестивал ФЕСТ.

Дополнително, усвоен е предлогот за деталната регулација и план на дел од економската зона Баташево во општина Младеновац, како и одлуката за измена на статутот на Јавното комунално претпријатие за јавни гаражи и паркинзи „Паркинг сервис“ Белград.

Советниците донесоа и одлука за изменување и дополнување на статутот на ПУК „Беградска електрона“.

Continue Reading

Балкан

Албанија прва во светот по зголемување на бројот на туристи

Published

on

Светскиот туристички барометар покажува дека класичните дестинации за летен одмор како Шпанија, Грција и Турција привлекуваат најмногу туристи, но кога станува збор за највисок процентуален раст на туристи во последните пет години, преовладуваат други дестинации, а Албанија е на прво место.

Информацијата преку социјалните мрежи ја сподели премиерот Еди Рама, објавувајќи ја табелата и најавувајќи понатамошно зголемување на бројот на туристите.

„Албанија го зазема првото место во светот како дестинација со најголем пораст на бројот на туристи во 2024 година, развој незамислив пред неколку години.

По рекордната година за туризам, кога Албанија ја посетија над 10,7 милиони туристи, целта за 2025 година е уште поамбициозна, 12 милиони посетители, пишува Рама.

Албанија доживеа значителен раст на туризмот во последните години.

Според бројките, земјата пречекала 7,5 милиони туристи во 2022 година, а следната тој број бележи зголемување за околу 30 отсто, односно 10,1 милиони.

Оваа бројка го покажува континуираниот раст на интересот за земјата како туристичка дестинација, благодарение на инвестициите во инфраструктурата, промоцијата на Албанија во странство и зголемувањето на авиокомпаниите и тур-операторите, кои ја додадоа во нивните програми за патување.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк