Connect with us

Инфо +

Од утре почнува исплатата на октомврсиските пензии

Oд утре 27.10 .2020 година, почнува етапната исплата на октомвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

– Во вторник, на 27.10.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
– Во среда , на 28.10.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
– Во четврток , на 29.10.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
– Во петок , на 30.10. 2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од вторник 28октомври . Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Потсетуваме на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Advertisement

Свет

Русија тврди дека го презела Северск, најавени нови офанзиви во Донбас

Рускиот претседател Владимир Путин заедно со началникот на Генералштабот Валериј Герасимов денеска објавија дека руските сили го зазеле источниот украински град Северск, пренесе ДПА. Според Путин, ова отвора можност за „успешни напади во други правци“ во регионот Донбас.

Украинските власти засега официјално не ги коментираа информациите.

Руската армија наведе дека следна цел ќе биде Славјанск, град кој пред почетокот на војната во 2022 година имал над 100.000 жители. Путин ја пофали „динамиката“ на фронтот и ги поздрави војниците, оценувајќи дека „стратешката иницијатива е целосно во рацете на руската војска“.

Тој повтори дека заземањето на регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје „напредува“, без да се осврне на тековните мировни разговори или планот на американскиот претседател Доналд Трамп. Иако претходно ги нарече предлозите на Трамп „основа за разговори“, Путин истакна дека Русија може да ги постигне своите цели на бојното поле доколку Киев ги одбие условите на Москва.

Рускиот лидер повтори дека Москва бара Украина да го предаде целиот Донбас во замена за прекин на огнот – услов што Киев категорично го отфрла.

Москва во септември 2022 година соопшти дека го анектира Донбас и го внесе во рускиот устав, иако сè уште нема целосна контрола врз регионот.

Continue Reading

Свет

Литванија драстично ги зголемува воените трошоци: над 5% од БДП за одбрана во 2026 година

Литванија го усвои државниот буџет за 2026 година, кој донесува рекордно зголемување на средствата за одбрана, мотивирано од продолжениот воен конфликт во Украина и растечките безбедносни закани во регионот.

Според планираните проекции, одбранбениот буџет следната година ќе достигне 5,38 проценти од БДП – највисоко ниво од закрепнувањето на независноста од Советскиот Сојуз. Во апсолутни бројки, тоа значи дека државата ќе издвојува 4,79 милијарди евра, што е зголемување од 43 проценти во однос на 2025 година, соопшти Министерството за одбрана.

Со оваа финансиска рамка, Литванија влегува во групата земји од НАТО кои најмногу вложуваат во одбраната во однос на својот национален доход. Најголем дел од средствата ќе бидат наменети за модернизација на вооружените сили, набавка на нови напредни системи, јакнење на воздушната одбрана и проширување на воената инфраструктура.

Клучен приоритет останува распоредувањето на германската Оклопна бригада 45, која треба да биде трајно стационирана во Литванија до 2027 година, како дел од засиленото присуство на НАТО на источниот фронт. Германија во моментов активно ја формира и опремува единицата.

Литванија, која се граничи со руската ексклава Калининград и со Белорусија, долго време укажува дека руско-украинскиот конфликт претставува директна закана за нејзината национална безбедност. Како последица, државата ги засилува одбранбените капацитети и ја јакне борбената подготвеност согласно новите безбедносни околности во регионот.

Continue Reading

Балкан

Вонредна состојба во Србија: Илјадници жители без струја

Во раните утрински часови во местото Пријановиќи, во близина на Пожега, избувна пожар во трансформаторска станица која го снабдува поголемиот дел од општината со електрична енергија. Околу 9 часот, целото подрачје остана без струја, предизвикувајќи сериозни потешкотии во домаќинствата, институциите и локалните служби.

Жителите сведочат дека, покрај прекинот на струја, се појавиле и други проблеми – интернетот е во прекин, а мобилниот сигнал постојано исчезнува.

„Сè престана да работи во ист момент. Телефоните фаќаат сигнал па го губат, интернет нема. Се надеваме дека дефектот ќе се реши што е можно побрзо“, изјавил еден жител на Пожега за РИНА.

Екипите на ЕПС веднаш излегоа на терен и започнаа со санирање на трансформаторската станица, како и со напори за постепено враќање на електричната енергија. Прв приоритет е снабдувањето во централниот дел на општината, а потоа и во останатите населени места кои се уште се во целосен мрак.

Според првичните процени, нормализацијата на мрежата би можела да потрае неколку часа, а надлежните служби апелираат до граѓаните да останат трпеливи додека дефектот не биде целосно отстранет.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг