Connect with us

Европа

Семејство од Минхен бара дадилка

Published

on

Европа

Основачот на „The Pirate Bay“ загинал во авионска несреќа во Словенија

Published

on

Станува збор за познатиот шведски бизнисмен и политичар Карл Лундструм (65), кој во својата татковина важеше за „легенда“.

Шведскиот државјанин кој во понеделникот загина во авионска несреќа кај Велика Планина е бизнисменот и поранешен политичар Карл Улф Стур Лундстром, познат во светот како основач на The Pirate Bay, сајт кој долги години е еден од најпопуларните пиратски сајтови во светот.

Информацијата вчера ја објави шведскиот весник Експресен, а веста на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер, ја потврди и екстремно десничарската политичка партија Алтернатива за Шведска. Лундстром се кандидираше на листата на оваа партија на изборите за Генералниот синод на црквата на Шведска во 2021 година.

Лундстром (роден 1960 г.) беше член на едно од најбогатите шведски семејства, во чија сопственост е компанијата Васаброд, најголемиот шведски производител на крцкави лебови.

Во 1982 година го купил швајцарскиот фармацевтски гигант Сандоз. Лундстром парите ги вложил во нови деловни проекти и политички активности.

За потсетување, малиот авион Mooney Ovation M20R исчезна во областа Велика Планина во понеделникот околу 9 часот по полетувањето од близина на Загреб.

Се верува дека почнал да паѓа од височина од 2,5 километри. Спасувачите пронашле делови од леталото што се урнало во колиба нешто по 12:30 часот.

Како што јави репортерот на 24ur.com од местото на настанот, делови од авионот со големина од неколку сантиметри, дрвени остатоци и остатоци од колибата биле расфрлани во радиус од 50 метри. Полициски хеликоптер ја прелетал областа каде што се наоѓаат остатоците од авионот.

Пожарникарите од Противпожарната служба Камнишка Бистрица соопштија дека колибата во која удрил авионот е преполовена, а внатре биле пронајдени крилото и тркалото на авионот.

Вчера медиумите објавија дека е пронајдено тело, а подоцна било потврдено дека се работи за шведскиот бизнисмен.

Continue Reading

Европа

ЕВРОПЈАНИТЕ ТРЕБА ДА ОДАТ ВО ВОЈСКА, но малкумина млади од нив се согласни со тоа

Published

on

Европа се милитаризира, воената индустрија станува најважна додека цивилната е во криза. Постојаното повторување дека Русија со 140 милиони жители сака да ја освои Европа кој има над 380 милиони жители создава клима на страв а во таа атмосфера многу идеи за понатамошна милитаризација стасуваат до јавноста. 

Војните од секогш биле пред се економска категорија во кои едни, повласстени и малубројни, профитираат а мнозинството тоа го плаќа на најбрутален начин. И политиката на оние кои носат одлуки, кога таа е воено настроена, се повикува на намалување на основните граѓански права, контрола врз информациите, економијата и слободата на говор н граѓаните.

Претседателот на Летонија, Едгарс Ринкевичс денеска изјави дека европските земји мора да воведат задолжителен воен рок, како и да ги зголемат трошоците за одбрана.

„Европските земји апсолутно мора да воведат задолжителен воен рок. Европа во воена смисла е прилично слаба“, рече Ринкевич во интервју за Скај њуз.

Како што наведе, европските земји треба да ги зголемат трошоците за одбрана, имајќи ги предвид „подемите и падовите“ во односите со САД. Летонија воведе задолжителен воен рок за мажи во 2023 година.

За оваа година одреди буџет за одбрана од 1,55 милијарди евра, што е 3,45 отсто од бруто домашниот производ.

„Гледајќи што се случува во светот, донесовме одлука што треба да ја следат и многу други европски земји“, оцени Ринкевичс.

Според него, САД се во право што бараат да се распределат повеќе средства за одбрана меѓу земјите-членки на НАТО.

„Јасно ни е дека немаме воени капацитети, но исто така ни е јасно дека треба да ги надградиме.

Мојот предлог е дека треба да се концентрираме на нашата задача да ги зголемиме трошоците за одбрана, иако забележуваме разлики со САД во однос на пристапот кон Украина“, рече летонскиот претседател.

Задолжителниот воен рок, во различни форми, моментално се практикува во девет од 27 држави во Европската унија: Кипар, Грција, Австрија, Литванија, Латвија, Естонија, Финска, Шведска и Данска. Најголем број од оние со задолжителен воен рок има во северна Европа, меѓу земјите кои граничат или се во непосредна близина на Русија. 

По долги дискусии, конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) на својата партиска конвенција претходно оваа недела гласаше да се заложи за постепено враќање на задолжителната воена служба во Германија. 

Доколу успеат тоа да го спроведат, младите повторно би морале да се приклучат на војската одреден временски период или да го служат тој мандат во државна служба. Таа обврска беше укината во 2011. „Постепено ќе ја укинеме суспензијата на воениот рок и ќе ја претвориме задолжителната воена служба во задолжителна година на општествено корисна работа“, се наведува во резолуцијата на ЦДУ.

Анкетата на државниот медиум Дојче веле (ДВ) покажува дека 52 отсто од Германците го поддржуваат задолжителниот рок, додека 32 отсто се против. Меѓутоа, колку се постари испитаниците, толку пожестоки се во поддршката на воената служба. 

Кај младите нема мнозинска потврда за задолжително служење воен рок.

Младите на улиците на Берлин во анкета на ДВ даваат различни одговори: „Мислам дека секој треба да стане војник од 18 години па наваму, бидејќи во моментов имаме многу малку војници овде“, вели еден млад човек.

Друг вели дека е лудо луѓето да се приклучуваат на војската за подоцна да се убиваат меѓусебно во војни организирани од некој од удобноста на канцеларијата. „Можеби треба повторно да воведеме лични дуели? „Нека (оние во канцелариите) се убиваат, а останатите луѓе нека живеат слободно“, вели тој за ДВ.

Continue Reading

Европа

Од 1 април нови правила за влез во Британија – Дали ви треба виза или само дозвола?

Published

on

Британската влада објави список на земји чии граѓани по април ќе можат да аплицираат за електронска дозвола за патување (ЕТА), и на земји чии граѓани не треба да вадат такви дозволи.

Велика Британија од 1 април воведува нов систем на електронски дозволи за патување EТА кој ќе важи за патниците кои патуваат во земјата без виза и за оние на кои не им е потребна виза.

Електронската дозвола за патување (ЕТА) се добива онлајн за период од 3 дена и чини 10 фунти. Вакви дозволи треба да добијат и децата и доенчињата кои патуваат во Велика Британија.

Според правилата, патниците кои ќе ја добијат електронската дозвола за патување можат да останат на островот до 6 месеци како туристи или, во посета на семејството и пријателите, за бизнис или краткорочни студии, за деловно работење или на краткорочни обуки. На тие кои патуваат во Велика Бритнија преку Програмата за креативни работници им е дозволено да останат најмногу 3 месеци.

Оние кои ја користат ЕТА исто така можат да транзитираат низ аеродромите или да влезат за овластен платен ангажман, но има и ограничувања за тие кои ќе ја добијат дозволата.

Не смеат да работат за британска компанија или како самовработени лица, освен ако не се занимаваат со овластена платена дејност. Лицата кои поседуваат ЕТА дозвола за патување во Велика Британија не можат да користат ниту социјалните бенефиции или да останат да живеат. Исто така не можат да се венчаат ниту да склучат граѓанско партнерство.

Кој ќе доби дозвола за патување или му е потребна виза одредува британската влада според националноста и датумот на кој се патува.

Британската влада објави список на земји чии националности треба да аплицираат за дозвола за патување на или по 2 април годинава како и список на земји чии граѓани нема потреба да аплицираат за дозвола за влез.

Граѓаните на земјите кои не се на списоците треба да извадат виза, ако сакаат да патуваат во Велика Британија. Меѓу нив се и државјаните на Македонија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк