Connect with us

Балкан

Србија им дава на младите по 10.000 евра и 1.2 милиони динари за да почнат живот на село

Published

on

Досега Република Србија даде субвенции со кои се изградија  над  2.000 куќи во селата низ државата . Во меѓувреме, државата одлучи на сите оние  кои земаа субвенции,  да аплицираат за дополнителна помош, од 1.200.000 динари, за започнување бизнис во околината.

Државата дава околу 10.000 евра за купување на селска куќа и уште 1,2 милиони динари за започнување бизнис. Условите за аплицирање се јасни, а податоците покажуваат дека меѓу апликантите досега имало многу млади луѓе.

Министерот Милан Кркобабиќ истакна дека е исклучително важно основната карактеристика на паровите или поединците кои аплицирале за селска куќа е тие да бидат на возраст под 30 години.

Балкан

Сопственик на пекара во Нови Пазар гради зграда за самохрани мајки, купил и подароци за повеќе од 500 деца (ВИДЕО)

Published

on

Сопственикот на пекарницата „Клас“ во Нови Пазар, Сеад Бихорац, познат е по своите хумани дела.

Освен што со години им дели бесплатен леб на оние кои не можат да си го дозволат, и за време на Рамазан им нуди бесплатни топли пити за ифтар за сите кои тоа го потребуваат, во ноември 2024 година започна со изградба на зграда со шест станови кои ќе им ги подари на самохрани мајки и нивните деца, како што пренесуваат локалните медиуми.

Региониалните медиуми веќе пишувале за неговите хумани активности, а овој Рамазан Сеад Бихорац направи уште еден гест на добрина.

Тој организираше акција за делење на пакетчиња со подароци за 500 деца од Нови Пазар и околината, што беше претставено на порталот „Санџак данас“. На видеото од акцијата може да се види искрена радост на децата.

Погледнете го видеото:

Continue Reading

Балкан

Катастрофално невреме во Грција – Парос и Миконос под вода!

Published

on

Училиштата на грчките острови Парос, Миконос, Сими, Кос и Родос денеска се превентивно затворени поради невремето што од вчера ја зафати Грција, а на Парос и Миконос предизвика материјална штета, каде што вчера од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки до жителите и посетителите на двата острови дека е забранет сообраќајот на сите возила, со исклучок на оние за итни случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

По силниот и обилен дожд и невремето што вчера попладне ги зафати Кикладските острови во Егејското море и предизвика поплави и проблеми и најпогодени беа Парос и Миконос, каде што улиците се претворија во реки и водата повлече паркирани автомобили, утрово ситуацијата е подобрена, но се пребројуваат штетите.

Градоначалникот на Парос Костас Бизас утрово за грчката телевизија ЕРТ рече дека најголемиот проблем на островот бил вчера од 15 до 19 часот и најпогоден е градот Науса, објасни дека од невремето околу 39 автомобили претрпеле штети, а штети има на патната мрежа, со што, како што истакна е опасна за сообраќај на возила.

Дополнително посочи дека досега немаат видено толку обилен дожд на островот, а нагласи дека за среќа немаше повредени граѓани.

Во текот на вчерашниот ден поради обилни врнежи од дожд на Парос и Миконос, Противпожарната служба на Грција примила вкупно 160 повици за помош, а интервенирале за 13 лица да бидат пренесени на безбедни места на Парос.

Противпожарните сили на Миконос, биле зајакнати со двајца пожарникари со едно возило кои пристигнале од островот Тинос и четворица пожарникари со две возила од Андрос, додека на Парос пристигнале шест пожарникари со три возила од соседниот остров Наксос.

Вчера, хеликоптер од Атина со осум пожарникари се упати кон Парос за доколу е потребна дополнителна помош, меѓутоа поради невремето и опасните временски услови не успеа да стигне и се врати во грчката метропола.

Доцна синоќа од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите на островите Хиос, Самос и Икариа дека до рано утрово се очекуваат интензивни временски појави, им препорачаа на бидете внимателни во движењата и да ги следат упатствата на надлежните, а во текот на вчерашниот ден иста порака добија сите оние кои се на Кикладските острови.

Порака од 112 за забрана за сообраќај на возила, беше испратена до жителите и посетителите на Парос и Миконос

Continue Reading

Балкан

ДОЈАВА ЗА БОМБА ВО УЧИЛИШТЕ

Published

on

Дојавата за поставената бомба пристигнало на електронската пошта на училиштето „Гаврило Принцип“, а учениците се безбедно евакуирани надвор од зградата.

Дојава за поставена бомба е испратена утрово во основно училиште во белградската општина Земун, јави МИА од Белград, Србија.

Дојавата за поставената бомба пристигнало на електронската пошта на училиштето „Гаврило Принцип“, а учениците се безбедно евакуирани надвор од зградата.

Во тек е полициска проверка.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк